И вчера мина добро. Издуеноста спласнува. Салцето е конечно шокирано, желудник у грч. Мајку им. Утро почнато со морков и чаша јогурт. Сеа какао, подоцна кива и јаболко. Главно јадење ќе видиме. Треба компир ден да ми е, според омилената диета ама, можда јајца и салата ден ќе ми е...не знам.
Се држам и јас некако. Навечер ме фаќаат кризи, искрено не чувствувам глад, стрвност е во прашање мислам само на калорични работи. Ама не попуштам. Доручек завршен туна и кришка леб. Ужина јаболко Ручек планирам пилешко со печурки и би требало со кисело млеко. И мора да се натерам барем 20 мин на орбитрејкот мрза сум страшна за вежбање. Ајде женски заедно да се мотивираме. Навистина е тешка и нашата борба, стварањето на нови навики. Борба сами со себе.Тешко се симнуваат, а бргу се враќаат назад. Со лесно и упорно.
Ден бр 3 Добро си терам нема проблеми никакви П-банана ,чаша цеден портокал и лимон Р-зелка салата+туна и многу лимон В-пола од ручекот Добиено прв ден ке се лае изгледа
Јас имам пиено магданос но не чај. Летото си првавев многу освежувачки со китка магданос 1-2 лимона и литро вода во блендер и лед. Но, тоа не е за мене заради хипотензијата, имам низок притисок и иако шејкот или како да го наречам, смутито- сокот е добра заради формата како течност кои е потребна за внес за да се крене притисокот, сепак магданосот кај мене така делуваше, мислам уште повеќе ми го соборуваше. Вчера, добро, задоволна сум. Леб немаше, газирано немаше, малку благичко.... Денес ќе биде подобро.
1,5литро изпив чај од магданос као демек да изфрлам течности 2пати мо*ав и толку ни притизок ми снижи значи ен ми делуваше никако ни арно ни лошо
4ти ден, денес. Вчера мина екстра. Сепак компир плус праз ден ми беше (сварен и испасиран со пропржен праз), две ипол чаши јогурт и неколку јатки. Денес може ќе го повторам ова пошто, два мали компири ми останаа. Друго...видеќемо
жабо ја и ти одиме исто со деновите 4ти и мене денес упссс денес сум 4ти јас ти денес 5 ваљда шо е ова бе јас дојдив сите избегавте
Тука сум и јас никаде не одиме. И мене ми е 4ти ден после прекршувањето. До недела 2 месеци како стварам свој начин на исхрана, ама со многу прекршоци. Па затоа и немам поголеми резултати. Доручек томато со две јајца, к.млеко, салата и кришка леб. Ужина манго или јаболко ќе видам. Ручек парче свинско месо и салата. Вечерва ќе имаме гости и ќе пијам чашка-две вино.
Здраво, девојки Ме примате назад Трет ден ми е денес, на некој мој режим сум. Нешто слично како диетата на Ирена. Наутро сум на житарки со овошје, или пак овошје и чоколатце со 75% какао од најлепше жеље. Ручекот ми е тоа што дома зготвиле без леб со многу салата. И за вечера и ми доаѓа после вежбање таман протеини, јогурт, стек со салата, туна салата, јајца салта, сирење и така се надевам ке стигнам до целта а и вие исто Ке пишам за сите три дена што јадев: Доручек: 1 - турско кафе, 3мандарини малечки 2 - турско кафе, житарки и јаболко 3 - турско кафе, јаболко и едно чоколатце Ручек 1 - супа со морков, брокула, кнедли, печурки, ленено семе... и не памтам што имаше друго 2 - компир манџа и салата 3 - пица со печурки, кромид, пиперка кисели краставички и тиквичка Вечера 1 - Јогурт и две јајца 2 - Туна салата 3 - утре ке ви пишам Исто така и вежбам по 25-30минути дневно. Имајте убав ден
Добро е има друшки шо се 3-4-5ден па може заедно да ратуваме денес на мени имаме П-млака вода и лимон +банана Р-салата и полнета пиперка со м месо В-исто од ручекот или само салата Супер се осекам не сум гладна ми фале само физичка активнст да вметнам незнам по дома вежби навечер дали ке се важат
Вчера ок мина. Јогурт, компир, малку јатки, краставица...едно мало, мало.. благо 5ти ден..треба на главно јаболки да сум. Тешко оти семеен ручек ќе глеам минимум каснување од се и сешто и главно...киви и јаболки и јогурт да се налевам.
Зошто да не се важат? Вежбање е трошење калиории било наутро или навечер исто е. Не можат сите да вежбаат наутро, јас у теретана идев навечер, сега кога можам, наутро, напладне или навечер пола саат кога имам вежбам.
Хајјј Вчера беше повеќе вино од чаша-две и плус земав малку чипс, ама стварно малку. Сабајле се мерев и вагата ме изненади пријатно. Денеска ќе се пости. Доручек завршен туна и парче леб. Ужина некое овошје. Ручек компир салата со свежа салата обавезно. Физичка активност барем 20 мин на орбитрејк.
Ако не пишам не сум жива ама така со пишење знам оти нема да утнам 5ден П- 2 портокали овој пат цедени со лимон Р-пилешко месо салата В-исто од ручекот
Еве го мојот резултат.Првото мерење беше на 25.12.2019 но поради празниците официјално почнав од 08.01.2020.Второто мерење денес и како што гледате имам неверојатни резултати за само 10 дена Секако дека продолжуваме напред со уште поголема мотивација