Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Лелеее сега пред малку ги пробав фармерките што ги купив минатата година. До пред 2 недели едвај ги закопчував а сега се закопчуваат без проблем дури ми се и малку широки :D ЈЕееееиииииииииии
     
  2. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    На диета со јаворов сируп :| грам немам симнато, ама добро прв ден не очекував бијонси да ја видам у огледало :D надам се надам дека ќе биде ок од утре, само да немам вртоглавица како денес, па ако сака и 2 кг нека бидат се на се. и башка тоа читав дека после 2-3 ден добиваш енергија, што незнам од каде, зошто и нема некоја голема енергетска вредност сирупов :^)
     
  3. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    многу ми е мило што слушам добри резултати ... браво девојки нема откажување ... САМО НАПРЕД! 8)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Третиот ден ќе пукаш најмногу со енергија. Од искуство ова. Исто и до третиот, па и четвртиот ден вкусот на смесата, јаворовиот сируп + лимоните ќе ти биде благ и вкусен. Очекувај веќе од петтиот да почнува да ти станува недоволно благ или бљантав.
    Немој само ѓавол да те лаже да му ставаш лажичка црвен пипер. Се препорачува некаде, ама пак од искуство - НЕ.
    Можеш евентуално лажиче ѓумбир во прав за подобра циркулација, ама не е неопходно.

    И така, со среќа, ќе симнеш секако 2 кг за 5 дена.
    Јас лани ја издржав 9 денови само на сирупот и симнав рамно 5 кг.

    Ќе биде! ;)
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Нели е ригорозна таа?
     
  6. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421

    Охрабрувачки, фала ти :) јас ставив ѓумбир денес, секако не на своја воља, мислев дека е задолжително, ама чим може и без тоа супер, мада поднесувам се и сешто 8) читав на една страна на англиски многу повеќе слабеат, дали е до сирупот или не, кој го знае, во секој случај 5 не се малку добро би ми дошле и тие :)
     
  7. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    ригорозна и тоа како :D предизвик ми беше уште лани летото, повеќе сакав да видам што е работата со енергијата зашто во проклето жешки денови стварно се чувствувам безволно, уморно, млитаво, а не е на одмет и слабеењето нели... тамам ќе имам енергија за на полагање четврток и петок :D ќе ви пишам како оди и како се поднесува :)
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас рано сабајле кај 8 саат изедов 2 реда чоколадо и нескафе со цедевита. И сега јас кравата изедов цел кроасан, и од после видов колку е штетен и калоричен. :@ Притисокот ми се крена 300 :D Ама сега ќе зумбам, па ваљда ќе го потрошам зашто искрено криво ми е што го изедов ...

    А за ручек имам гулаш и пире. :)
     
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Јас сум на супа од зелка од вчера :) и денес ми е ден за зеленчук. Вчера ми беше за овошје, тоа повеќе некако ми беше по кеф, пошто денес нема ништо благичко :( ... ама тоа е.. Ќе ја издржам 7 дена, па што сака нека биди ... Инаку се чувствувам некако подобро, сабајлево кога станав не ми беше суво грлото од цигарите (како што ми е секое утро) а незнам зошто тоа, пошто секое сабајле ми е исто, а и вчера ништо не сменив во поглед на нив, освен со хранава, а освен тоа, се чувстував некако „олеснато“, во стил „лакше се дише“ :) пријатно ми е некако и не ми е многу тешко...
    Моментално го пијам кафето (без шекер, ама и нормално јас такво си го пијам), па планирам цел ден да јадам шопска салата (во видоизменета верзија, без сирење) и салата од марула, но ми требаат уште предлози и идеи што да јадам, т.е комбинирам од зеленчук храна, ве молам посочете ми нешто, оти ќе се избезумам :) Прв пат во животот сум на диета, ама ќе издржам, запната сум и сега си викам, кога успеав 1 ден да издржам, да не ми биди за џабе тоа што сум јадела само овошје.. и веќе уште денес ко ќе помини, ќе ми биди полесно за храбрење! :)

    Исто, поради нагло слабеење, ми беше страв да не ми се направат стрии, па си зедов бекутан масло (мајка ми ми има кажувано дека кога била бремена со мене, а машала била огромна во стомакот, се мачкала само со бекутан масло и нема ниедна линија), се туширам навечер со топла вода, само на бутовите применувам топло-ладно оти не можам на друго место, и се масирам за целулитот со едно масажерче и со антицелулитен гел, и пијам многу вода. Вчера можи 15-20 пати бев во мало wc :) а во текот на спиењето, станав уште плус едно 5-6 пати :) значи сепак нешто делува, пошто нормално одев до 10 пати во текот на денот и во текот на спиењето - ич :)
     
  10. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    јас бев една недела на диета и тоа без благо,без леб и за вечера салата,немаше резултати аа морав да ја рекинам ззашто дојдоја матури полуматура и мораше да се јаде и од тогаш веќе немам мотивација за диета,и никако неможам да почнам да држам :worried:
     
  11. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    И мене ми е прв пат ви викам :) Сум се решавала и претходно, ама не сум успевала ниту еден ден да издржам :worried: пошто се некој филм ќе ми се напрај приквечер дека ми се врти, дека ми се јаде, дека ми е лошо, дека шеќерот ми паднал (а како може да ми падне кога цел ден овошје сум јадела, ама ајде) и не можев никако да издржам...
    Е сега, имам поддршка и од дечкото, тој нема проблем со тежина, но 2-3 килограми да симне нема да му се на одмет и реши да ме поддржи, налет друго, знај дека нема да му правам месо, манџи и чуда за ручек (пошто заедно живееме) и ексик си вика, подобро да држам и јас диета, отколку да јадам нешто суво и таа да ослаби јас да се здебелам уште 2-3 кила плус :) :) :) и баш ме радува оваа поддршка, инаку гарант нешто ќе ме истрвеше и ќе прекинев пак.
     
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Алал вера, јас немам дисциплина за ова. Од храна ни у лудило не можам да се откажам. Но пазам, сега за сега немам проблеми. Има кило - две вишок, но си се допаѓам и задоволна сум.

    Мајка ми слабее со јаворов сируп, вторпат ова, проба пред 5-6 години еднаш и не можеше повеќе од ден. Тогаш памтам до вечерта почнаа прстените да ѝ испаѓаат од раце и страшно ми беше. :D А сега ете втор ден. Тешко е, али функционира. :)
     
  13. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Јас само што станав и ќе си исцедам еден сок од лимон за доручек.Инаку во план ми е да ја почнам диетата со јаворов сируп,ама нигде не прочитав дали може истовремено да се спортува ама интензивно? И инаку максимумот беше да се држи 12 дена,така?
     
  14. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    има ли некаква диета со зелен чај имам слушнато ама незнам точно како е
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Овошен ден.
    И одмор од вежбање, дефинитивно мускулите ме молат за одмор и обновување.
    Одам на пазарче по свежо овошје.
    :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ја почнав фамозната УН диета и едвај издржав една недела. Ми се јадеше многу. Ја прекинав и почнав да не јадам благо и леб, да не вечерам после 8. Ама и тоа не фати. Сега ретко вечерам, леб слабо јадам, ама морам малку благо во текот на денот. Кога знам дека дома нема и дека ми е скроз „забрането“ уште толку барам. Затоа вака си јадам да речеме по едно две колачи или наполитанки или пак еден ред чоколадо и ретко барам. Инаку не сум јас човек за диети... Плус почнав да џогирам и го користам Relax&Tone па веројатно ќе ослабам и јас некогаш.
     
  17. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Најдобро е да се има режим на исхрана. Видов пред малку (ама не пред да ја почнам диетава со супа од зелка) во „Диети“ - „Диета за оние кои немаат физичка активност“ и ми звучеше безвеза и си реков нема шанси и затоа не ја отворив. Денес се зачепкав и гледам дека е супер. Но, ја почнав оваа сега и ќе ја завршам со крај, па што сака нека биде! :)
    Видете таму, многу добро е напишано, не се лишуваш од ништо, буквално е режим на исхрана, не е диета. Јас планирам да ја практикувам таа откако ќе ја завршам со зелкава, пошто секако многу треба да се пази после, за да не ми се вратат килограмите, а овој режимов ми звучи како совршено решение :)
     
  18. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Не постои некое правило дали смееш или не смееш да вежбаш, вежбањето е голем плус на секоја диета. Зависно од тоа ти како се осеќаш и како ја поднесуваш диетата, јас на пример вода не можам да станам да си земам :D Се шалам, не е до толку, не се осеќам баш сјајно ама се е до психата :)
    Фокусирај се на крајниот резултат, на сите позитивни ефекти кои ги има, не ја сфаќај диетава како измачување на сопственото тело и сл.

    Негде читав дека можеш да ја држиш најмногу и 14 дена, ама тоа е премногу.

    Вчера пишав дека немам ни грам симнато, денес се измерив сабајле 1.5 кг мањак, што малку е не логично :D Сепак тоа се само течности, за масни наслаги да губам ќе попричекам :)

    Не се откажувам, не се откажувајте ни вие, задоволството да се осеќаш пријатно и секси во своја кожа е многу поголемо од чоколадо или пица. :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.216
    Допаѓања:
    56.865
    Пол:
    Женски
    Јас од денес морално ја поддржувам мајка ми.
    Ќе се храни според начинот на исхрана што го постира Пирамидата, нема да меша намирници од трите групи, а распоредот го зедовме од диетата на Ирена - сабајле шеќери (основна храна), ручек кисела или неутрална храна, а вечера кисело млеко, јогурт или салата (неутрална храна). Значи комбинација од овие две, па ќе ве известам колку ќе биде ефикасно.

    Јас ќе ја дружам неколку дена додека да исчезнат љубовниве дршки. :wasntme:
     
    На Trendafilka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  20. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Мјауууу :(
    Само што ја проголтав супата од зелка :worried:
    Вчера не ми беше толку гадна, ама денес па јас и се засилив, прво јадење од сабајле - супата :@
    Два пати сркнав, и готово, ќе умрев ;( Се надевам дека и го најдов крајот, зедов го затнав носот со едната рака, а со другата сркнував по малку и со вода ја пиев ко апче :) :) :) упм... шо ме тераше да ја почнувам, сега мора да ја издржам до крај, да не ми биди џабе вчерашниот ден а и денешниов до пола... Така си се тешам... ух..