Хелоу, среќни празници феминки Ме нема зашто нема за што да известувам, терам со некој лајт режим без леб, грицки и благо, со по некој газиран сок и чаша вино.. Како и да е, во споредба со порано ова за мене е сепак придржување, и преживување низ празничниов период со преполни трпези. Во склоп на сето ова, се трудам да сум над 10.000 чекори дневно, секаде одам пешки, штикличка и за физичка активност. Од 10ти сакам да почнам со една диета што е базирана на двопек, портокали, кисело млеко, варени јајца и сл, колку за прочистување на организмот и старт на втората фаза.
Денес го завршувам Божиќниот пост само 1 кило намалив во пост не слабеам јх и скроб овошје внесувам.Некои слабеат за време на пост јас ретко.Како и да е се прочистив малку од млечни зошто многу ги јадам а и духовно.Немам покачени килограми за празниците и тоа е успех.Утре мудро и умерено. Ви посакувам Среќни празници уживајте во добра храна и вино тајната е во умереноста. После празниците се враќам на мојот омилен начин на исхрана 1500 калории дневно. Христос се роди!
Јас сум тука, се држам некако. Полека се враќам во нормала. Задоволна сум што не качив килажа за празнициве. Е сега стојам на истите кг, да не беа 3 дена опуштање може ќе мрднеше вагата надолу. Ама не се ни каам, убави денови празнични. Само знам да бев во Мк полошо ќе прекарав , сигурно уште ќе сум се гостела. До 19 ти ќе се направат 2 месеци и овој пат мислам дека сум по реална со себе. Се' што е брзо не е добро. Имам симнато 7кг од кои сигурно повеќе се и вода незнам. Ама битно да не се откажувам и кога паднам пак да станам и продолжам. На инстаграм почнаа да ми излегуваат модели што се plus size, кои се полни со самодоверба и каде велат дека треба да се прифатиме и да си го сакаме телото. Е сега тие и зароботуваа од тоа, ама искрено мислам дека треба да си поработам на самодовербата. Ми се случува некогаш толку да се грдам себе си, што и станувам нервозна. Како и да е јас пак планирам за стара нова година да прекршам. Таму на крај месец одиме за Мк и потешко ќе биде со искушенија насекаде околу мене. Ама здравје ќе видиме. Денес Доручек 2 јајца, сланинка, к.млеко, лебче и салата. Ужина овошје Ручек ќе правам полнети пиперки и салата. Има ли некој со мене?
Тука сум нигде не одам.. Само ќе треба од почеток да бројам денови П: / Р: парче свинско, салата, парче сирење, 1 печен компир В: макарони со сирење
Здраво девојки, среќни новогодишни и божиќни празници најпрво, живи, здрави и среќни да сте Пишувам, не пишувам во темава ама си држев ун и внимавав. Мислам дека толку беше од УН бидејќи два месеци не мрднав ни погоре ни подоле од 59кг ми треба некој предизвик за да го освестам организмов дека треба да стасам до 55-56кг. Сакав да ја почнам диетаа на Жан Митрев барем две недели за да сменам нешто или диетата на ирена при што јас би си сменила одма некои работи од двете зошто веќе знам што ми смета а што не на организмот, тоа би било некок мој режим зошто нема да се придржуваж целосно но сепак би се водела според нив.. Ако имате некоја идеја што да правам ве молам да ме посоветувате
Вака, сигурно ти здосадило од тоа да слушаш “па не ти треба да ослабеш” и сл.. Колку и да си висока, не верувам дека треба да си испод 60кг.. Најверојатно ти треба оформување, затегнување.. Тоа ќе го постигнеш само со вежбање, и тоа доволно ти е без теретани, во домашни услови. Сега на интернетов има све и свашта, поготово такви лајт вежби што ти требаат тебе. Можда тебе премногу ти сметаат тие 3-4 кг “вишок”, на секого неговата планина му е најтешка, али мислам дека сепак се работи за минимално дефинирање што ти недостасува.
Вежбам, идев во теретана сега вежбам дома ама без тегови и мислам дека тоа ми е најголемиот проблем, ама и исхранава морам да си ја сменам ми се здосади веќе, секој ден си готвам само за мене посебно и се придржувам ама досадно е, а се се мислам дека ако престанам да се придржувам до некој режим ке си ја вратам килажата...
Сигурна сум дека ти најдобро знаеш која храна ти одговара и како да се храниш. Јас сум човек што ги има пробано сите диети и Да сум имала резултат, ама не ги гледав како начин на исхрана за понатаму кога сум го постигнувала резултатот. Ама како што велиш ти, ќе помине време и ти станува монотоно и досадно. Иста бев и едно време се осеќав како изгубена. Сакам да почнам нешто, а незнам што и како. И почнав со некој си мој начин на исхрана. Што ми одговара на мене и што не го јадам со сила. А, и многу битно ми е што јадам заедно и скоро исто со маж ми. Порано готвев посебно, па јадев сама и плус некогаш храна што не ми се јадела. Ти си го скоро постигнала резултатот, мораш да најдеш и начин како ќе го одржуваш. Како велат полесно е да ослабеш, а потешко да ја оддржуваш килажата.
Кај мене ништо ново. Благо не јадам, ама други напори и не вложувам, така што ни резултатите не се којзнае какви. Во стагнација сум, ама не качувам. И тоа е нешто, во период на празници. Денешно мени: П: мусли со јогурт и банана Р: салата со киноа В: сарма со салата Ќе одам на одмор за некој ден, така што ќе ме нема, ама после 20-ти продолжуваме јако. А и на одмор обично добро се држам, најчесто слабеам. Само да не претерам со алкохол
Користиш најобичен јогурт за мусли со банана? Никогаш немам пробано, затоа прашувам. Јас обично јадам активиа со гранола и малини/јагоди ама би сакала да пробам и со јогурт некогаш.
Најобичен јогурт, само од тие што не се кисели, најчесто битолски розев или дукат. Секој ден го јадам ова, само овошјето го менувам, сезонско или замрзнато.
Како што читаш и од преходните постови, можеш да приметиш дека калориски дефицит и Intermittent fasting се најодржливи на долга стаза. Моја препорака е тоа. Но калориски дефицит држи околу 2 месеци и после врати се 1 месец на одржување на калории. Битна работа е во секој оброк да бидат застапени протеини , масти и хаглехидрати, освен по тренинг да има само протеини и хидрати. Со овој начин би требало 5-6кг за два месеца да намалиш.
@GlowGirl те имам читано во темата за УН диета, а сега гледам друг начин на исхрана си водиш. Што се покажало поефективно според тебе?
УН ја држев недела две максимум, не дочекав да видам дали е ефективна или не, за жал.. Не ми се допаѓа тоа што мора да се оди по определен редослед кој што некогаш не можам да го пратам заради секојдневните обврски, али сега кога подобро ќе размислам, моментално таков некој ред ќе ми биде добредојден. Што се однесува до другиов начин, ефикасен е, тие 5кг што ги изгубив не се вратени ама зашто внимавам колку-толку. За поефективно - зависи од тебе, колку сакаш да ослабнеш, со или без вежбање..? Пиши ми лп ако сакаш ќе си продискутираме
Здраво,сакам да споделете искуство доколку имате или јас сум некој изрод Цела недела сум на режим на исхрана,вежбам,пијам многу вода а немам симнато ниту 1 кг. Можно ли е ?
Кујзнае кој по ред обид да почнам. Сите музи ме имаат напуштено Детокс ден. Јогурт попосле ќе купам и пијам.. кафе, вода, јаболко портокал, кива од овошје. Ако бидам добра, и утре ќе го повторам.
А зошто да не пие многу вода? Телото има безброј бенефити од зголеменото внесување на вода и неоспорно помага во губењето вишок килограми.