1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. cinderella7

    cinderella7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Јас си почнав со мој режим на исхрана, односно јадам што ми се јаде во текот на денот од 12 до 20 часот. Во 12 ми е доручек, во 16 ручек и во 20 часот вечера. За доручек најчесто јадам овесна каша, овошје.. За ручек тоа што има дома и за вечера нешто полесно. Пред доручекот веднаш штом станам пијам 2 чаши топла вода и потоа кафе до 12. Треба да почнам да вежбам, но постепено. Исто така и благото постепено го отфрлам од секојдневна конзумација.

    Претходно на сличен начин со вежбање ослабнав многу и не ги качив килограмите. Ваквиот начин мене ми одговара.
     
    На Ariel, Carolin. и DiCaprio им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    прво добредојде назад
    инаку таа диета ја има и тука на форумот како посебна тема се вика диетата на жан митрев

    денес ден бр 12
    П-цеден сок од лимон и портокал за банана немаше време и кафе
    Р-варена киноа+спанак+к млеко
    В-исто од ручекот
    нема леб нема благо нема газирано нема тестенини скроб и јх на минимум
    незнам дали ке симнам уопште со овој режим иако првата недела симнав -3,7кг знаејки дека е вишок храна и течности сега понатаки на неделно ниво и со 1кг би била презадоволна ама ај има време до мерењето на 14дена

    Еве го денешниот ручек и вечера
    20200125_171128.jpg
     
    Последна измена од модератор: 25 јануари 2020
    На lilo, GlowGirl, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Да во право си сега разлистав, не ја познав зашто на сајтот поинаку ја пишува. Е сега разликата е што пишува дека можело да се вежба а мене се ми се чини дека не може, односно ме чека вртоглавица зашто знам дека малку се јаде и да не не треба да се форсирам многу? Ако знае некој подетално споделете.
     
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
    Сама ке процениш дали можеш да вежбаш или не. Јас не би ти препорачала да не ја држиш познато е дека ја даваат на лица кои им треба брзо слабеење заради некоја операција и сл. Ке се изгладнуваш и после ке изедеш се живо пред тебе и што си направила - ништо.
    Погоре имаше @cinderella7 пишано режим, јадење 8 саати во денот (ти одреди си од кога до кога јадеш, јас го правам истото) тоа е Intermittent fasting јадеш житарки насабајле блендирани можеш ко смути, стави овошје, ред црно чоколадо, ручек тоа што имаш дома без леб или една кришка две, и вечера некоја полесна салата. Ем ќе бидеш здрава, не се одкажуваш од ништо, нема да имаш вртоглавици, подолг период треба ама изгубените килограми нема да ти се вратат и плус ке можеш да вежбаш. Размисли и те чекаме за дружба тука.


    Вчера 10 ден:
    Топла вода лимон и ѓумбир
    Д: турско кафе и најлепше жеље 75% како, на факс бев на брзање
    Р: палента со сирење и јадев цвекло од тегла
    В: чиа пудинг

    Денес 11 ден:
    Топла вода лимон и ѓумбир
    Д: турско кафе, две галети со мед и 5 суви кајсии
    Р: Компир манџа и марула салата
    В: Им се меркам на киселите краставички и цвеклото во фрижидер

    Морам да напоменам дека пијам многу чаеви и овошје обавезно имам измеѓу ручек и вечера обично 30-45мин пред да вежбам.
     
    На Касија, ALISA0000 и GlowGirl им се допаѓа ова.
  5. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Да да, те сфаќам, таков режим и држев, ова ќе ми биде неколку дена колку за прочистување и стекнување повторно навика да се вратам у ред, нема да ја држам цела туку првиот циклус од 5 дена. Ќе видам деновиве за вежбање како ќе бидам, ќе се дружиме тука и ќе ве известувам.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    @Carolin.
    исто и моите појадок и ручек се во тек на 8часа
    често и не вечерам а кога вечерам гледам да е се во тие 8 часа многу често и во рок од 6часа па така да, да видам и од овоа дали има бенефиции
     
    На Carolin. и GlowGirl им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.729
    Деновиве нешто не ми оди. Накачив кило и нешто, а немам нешто претерано. Ама метаболизмот ми се успори нешто, ќе пробам да го средам со ленено семе и чиа.
     
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Back on track once again, благото ми е огромен проблем на моменти. Оти кога не јадам, не јадам, ама како вчера... нема да кажам колку грама чоколада изедов. ]:)
    Ноу биг дил де, сепак...

    Денес на мени утриснко кафе соу фар, ама како сум си го погодила. (fingers)
    Сега се спрема бранч, супа и салата(зелка, краставица и царевица), со пире и две парчиња инкегрални крекери.
    Накај шест ќе биде салата со парче рајс кејк.
    И пред легнување чаша млеко.
     
    На ALISA0000 и GlowGirl им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    ај напрај си 1китка магданос во тенџере со вода напрај чај испиј околу литро течност па мери се за некој ден

    ден бр 13
    појадок-1лимон +1портокал цедени +1банана после сокот
    ручек-јајца на око +салата
    вечера-пола од ручекот
    уште денес и утре и ке имам мерење на завршена втора недела се си мислам дека оваа недела нема да симнам ништо
     
    Последна измена од модератор: 27 јануари 2020
    На Carolin. и Ariel им се допаѓа ова.
  10. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)
    Јас терам веќе трети ден со диетата, главната цел - намалување на апетитот и воведување во ред ја остварив. Не сум воопшто гладна, со мерак си ги пазарам намирниците, во меѓувреме не вежбам, уште два дена и ќе почнам. После циклусов од 5 дена ќе си склопам некое мое зацртано мени зашто гледам дека полесно ми е, не се мислам што ќе готвам денес, а од друга страна можам и одеднаш да си спремам за 2-3 дена. Ќе го споделам тука да го оцените/додадете/исфрлите нешто кога ќе биде готово :)
     
    На ALISA0000 и Carolin. им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    да не ми пишите минус за вчера :D:D:D
    вчера ден бр 14
    овошен арно почнав лошо завршив не у смисол јадење глупости него нејадење
    П-1цеден лимон+1цеден портокал
    после ручек 2 банани и толкууууу
    не јадев ништо после 16часот освен 2канти нервози па затоа немаше место за храна
    денес е ден за мерење
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    завршена втора недела успешно
    -1,8 кг
    вкупно 5,5кг и многу обем
    сега одиме напред со ваша помош трета недела
     
    На Carolin., lilo, GlowGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Ме примате ли и мене назад??
    Мој режим, ништо ригорозно, само малку построго него до сега..

    Вчера прв ден..
    Денот ми почнува со пола литро вода и пола цеден лимон.
    После еден саат турско кафе и една банана, па после саат време т.е кога ми се пријадува една или две јаболки.
    На пладне две до три кришки интегрален леб без брашно од фурна Диме,со крем сирење и печеница.
    Ова е појадок бр.2 всушност.
    Ручек дома една рамна чинија без репете! Вчера беше свинско со компир,салата цвекло, денес ќе биде стек со печурки.
    Обавезно во комбинација на свежа салата и една до две кришки леб.
    Вечера немам, пошо ручекот е во 5часот.
    Благо во кризни моменти 85% црна чоколада 1ред,плус 3л вода.
    Многу често и 4л.

    Епа сега или никогаш!
    Леб,тестенини,чоколади и газирани сокови не планирам да јадам.
    Од ништо друго не се откажувам, само ќе го сменам обичниот зејтин со маслинов, и лебот бел со овој интегралниот.
     
    На DiCaprio и GlowGirl им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    само да оделиш месо од компири и појадокот овошје
    вториот појадок тргни го
    ако сакаш да слабееш
    овоа по мое ти кажувам како би јас
    вака ти како со тераш нез дали ке има резултати
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Алиса, вториот појадок ми е уствари ручек.
    Ручекот е вечера во овој случај.
    Појадокот е овошјето..
    Сакам да пробам 2-3 недели па и месец вака, оти од диети преку глава ми е.
    Вака кога ќе знам дека ништо не ми е забрането ќе издржам повеќе време т.е ќе се свикнам за стално.
    Боље од пици,пити секојдневно и по 100гр чоколадо :(
    Ќе пробам ништо не ме кошта.
     
    На GlowGirl и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    ок измеѓу да имаш 3- 4саати растојание измеѓу оброците
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Еве го менито што си го составив за идните 7 дена, прилагодено со работа излегувања и се што може да искрсне. Чекам оценки.

    Ден 1
    П: портокал, 2 двопека, чај
    Р: туна салата
    В: шопска со фета

    Ден 2
    П: портокал, 2 двопека, чај
    Р: мимоза салата
    В: макарони со сирење и јогурт

    Ден 3
    П: омлет
    Р: стек со ориз и салата
    В: зелка цвекло маслинки

    Ден 4
    П: портокал, 2 двопека, чај
    Р: туна салата
    В: шопска со фета

    Ден 5
    П: портокал, 2 двопека, чај
    Р: 5 ќебапчиња со шопска
    В: мимоза салата

    Ден 6
    П: омлет
    Р: стек со ориз и салата
    В: зелка цвекло маслинки

    Ден 7
    П: портокал, 2 двопека, чај
    Р: цезар без дресинг
    В: шопска со фета

    Плус физичка активност, цеден лимон и сл. Благо ако ептен кризирам темно чоколадо со портокал 1-2 реда.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
    ден 15
    П- 2цедени портокали +1 банана
    Р- полнети пиперки со киноа ,урда и печурки + салата
    В-пола до ручекот
     
    На Ariel и Arja им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.143
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Супер сум. :P

    Стојам во место и тоа не ми се допаѓа, не само што сум разочарана, туку ме страв фаќа да немам некој здравствен проблем со желудникот затоа што пред одредено време (пред да слабеам) исто мислев дека имам некој проблем. :worried: Ама можеби едноставно лошо се хранам а не приметувам. Времето ќе покаже.

    Еве да не останам должна да ви кажам денешно мени:

    Појадок: 2 мали проја мафини, јогурт бучен козјак
    Ручек: неколку индиски ореви, банана
    Ужина: кафе со малку млеко, без шеќер
    Вечера: скара (плескавица и суџук) со салата

    20 минути орбитрек, 17 минути тежински вежби.

    П.С. Имам повторно патување за една недела. :|
     
    На Касија и Xana1318 им се допаѓа ова.