еве ме на изповед ден бр 27 и овој како и вчерашниот ден решив да бидат овошје и зеленчук П- банана кафе сончоглед 100 гр Р- блендирана банана пола 1јаболка 1 портокал аронија и шумско овошје замрзнато до вечер и една брокула сакам а ја обарам да биде со салата од зелка +краставица
Денес П.Сендвич со интегрално лебче Со варено јајце малку путер и сирење У.цеден сок од пола цитрон пола лимон Р.леќа со салата и 1 лебче В.салата
Луѓе од денес се придружувам и јас. Што е ова сами благо и глупости да се јадат. Сакам да слимнам некое кило. Ќе видиме како ќе ми оди...
Доручек: смути Ручек: потпечен зеленчук (морков, сладок компир, цвекло, тиквица, кромид, лук) и зелка салата Ужина (десерт): 2 веган бомбици со ореви и урми и турско кафе Вечера: 2 парчиња тостиран тонус со хумус, зелена пиперка и краставица
ден бр 28 П-смуди пола банана ,1 јаболка+шумско овошје Р-урда+киноа+сусам потпечен+салата зелка В-исто од ручекот @piksooki добредојде ајде имаш имава екипичка за дружба и мотивација само напрај си добар пла и почни резултати мора да имаш кај ми е @Espadrila ??? @zeka жено кај ни се изгуби ти ??? другите горе доле тука се гледам
Ех да ви кажам јас неделата забегав. Изедов торта демек со гости бев. Но битно продолжувам понатака. Вчера Д-сливи, ореви и едно медено срце. Р-компир манџа со салата и 2 тонус леба. В-една лајца павлака и салата марула со морков.
П.мало парче пица У.смути од пола банана малку шумско овошје и чиа семе Р.салата со малку стек и неколку компирчиња печени В.салата
Да ве прашам вие што имате повеќе знаење околу ова, колку е здраво за појадок да се меша јајце со млечни производи? Бидејки многу диети не дозволуваат мешање а јас почнав со режим на храна што сама си го составувам. Благодарам однапред
Тешко прашање, одговорот зависи од концептот и уверувањето кое го имаш. Некоја страна поназад, член кој изгледа се бави со бодибилдинг советува задолжително комбинирање на протеини месо со ориз и компир со цел градење на мускулна маса, што за мене и мојот концепт е апсолутно недозволиво. Зошто? Затоа што протеинот и скробот имаат различно време на варење и “бенефитот” оваа комбинација ќе ти биде само скапана храна во желудник. Во врска со јајцата и млекото, од една страна некој ќе рече јајцето е голем извор на протеини, здрави масти и аминокиселини, а млекото има калциум и протеини и прават убава комбинација ( лично не се согласувам). Јас волгавно сум на веганска исхрана, многу ретко јадам месо и јајца, па би рекла комбинирање на 2 протеини од животинско потекло- no, no! Од трета страна, во диетата на Жан Митрев ја има токму оваа комбинација. Така да, секој ќе ти одговори според своето уверување, твое е да си одлучиш
Ден бр 28 П-смуди банан јаболка портокал аронија Р-салата В-салата Уш некој ден и ке го шлртнам месецот ми треба уште некое гр за да бидам -6на рамното Нема назад само напред
Јас сум во стагнација, веќе три недели, ама секој ден грешам по нешто. Вчера и денес удрив на леб. Претходно на јатки, слабост ми се. Од денесбарем продолжив со вежбање, па се надевам дека и тоа ќе помогне да мрдне работата.
@Ariel знаев ,знаев дека уште некој заборавив вчера или некна коа ги барав кој каде ми е од другарките како напредуваш ???
Во поход на -5 кг. 1 ден. П-сварено јајце,Нес кафе. У портокал Р- мала пица В-шоља јогурт Измеѓу минерална вода,чај Ќе вртам Орбитрек и фокус т25 од другата недела.
Фала. Се надевам на дополнителна мотивација во групава Таргетот е 65 кг за мене таман на 172 см. Моментално 70
По свое. Газирано,чипс,и останати тракатанци фрлам. Посебно Пепси и кока кола,по литар секој ден многу е.
ма не ти треба тоа леб благо газирано и грицки изфрли види отрилика како се храниме ние тука па најди си средина што ти одговара најмногу појадокот ти е слаб само едно јајце и вечерата ти е слаба пример со јајцето едно стави уште 1-2 јајца тури сирење парче или урда и кисело млеко јогуртот замени го со к млеко кравјо а сирењето со урда со вака малце храна за брзо време ке подлегнеш и ке изедеш и што треба ишто не треба
@ALISA0000 еве ме друшке...започнав пред 2 дена по официјално, ама ќутев, да не се зезнам , да тргне работата шо се вика. ПОчнав и прошлата недела ама не бев спремна , оти нели ко шо викаш изговори милион, па...не бидна работата... Трет ден денес, и стомакот е веќе подиздишен. Леб немам каснато, газирано ич, е благо да, ама лека полека и со него да намалам. Не ме карајте, не може со се да прекинам од еднаш . Правам и некоја комбинација као со фастинг, мислам не сум 100% презицна, али секако се е подобро од јадење чипс во 10ч вечерта. Ми се збира +- 4 саати пред спииење да не јадам, значи после 20 часот, и 4 часа по станување, значи до 11 часот ... Денес ако не заборавам и ќе се измерам во кг и во обем.Да знам како терам со работата . Утре само ќе ми е проблем маалку дека ќе сум на пат цел ден, и не сум сигурна кога ќе имам можност да јадам а и што, ама ќе си земам барем овошје во чанта па ќе видам.... и @ALISA0000 друшке, стварно си верна другарка, јас вакви многу сакам, да ме потсетиш, да не забегам во лошо друштво