Вчера ден 26 терав ко што треба појадокот и ручекот преку сила вкупно ми беа 600 калории али затоа вечерта у кафана не сакам ни да знам. Мислам дека не претерав многу, каснав од се по малку. Можеби десертот требаше да го прескокнам ама пусти пмс. Нема врска идеме даље. Ден 27 П: омлет Р: стек со мноогу салата В: туна салата Плус вежбање, вода вода вода и се така по ред. Утре цел ден фастинг како што се договоривме. Ако издржам утре само со течности ќе се потрудам да ми стане традиција секоја недела така.
Нели се договоривме повремени грешки се во ред, за да истраеме до крај ! Таман малку да го збуниш организмот. Ти сепак од сите нас чинам најмалку јадеш, сигурно и имаш резултати. Само продолжи, тука сме да се бодриме !
Вчера убаво помина денот. Доручекот ми е скоро секогаш јајца на различен начин приготвени. Незнам периодот тоа највеќе ми се јаде И денес 2 јајца, 2 парчиња сланинка и парче леб со салата. Ужина јаболко или манго. Ручек чисто свинско месо со шопска планирам. Овој месец помина така, наредниот се надевам ќе биде подобар. Битно да одам напред и да не се откажам. Убав викенд луѓе.
Во право си, а за резултати има и тоа очигледни, веќе добив коментар од типот “еј си се истенчила во струкот” Тоа ми е најголемата мотовација за да стигнам до целта 75кг. Тоа е првиот checkpoint, a за понатаму ќе видиме. Тетка вага ќе ја посетиме на 30ти ден според договорот а до сега мислам имам погоре пишано негде дека засега сум 4кг помалку. Таман за фустанчето за нова година тип топ да стои.
32 den Kako letat denovive.. mislev den, dva nemam pisano.. ono od vtornikot. Sabajle banana Rucek pleskavica i lekja. Marula salata. Vecera varena carevka..
Ја читав денес темава и официјално од утре ви се придружувам. Обично го следам она "од понеделник" ама изглеа некој малер ме прати 15 години со тој понеделник и никако да го фатам со ред. Идеме, од недела .
Ден 28 Денес требаше да е воден ден, али за разлика од минатиот, овој не го издржувам така лесно. Се мислам дали да го прекршам и да го одложам за некој друг ден..
Две недели вагата се нема поместено. Јес дека не пазев многу, ама и не е дека јадев којзнае колку. На пример вчера: П: кафе лате, потпечено лепче со кашкавал и салама, 2 јајца, јогурт Р: костени В: потпечено лепче со кашкавал и салама, пола мафин со банана без шеќер. Тоа што ми фалеше во исхраната во последните две недели се салати. Тие се најдобри за слабеење, а зимските салати ич не ги сакам. Оваа недела ќе биде малку порестриктивно. Денес во план е: П: лате, мусли со јогурт и банана Р: Салата В: Риба. Мора да има резултати оваа недела.
Вчера поминав онака, јадев еднаш зашто не можев да издржам. Ден 29 П: омлет Р: плескавица со салата В: пак ќе е салата Исто како @Ariel, оваа недела порестриктивно, со последни сили да ја завршиме годинава како што треба. Мерење утре.
@GlowGirl Убаво си направила, не е зор па до толку да се гладува и да ти е лошо. Инаку и мојата првична цел е 75 кг, па здравје ке видиме. Денес доручек стандард. Јајца,к.млеко,сланинка,салата и леб. Ужина јаболко и 2-3 лешника. Ручек сварив 2 помали компири и ги направив салата со кромид и половина туна од големите, со салата свежа плус.
Ден 30 Се измерив во најдобри можни услови, рано штом станав итн.. Значи конечен одговор -5кг.. Искрено знам дека не е баш толку малку колку што мене ми изгледа, ама некако се разочарав, очекував повеќе. Како и да е, знам дека е најздравата варијанта 3-4 кг месечно, така да ако ништо друго со тоа ќе се тешам. Последниот пат кога се обидов да изгубам 5кг качив 8 и затоа нема да бидам неблагодарна и ќе се задоволам и со овие 5. Почнав со 86 сега имам 81, значи сум на пола пат до замислените 75, и тоа не е малку. За новогодишниов период ќе гледам да не се опуштам многу, ама и нема да седам во кафана само со зелка салата. Постпразнично продолжуваме уште построго, тогаш нема да има искушенија. П: омлет Р: стек со ориз В: салата
Резултатот и те како ти е одличен @GlowGirl . Здраво слабеење е најдобро. Сепак за краток период не ги имаме ставено овие килограми. Сега тебе ти го зборувам ова, бидејќи јас бев во заблуда мислам до скоро време. Држев разни диети без грешки со малку јадење и да имав резултат со по минус 15кг за месец ипол. Но, потоа знаеш што следуваше? Јадење како никогаш да немам видено и многу бргу се враќаа килограмите со по плус уште некој. Сега многу подруго се чувствувам. Си терам вака, кога има некој роденден или убав повод си јадам и јас. А, не како порано само вода сум пиела на полна маса јадење. Се распишав, а никој ништо не ме праша. Доручек пак исто како вчера, само сега се заедно испржено Ужина јаболко Ручек ќе правам пржено со праз и месо со многу салата. Здравје за Нг пак ќе се честам, а може да испадне и за 1ви. Потоа пак по старо со поголеми сили !
Helloo devojki Denes na meni Pojadok na rabota od vincini od malite cokoladca Rucek kutlac grav i 1 parce stek Vecera isto taka.
П: мусли со јогурт и банана, лате Р: телешка чорба В: спанаќ со ориз и павлака Пак без салата. Е сега, не е денот завршен. Дома се вртат палачинки, ќе се излегува... искушенија колку сакаш.
Ден 31 До нова година строго за да може вечерта да се опуштиме. Вчера не ни вечерав, апетитот значително намален, поминувам и со оризова галета до две чисто колку да врти нешто желудников. Само дел од навикиве ако ми останат трајни ќе ми биде загарантиран успех во иднина. На денешното мени: П: омлет Р: нудли В: некоја убава салатка, може туна со марула. Кај другите како иде?
Вчера вечер непланирано отидовме на гости и вино, вино, вино... Од јадење ништо не јадев, не бев гладна си имав ручано дома. Така да немав кризи или лигавење на маса. Инаку 2 ден како ми дојде, се чувствувам многу издувано и неспособно за вежбање. Некако ич не се поднесувам во овие денови и така. Доручек исто како вчера. Ужина јаболко Ручек ќе пржам стек со шопска салата и можеби супа или к.млеко, нешто од тие две работи ке биде. @Srckata28 Кај е, како се држи ?
Искрено, никогаш подобро. Многу пати сум зборувала за мојот пристап кон исхраната, како не сакам рестрикција и во последно време навистина се држам на тоа. Многу се чувствувам слободно. Почнувам полесно да препознавам кога сум заситена и до тој момент јадам и кога навистина посакувам нешто. Му кажав на мозочево дека кога ни се јаде чоколада ќе јадеме чоколада и замислете, не сакам чоколада секој ден. Се уште бројам калории (кои се движат 1400-1500) и ќе продолжам да бројам, па ќе видиме дали ќе има резултати. Затоа и не пишувам многу, не знам дали ќе има резултати, а ако има дефинитивно ќе ви пишувам почесто. Плус жал ме фаќа кога ќе видам што некои јадат, а како јас се хранам. Денешно мени: Појадок: 2 јајца, половина р'жано лепче намачкано со павлака, 2 парчиња суви врат. Ручек: банана, јаболко Вечера: свинско месо со салата, можеби печени компири Сабајле на гладно вежбав 30 мин. тежински тренинг, вечер кардио затоа што немав време сабајле, а ми беше во план. Од утре почнувам со 40 минутни тежински вежби и малце построго со вежбање, вежбам секој ден ама сепак сум мрза, се по 30-40 минути, а сакам 45-60.
Веќе околу еден месец како внимавам и вежбам. Најголем успех ми е тоа што не јадам благо, а веќе немам ни потреба. Резултатот е -3кг, симнати во текот на втората недела. Повеќе од две недели вагата нема мрднато. Мислев дека полесно ќе оди, без разлика што имав доста престапи. Продолжуваме понатаму: П: лате, 2 јајца, пола парче леб, јогурт Р: салата В: грав со колбаси, 1 јајце, цвекло, какао