Одете на sparkpeople.com зачленете се,направете си профил и самото ти сугерира што да јадеш,колку да јадеш.Ти пресметува калории,физичка активност итн итн...ама не дозволува слабеење повеќе од килограм и пол неделно.Си поплнуваш се што треба и ти дава предлози за се и си внесуваш што и колку кога си јадел дневно.Ми се допаѓа и бесплатно е плус. Edit.Што убаво и рецепти ти дава...мерак работа еј!
Денес добро ја почнав работата сабајле јадев интегрален сендвич со јогурт, потоа јадев печен ориз со кисело млеко, но на крајот малку ја зезнав работата седнав да јадам пиперки со сирење и патлиџан, а брат ми јадеше пржени компири и каснав 5-6 компирчиња колку од стрв и сега се каам . А денес ми се јаде страшно, не можам да ви опишам колку многу. Сега ќе одам да вежбам па белким малку ќе заборавам на храната. Но веќе ме фаќа кризата за храна
Најмалку луѓе на кеј има во 9 сабајле. Тук-там по некое пензионерче, кое се движи со брзина на 23-ка во хаотичен сообраќај. Инаку денеска додека се трудев да трчам, помина група мали мајмунчиња на точачиња, кои групно се смееја и довикуваа - ееееееј види ја, види ја! Таман им се намерачив да им мавнам некој камен од горната патека, мислев ми се смеат мене, кога почнаа и на девојката пред мене, која си ја кренала маичката да се сонча уз одење, инаку коски и кожа - ееееееееј, види ја, види ја. Па така сфатив дека сите (две) на кеј сме почестени со третманов. Него, девојчици, каде може да се купи таков стегач за на рака, кој мери чекори, изминато растојание и калории по можност?
Поштетно е според 2 причини, дупло повеќе калории и ептен масти. Сепак една шака до две не е ништо. Не е точно тоа до 12 ч. После 18 ч. шеќерот се претвара во обичен кај овошјето значи после 18ч. не овошје.
Дечки, јас јадев сладолед, оној еден жолт прст од алгида ако го знаете. Ама што убаво ми дојде, мх мх. Не се каам, само сакав да ви кажам.
Првиот ден ми беше убитачен т.е сеуште е боже дај ми снагеееее!!!!! пишува дека и така треба да биде, организмот е изложен на промени бла бла бла... ај се надевам од утре ќе е боље
Денес јадев за доручек 3 праски + 10 бадемчиња, а после тоа како ручек-вечера јадев динстана брокула со маслинки и 2 патлиџани и едно мало лаѓиче павлака,а до вечер планирам уште една салата од краставички со оцет...инаку од утре почнувам со трчање според програм со кој за 4 месеци се спремаш за маратон...уффф звучи страшно...сепак држете среќа
Еј ама ми е добро ова,се си смета!Јупиии...512 до сеа,ми сугерира на уште 700! Срце ми е,јадеш,јадеш и уште ти вика да јадеш! Леле ептен мотивира чудово.Плус и делот за фитнес,ми сугерирало златното по 30 минути,3 пати неделно,а јас цел час! Абе радости сум!
Дечкиииииииииии !!! Ме собраа фармерките од пред година и пол, и широки ми сеееееее !!!! Одам мерачки да се доспремам за излегување ... Ваууу, чувството е .... малку како потресена сум, колку се туфкав дали да ги пробам, јеее !!!
Јок јок, не се мерам во килажа, што е многу многу е, ама фармеркиве ни до бутови не ми одеа а сега Инаку во обем од 7-9 сантиметри на секој дел од телото имам изгубено, само кај рацете некои 3-4 сантиметри. Кога ќе дојде време пак ќе мерам обем
Ќе умрам од радости сум ослабела 3 кила од петокот до денес, само со не јадење вечера( а јадење по некое чоколатце) и везбање зумба јеесссссс
Ми се дупна гумата на точакот И неможам да возам, а денес таман извозев околу 15км.. е**** кармата еб***
Браво Теди, се радувам за тебе, ајде уште толку да изгубиш. И јас се мерам во обем, така е најисправно, и Цвета така мере