1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    14.942
    Пол:
    Женски
    Не е оффтопик, затоа што тоа е моменталната дискусија. Јас упорно зборувам за саатите кога СЕ ЈАДЕ, а ти за саатите на гладување и затоа не се разбираме. Еве што би бил твојот прв оброк, односно прва внесена храна или течност по 16 часа пост? :)
    И само сакав да те наведам на мислата дека во темава се девојки и жени кои не се бават со бодибилдинг или напорни тренинзи во теретана, а исхраната за која ги советуваш е наменета за луѓе со таков животен стил ( на пр: комбинација протеин со компир/ориз, дека белото тесто е подобро од овошјето за внес на јаглехидрати и сл.).
    Сепак, да не излезе дека се надмудрувам, секој има различно поимање на терминот здрава исхрана :)
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    ден бр 30
    ја лапнавме месецот бееее јееееее
    П-банана и 1 кафе турско горко
    Р- ке биде некое смуди од пола банана јаболка портокал и аронија
    после 100гр месано бадем лешник индиски орев
    В-некоја салата
    У кратко кажано ден за лаење ха ха ха
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    Дишите ли денеска????
    Ав ав ав лаам бе за јадење лаам како куче
    денеска посебно сум гладна
    ај да напраам некоја салата
     
  4. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Прашање за наизменично постење или intermittent fasting (не знам дали е за во оваа тема):

    Го практикувам овој метод 16/8 речиси два месеци, прилично дисциплинирано. Нема голема разлика во килограмите од почетокот до сега, ама во обемот на половината и колковите има, исто така тонусот на кожата е значително подобрен и кондицијата е топ. Умерена физичка активност, одење 5 до 7 километри секој ден.
    Прашањето е дали треба прецизно да се внимава на бројот на внесени калории во тој период од 8 часа или доволно е да се јадат квалитетни оброци, во смисла на внес на зеленчук и протеини.

    Би ми значеле совети околу изборот на оброците, мојата исхрана е вегетаријанска со вклучени јајца и кефир или јогурт.
     
    Последна измена: 13 февруари 2020
    На DiCaprio и RosettaStone им се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е битно колку калории внесуваш и покрај тоа што е внесот во одредена временска рамка. На пример не е исто да јадеш супа и шопска или 3 хамбургера. Битен е калорискиот внес но почитувањето на времето на јадење и глад или постење овозможува полесно топлење на салото како што си пишала дека намален ти е обемот со тек на време ќе се намали и килажата. Само упорно, многу вода и движење. Јас летово така намалив 15кг, сега качив 5кг немам толку движење во природа зимово ама пазам со исхраната. Не сум по овој твој режим ама гледам да не вечерам предоцна и да поднамалам благото ама тешко тоа:D
    Сепак биди упорна и доследна резултатите сами ќе си дојдат(fingers)
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Фала за поддршка (y), имам уште некои 7-8 кг што сакам да ги решам. Најдоброто во целиот процес е што после некое време ја снемува потребата за благо, а збориме за "chocolate monster" тука :$
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Same here, море убивам за благо:rofl:
    Можеби ако се наканам да го пробам овој режим читав дека брзо согорува сало во деловите каде ми се одвишок ќе те потпрашам за совети:)
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    за благо потпишувам
    за овој месец намерно прекршив на роденденот мој и каснав торта тој ден и после некој ден уште едно парче
    и еве некако магично немам желба за благо
    а за ова фастингот несакајки и така ми испаѓа дека и него го терам 14-16 часа ми се факат секој ден да не јадам ништо
     
    На RosettaStone и Ina V им се допаѓа ова.
  9. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Додади благ калориски дефицит, и ќе е топ. Плус ете имаш јајца одличен извор на масти.
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот. Можеш ли да ми кажеш како ги распоредуваш оброците во периодот од 8 часа, јас во принцип имам два оброци еден во 9ч и еден околу 17ч, измеѓу еден протеински снек. Гледам да не надминам 1200-1300 калории, отприлика. Јаглехидрати внесувам главно преку овошје (свежо или во смуди) и тоа само со појадокот.
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    Ден бр 31
    Месец помина
    -10см обем стомак
    -6 см обем гради
    -6.7кг на вага

    П-смуди
    Р-свинско месо +марула+краставица салата
    В-исто од ручекот најчесто и не вечерувам
     
    На Chanell*, lilo, Lifelive и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Првиот оброк нека ти биде или смути со овошје и овес+млеко/јогурт или јајца со парче сирење и јогурт/кисело млеко или кефир.

    Вториот оброк нели рече дека си вегетарјанец, можеш бурито со грав, ориз и грашок. Друга комбинација од печурки со грашок и додаток компир или ориз. Друго салата со пченка, краставички,дробени ореви, павлака/грчки јогурт/кисело млеко ило урда можеш да додадеш. Во вториот оброк додади и зелена салата обавезно, како извор на влакна.

    А измеѓу покрај протеинслата ужинка вметни и здрави масти од јаткасти плодови, најмногу една рака.
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Ок, супер звучи.
    Плус го користам овој протеин од грашок и ориз во смути, за да достигнам доволен внес, зошто не јадам месо.
    prot.jpg
     
  14. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Одличен е, има комплетен амино киселински состав. Ама е скапичок малце. Но ако ти одговара , секако е тоа плус и супер.
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.564
    Допаѓања:
    38.818
    Пол:
    Женски
    Еден месец бев на режим од нутриционист, не беше тешко и успеав 5 кг да ослабам, но многу ми е монотоно. Оброците се повторуваат, не ми е вкусно повеќе ништо.
    Имам за слабеење уште 5 кг, сакам да пробам и јас intermittent fasting од понеделник. Изгледав над 10 видеа од нутриционисти, доктори и општо од луѓе со искуства, повеќето се позитивни.
    Е сега прашањето ми е, дали е подобро прескокнување на појадок, т.е почнување со јадење од кај 12 часот или завршување на периодот со јадење порано во денот, пример од 9-17 часот?
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    ај ако не ти е тешко кажи ми како ти изгледа еден ден на режим од нутриоцинист
    пример појадок ручек вечера што?
     
  17. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    :D Скапичок е, ама па дел од буџетот што би одел на месо и месни производи само се пренаменува и се постигнува некаков баланс.
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.564
    Допаѓања:
    38.818
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 пример доручек овесни со light јогурт, цимет, аронија- разни комбинации, ужинка овошје и 5-6 јатки, ручек е секој ден различно стек со салата, боранија, леќа, киноа, риба, а за вечера белка од јајце со салата, интегрален ориз, брокула и риба, такви работи секој ден различно. Не е тешко, ама сакам повеќе избор да имам во оброците.
     
    На DiCaprio и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  19. Ina V

    Ina V Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да си прилагодиш според секојдневните обврски, ефикасноста на методот не зависи од тоа дали се почнува од 9 или од 12 на пример.
    Единствен проблем со мојот избор, 9-17 часот, се вечерни излегувања, одење на пијачка или вечера со пријатели, секогаш си досадниот што пие само вода :$
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.575
    Допаѓања:
    193.902
    па кажи и дека ти е досадно
    побарај си нешто што сакаш
    мене претежно на протеини ме пука а појадокот е овошје ми дава и пудинг и суво овошје и семки некои бомбици да си правам ама ме мрзе мене и затоа со смути само минам а некогаш као имам турбо ден од сабајле уз одење јадам само 1 банана за месец сум симнала6,7кг
    јас сум презадоволна
    до -10 треба да одам ама се надеам во текот на вториот месец ек дојдам до -10

    јас обично последно јадам до кај 18-19 часот многу редко 20часот
    а нареден ден јадам после 12-12часот
    денес дури у 14 па рачунам тоа се 18часа
     
    Последна измена од модератор: 14 февруари 2020
    На Ina V и kristina.k им се допаѓа ова.