Порано и јас бев многу строга со себе, па се измачував. Измачување е и кога јадев многу малку, а исто така и кога се прејадував секој ден Сега и јас одам со друга варијанта, поопуштено и навистина сакам да створам навика за подолг период, се друго е вртење во круг. Вчера за ручек требаш стек и го зготвив, ама маж ми донесе сарма. Ни го испратила една женичка, па јадев 3 сарми ,шопска салата и еден тањир супа. Денес Доручекот ми се готви. Р'жани макарони со моцарела и лут сос. Веќе некое време ги мислам, ги имав купено ама дека калорични и ги избегнубав се' до сега. Ужина јаболко Ручек стекот од вчера ме чека и салата. Убав ден на сите и запомнете едно кило во минус е подобро отколку едно во плус Полека, но сигурно.
Ден 32 П: омлет Р: мимоза салата В: ресани едно пакетче, зависи што фирма се, околу 150kcal, воопшто не е страшно.
Хај, хај Вчера станав прво мислев да не се мерам, ама не издржав и оп 87 и 200 покажа вагата. Се израдував дека сепак оди надолу и покрај дозволени излети. Вчера добар беше денот доручекот ми беше стандард, за ручек мусака и салата и вечерот 2 чаши вино пиев. Денес доручекот е тој веќе не ми се пишува Ужина овошје Ручек мусака или таратор салата ќе видиме како ќе бидам гладна.
Периодов... Вчера 6 аперолчиња, завчера 3 чаши вино... детски роденден, пици, утре прасечко и ако сум крактер кисела вода, ако не - црвено вино... Вечер ќе вежбам. Очајнички обиди за баланс.
Денот пред целодневен фастинг нека ти биде побогат на хидрати, за убаво да се наполниш во гликогенските депоа да не се троши мускулот. Ако внесуваш хидрати 150г вообичаено, денот пред внеси дупло и пред спиење урда или сирење заради протеинот казеин кој споро се дигестира и цела вечер телото ќе добива енергија за работа. -5кг се солидна бројка, а воедно повеќе од доволна. Оптимално е 0.5 кг неделно или 2 кг месечно, ама ти си направила поголем влог што сепак е добро. Иначе чим се навикнеш на ваков начин на исхрана и понатака нема да го мењаш воопшто, бидејќи телото подобро функционира на масти отколку на хидрати како гориво. На добар пат си само продолжи. Но знај неможеш до бесконечност да бодеш во дефицит, опаѓа имунитетот, доволно е 2 месеци, па еден месец до два врати се на одржување пак користи фастинг ама калориски да си на одржување.
Фала за насоката @DiCaprio, така нешто и ми беше планот, уште -5 и ќе стигнам до првата цел, после пауза и само одржување на килажата. Ден 35 Затоа што е недела ќе се обидам повторно со воден ден, засега сум ок, понатаму ќе известувам.
Јас имам проблем со ова, после неколку месеци во дефицит почнав да се разболувам многу често, и тука имам неколку пати пишувано дека сум болна. Еве сега моментално повторно сум настината. Лесно се оправам - со смутиња, витаминска исхрана, одмарање ама е навистина еден недобредојден side-effect на слабеењето.
Точно, тој side effect е од преголем дефицит, и премногу долг дефицот, бидејќи телото нема доволно енергија и послаб имунитет и е подложно на настинки, вируси и грипови. Така да паметно треба да се дозора се.
Ден 36 Вчера јадев, еднаш. 5 ќебапчиња 1 кришка леб и парче сирење. До сега се поминати околу 12 часа без да јадам, ќе продолжам до 20. Денес денов ќе биде урнебес, без план, ќе гледам само да не претерам и да не качувам килограми.
Како се справувате со кризи за благо? Јас обожавам чоколади и се што е во таа форма и иако гледам да ја контролирам исхраната, сепак не можам да се контролирам кога се во прашање благи работи, можам се што има дома да изедам иако не сум гладна. Ме интересира ако има и други што се по благото да ми дадат некои tips and tricks за намалување на внесот.
Intermittent fasting вметни, јади благо и јаглеидрати во одреден дел од денот само, а во другите делови од денот кога ќе присакаш благо замени го со масти(кикиритки, ореви,сончоглед,бадеми,лешници,индиски ореви...).
Јас па поинаку некако функционирам, се пратам дали стварно ми се јаде или ме фаќа стрв само зашто сум го видела.. Така си наоѓам некоја занимација или си го одвлекувам вниманието и ако и после пола саат пример уште го мислам, каснувам ама малку. Или пак, имам погоре од некој ден, имав доста калории заштедено дента и си испланирав за вечера да јадам пакетче ресани Јест да тоа не е оброк, камоли здрав, ама мора и мозокот да го залажеш, за да издржиш. Рани душа да те слуша како викаат
Ден 37 Корнфлекс, мекдоналдс оброк, мезење од ладна даска..бело вино колку сакаш. Ама па затоа и 20.000 чекори дента.. Ден 38 Не ветувам ништо а и што ќе ветам кога знам дека ќе се повтори претходниот ден. Не сакам некого да демотивирам ама подобро се чувствувам ако тука си ги “признаам” грешките отколку ништо да не напишам. А и другите сигурно ве фатила еуфоријата и празничните ручеци па не сте на зелка салата. Некако потешко ми е вака у странство да се организирам а и не ни сакам да се двојам со посебни желби за секој оброк. Како што кажав барем ќе внимавам да не вратам некое од симнатите кг а од после празнициве, лошо му се пишува и на останатово салце и на целулитот.
И јас сум зависник од благо, ама еве, повеќе од еден месец не сум јадела и веќе не се ни стрвам на благо. Кога има пред мене се прашувам дали навистина толку очајно сакам да го изедам тоа чиколадо. Дали е посилна желбата за него, од желбата да ослабам. На почеток е доста напорно, затоа што благото создава зависност. Бројам и денови без благо, па веќе кога ќе помине некој период си викам - сум издржала на пример две недели без благо, сега за ова чоколадо ли ќе ја прекршам успешната серија и ќе почнам пад од нула? Е сега, ако стварно очајно сакам да изедам нешто (се случува), тогаш земам, ама многу мало парче, и уживам во вкусот. Првите три недели се критични, за мене посебно втората. После веќе навистина организмот не чувствува потреба од благо. Исто така, кога се прашуваш за секое благо дали навистина го сакаш, сфаќаш дека голем дел од работите ги јадеш по навика. На пример јас сфатив дека воопшто не ме влечат торти, а претходно секогаш кога ќе ми била понудена, сум земала. Сега редовно одбивам. Ако веќе јадам благо, тоа нема да биде што било, туку тоа што најмногу го сакам. Инаку деновиве, што да кажам, празнично. Не дека претерав со храна, релативно добро поминав, ама затоа со алкохол Поминаа празниците и предновогодишните забави, периодот што следи ќе биде полесен. За Божиќ нема да бидеме дома, па со тоа ќе се избегнат и ручеците. На одмор обично слабеам затоа што сум активна, па се надевам дека и сега ќе биде така. Ми истече членството во теретана, па не ми се уплаќа сега за цел месец затоа што ќе одам на зимување. А страв ми е дека толку треба за да се изгуби навиката. Среќна нова година, со желба сите да доживееме трансформација и да си ги постигнеме посакуваните цели!
Можда годинава ќе се заозбилам и ќе се фрлам на некоја диета и вежбање кое нема да ми ги доскапе колениците. Денес али, не е тој ден))) Сега само се јачам за да почнам здравје од средина на јануари. Доброто е што бар празнициве не ги минувам со тапчење со се' и сешто. Али, без режим и без вежбање..јас само стагнирам со телово. И т'ј.
Дечки за празниците однесувајте се едноставно како да одржувате тежина. Кога се одржува тежина не би си забранувале се, а во исто време не би ни јаделе се пред вас, туку се што ќе ви посака организмот до степен на заситување. И не се секирајте зашто освен ако не изедете 7000+ калории вишок нема да се здебелите ни килограм.
Здраво друштво Среќна Нова и среќни празници, само убавини кај сите ! Што да ви кажам, наместо 1 ден јас 3 дена по ред јадам се' и сешто. Се оптеретив искрено и благо и солено и газирано и алкохол, значи немам коментар за себе. Дури ми е срам Толку ми беше тешко на желудникот, мислев ќе пукнам Денес се враќам во нормала, мислам и редно беше. Се чувствувам како 10 кила да сум поправена, со нови сили ќе одам напред. Се надевам вие не направивте како мене Од грешките се учи нели
П: Јаболко, марула и пилешко Р: еден ред чоколадо. Еден месец го имам и не сум го отворила, ама ме утепа ПМС В: Пилешка чорба, колбаси, кајмак, салата Вечер ќе се излегува, ама ќе се пие кисела вода. Претерав со алкохол периодов, не е лошо малку да ми закрепи црниот дроб. Со сите софри и пијанки периодов, сум ослабела пола кило. Мал чекор за човештвото, ама голем за мене