Ево јас да кажам како ми е ситуацијата. Викендот хаос и ништо од режимот но сепак продолжувам понатака. Понеделникот: Д-јаболко Р-селско месо, салата и парче тонус. В-малку од ручекот. Вторник Лажичка мед Д-суви сливи и ореви. У-Чај со мед Р-парче комат со зелка, ајвар и јогурт. В- две три касави печурки.
Неосетно вчера имав прв ден ит фастинг, последен оброк во 16:30 беше а следниот ќе биде нешто покасно од 10 денес. Сакам секој ден да го практикувам ова,некако многу лесно се осеќав утрово, претходно бев научена најади се во 12 и легни да спиеш ^Уствари, се препорачува ли секојдневно? Вчера ручекот беше ко што кажав стек,печурки и најдов еден хроно микс во маркет (печурки,кељ,брокули,пиперка) и се најадов онака таман. Ни многу ни малку.Таман. Ужинка една банана премачкана со путер од кикирики. Друго,правев бајадера и наместо да изедам 5-6 коцки ко што правев, јас чисто за проба каснав саааамо една мала половинка А како ќе ја смачкав целааа Денес планот е вака: Вода со лимон и кафе Појадок:30г овес,пола банана,1лажичка путер од кикирики и половина мерица чоколаден whey протеин. Ручек две варени јајца,биено сирење,две кришки црн леб без брашно и домат За вечера зелка и едно варено јајце
Задевај ме слободно немам континуитет... Ама не се откажувам Еве денес сум добра..до вечер исто се надевам дека ќе е ок. Башка имам и партнер на работа, во мојата идеја и начинот на диетување , така од сабајле ќе се бодрам со колешката, Уште маж ми да го убедам Ама викам да завршат уште утре и задутре празниците и ....да почнам на раат
изговри милон ајдебе поцврсти бидете малце едно колаче ли ке ти го диктира животот и според него ке се водиш кога да почнеш можеш ти и поинаку знам денес ден бр 16 п-1портокал +1банана р- пилешко месо сецкано со урда и 100 гр сусам потпечен се прават бомбици +салата зелена в- исто од ручекот вакви фастинг јас и несакајки ги правам туку речи си секој ден просек 4пати неделно последен оброк кај 17-18часот и до утре дента до 13 часот ништо 19-20часа трае
Многу е погрешно ако одделиш месо од компири или ориз, бидејќи тоа е воедно најдобрата комбинација и најдобар извор на јаглехидрати со протеини, а салатата е битна бидејќи има влакна и простите хидрати од оризот и компирот ги прават сложени и споро се дигестираат што значи телото полека ќе добива константа енергија и нема да има скокови и падови. Суштината за слабеење е калориски дефицит, и не пропуштање на оброк туку намалување на големината на порцијата. 3 оброка се доволни, плус ужина јаткасти плодови.
Денеска Појадок: банана, индиски ореви, бадеми (околу 250-300 калории) Ручек: едно цело јајце, една белка, парче сувомеснато, сенф, кечап, домат, кафе Вечера: (од вчера) 5 ќебапчиња, мало парче стек + салата 4L вода, 40 минути кардио, 10 минути тежински. Утре само тежински ќе биде. Сега можеби ќе изедам мандарина затоа што сум гладна. Мислам дека е солиден ден.
Океј ајде, објасни, која е науката позади тоа. Јас дебатирам со факти, еве објасни, па ќе ти објаснам и јас... Чисто сакам да не настанат забуни зошто и како за членовите што читаат
незнам ни јас не сум информирана затоа те прашав и тебе а и муабетот ми беше овие нутриоциистите кај сит режимот е со немешање па затоа ми беше прашањето ако знаеш објасни ми или тури некој линк да си прочитам шо вика науката
Ова океј за здравје, ама ништо не ти менува за слабеење. Една лажица сончогледово масло има исто калории колку што има и една лажица маслиново. Лебот исто така може да биде ист, вклучувајќи го и тој без брашно, мораш да ѕирнеш табелата што вели.
Знам, за здравје ми е да. Белиот леб ми прави киселини и надуеност, овој без брашно не. Не бројам калории..
Ќе ти објаснам, полесно ќе ме сфатиш. Протеините секогаш треба да се комбинираат со јаглехидрат, бидејќи јаглехидратите го подигаат инсулинот, инсулинот ги презема хидратите за да ги наполни резервите со гликоген, кој потоа се трансформира во енергија и ги гради мускулите користејќи го протеинот. Во случај да не внесуваме хидрати, протеините кои сме ги внеле ќе го подигнат инсулинот, и ќе се коористат за полнење на гликогенските резерви како гликоген, и нема да имаме бенефит од протеинот бидејќи ќе биде разложен за енергија и користен како гликоген наместо градиво за мускулот. Постојат брзи и спори јаглехидрати, односно прости и комплексни. Кога имаме потреба од брза енергија внесуваме прости, и добиваме брз скок на енергија, и таа енергија која нема да се искористи, са складира како масти. Додека пак кога внесуваме комплексни јаглехидрати богати со влакна, дигестијата е успорена, и добиваме константна енергија, без да предизвика брз скок и складирање на непотребни масти. Затоа се комбинира месо/риба + ориз/компир/паста + салата , за константна енергија пред тренинг, а месо/риба + компир/ориз/паста, по тренинг за брзо надополнување на гликогенските загуби од тренингот, од оптимална градба на мускулот. А лебот како извор на хидрати, не е најдобра опција но може да се користи, бидејќи содржи секое брашно глутен кој предизвикува надуеност и оттежнатост на стомакот. Мене искрено не ми се верува дека лебовите се без глутен и се 30денари, бидејќи е дополнителен процес, и ако е вистина ќе чини 90...мада не менува голема улога дали имал глутен или не, не е страшно.
Стагнирам, Алиске)) ми ја саботираа диетата со се' и сешто. Еве, денес почнав ден со цитрон и јогурт чаша. Ќе продолжам денес со јаболки, киви, цитрон и јогурт.
Ако си на кето исхрана,тогаш ти е океј горе-доле...само што јас овошјето наутро би го заменил со јајца, имаат помалце калории и изобилуваат со прптеини и масти наспроти шеќери. Овошјето малце подоцна. А ако си LowCarb хидрати внесувај само за ручек.
Јас вчера супер почнав но потоа скоро утнав. Мада не ми беа големи порциите ако и е за утеха. Сепак ерам понатаму нема откажување. Отидовме на вијѓе кај бебе за време ручек и таму мммм јадење ти нудат, не дека неможеш да одбиеш . Сепак да си кажам каков грев направив: Д- лажичка мед, ореви,суви сливи. Р-3 мафини пченкарни од малите, сирење, јајце, една коцка редени палачинки со изварок и по едно лажиче од две салати како тартар што изгледаат. А утката најголема го изедов благото шеќерпаре. Бидејќи тоа беше во 2 часот вечерта јадев на етапи Прво цвекло рендано со две лајци павлака а подоцна малку пилешки гради и компирчиња кои заедно се печеа. Денес продолжувам се надевам без грешки.