@lilo добредојде почнувај и нема откажување јас ке те советувам само да не мешаш ориз со месо да изфрлиш бел леб и благо Ииии еве помина една недела па дојде ред за мерење на вага обем ке мерам кога ке помине еден месец за оваа прва недела на вага имам симнато 3,7 кг и на обем се познава ама не мерам сега сеа одиме втора недела ден 8 П- 2цедени портокали +1цеден лимон +1банана Р- печурки+салата од морков зелка лимон В- исто од ручек многу пати ручам покасно па за вечера нема време и минам само со вода е денеска ке биде таков ден така налагаат обврските
Јас денес се мерев. - 5кг за два месеца. Најважно од се, почнува на 6-ка! Не сакам веќе никогаш да видам 7-ца напред. Споро оди, затоа што не правам драстични промени во исхраната, само исфрлив шеќер, ама важно оди. Уште поважно, прв пат ми се случува да не се разболам поради пад на имунитет од диети. Ваквите диети, со мали промени, може многу лесно да се зезнат. Двете кила ослабени за еден месец, може да се вратат за два дена. Среќа што дома тројца од вкупно четворица сме на диета, па нема искушенија како што имаше порано. Плус, како искусна диеталка, сакам да им бидам добар пример на останатите во семејството. Немам одговорност само за себе, туку и за другите. Тоа помага да се издржи.
Ајде да кажам вчера што јадев. Д-тиква и јаболко Р-спанаќ со ориз, 1 парче леб и многу салата во состав цвекло, морков и марула. В- еден цитрон и едно јаболко. За вечера сакам да не јадам овошје знам дека е погрешно но жал ми беше да остане така цитронот . Морам да кажам имам една тетка и вели олку сум дебела од пусто штедење. Се што не јадат децата жал ми е да го фрлам и јас го јадам. Денес имам на мени: Д- 2 мали банани, подоцна накај 13 часот едно јаболко р- печена риба со салата и мислам парче леб. В- највероватно ќе биде кисело млеко. ALISA0000 благодарам на подршката. Инаку јас никогаш не сум се поправила како изминативе 2 години. Најмногу стигнував со килажа до 70 килограми а сега имам над 80. Не сум мерена страв ми е. Се сомневам дека имам 83. Мора да ослабам за летото да бидам супер.
Немам проблеми со неа. Имам слабо железо. Пијам хеферол и витамин ц 1000. А имам и недостаток на витамин Д и неко го конзумирам. Затоа не сакам да го откажам лебот барем за ручек а некогачш може и за доручек. На работа со колеги може нешто да касниме...
белиот леб нема ништо што му треба на твоето тело купи си тонус леб тогаш и убацувај по една кришка јас коа сум на режим ми се појачува и железото и хемоглобинот
Ден бр 10 вочкоооооо ден хахах или такозвање овошен ден до ручек овошје после се префрламе на зеленчук осекам оти ми треба ваков ден се осекам прејадена од вчерашниот кој беше со пилешко месо и салата
Да не пишувам наназад деновите што јадев. Ден 9: Пред појадок: Топла вода лимон и ѓумбир Појадок: Турско кафе, два портокали и една мандарина Ручек: Палента со сирење Ужина: Јаболко, мандарина и ред црно чоколадо Вечера: Цезар салата Имам добиено и многу ми се јаде, на половина час ги јадев овошјата од ужина.. Гледам да јадам овошје за да не изедам се благо дома. Се надевам денов ке помине без грешки
Има подобра храна од јајце варено? Нема нормално... Кога се гаснат хидрати,се додават масти во исхраната така да на прав пат е...
Еве една диета за две недели - 4кг. 1 оброк доручек: 5 варени белки и гриз со путер од кикири. 2 оброк ручек: Пилешки стек со батат или ориз. 3 оброк вечера: телешка плескавица со салата морков,цвекло и зелка. Пред спиење омега 3,магнезиум,витамин д3, и една рака лешник,кикири,фстак,орев,било што се има или едно парче сирење. Вода се пие спрема потребите. Измеѓу оброци јаткасти плодови. Не е здраво да се исфрлува вода од телото а и башка таја вода е само интрамускуларно која се враќа за многу краток период. -кафе -ѓумбир -лимон -портокал не се топачи на масти. Кофеинот делува како стимуланс на мозокот и го намалува хормонот мелатонин и со тоа се намалува и заморот и се губи сонот. Нема блага веза со намалување на тежина.
Хелоу, се враќам и јас, ако ме примате.. Искрено повеќе сме отколку пред нова година така да војнава нема шанси да ја изгубиме со волку многу војници Не знам колку знаете, претходно со мои комбинации ослабев 5кг кои што до сега едвај некако успеав да не ги вратам, е сеа идеме даље. За почеток ќе испробам една “диета” во првиве пет дена чисто за да се ставам во ред и да почнам од некаде. Се работи за онаа кај што за појадок имаш портокал и двопек, ручек варени јајца кисело млеко, вечера салата, a за викенди се јаде “нормално” со тоа што тука ќе модифицирам и пак ќе сум на режим. Не најдов тема за диетава затоа вака објаснив, а и нема потреба - од авион се гледа дека е никаква, јас само ќе го искористам менито неколку дена како прочистување на организмот. Епа ајде со нови сили напред
Извини, навистина имав само добри намери... јајце и јогурт за еден оброк да, ама за цел ден во никој случај.. Ти зборувам од искуството ти кажувам, без редовна исхрана богата со витамини само здравје ќе си уништиш. Најдобронамерен совет како на сестра ти кажувам. Имај убав ден
Имам едно прашање кое се надевам ќе може некој да го одговори. Во тек на слабеење, колку шеќер е дозволено да се внесува на дневно ниво? Колку гр на ден треба да внесувам? Знам дека има разлика меѓу оној природен шеќер во овошје и оној додаден шеќер кој се обидувам да го елиминирам. Значи колку шеќер и природен и додаден вкупно е дозволен кога се обидуваш да ослабеш?
Дозволен е секако, јаглехидрати(шеќери) тука спаѓаат и тој што го користиш а кафе, и чоколади и овошје,леб,тестенини...ограничи ги на 100-150 грама.
Па и тешко некој да издржи само на јајца и јогурд,одма опаѓа имунитет а и не е здраво нормално. Ретко јадеме зеленчук и то ни е најголема грешка. Мислев ако јади јајца и јогурд за доручек е ок али целден само со тоа никако