Edina stranica so ja znam e iherb i my protein.com samo so ima danok na proizvodot i ni naplajkat skapo ovie nasive vo postata.
Влегвам стартно со - 600 грама во последните пет дена. Ако успеав нешто поќе од пол кило да намалам само со намалвање благо, страв ми е да замислам колку многу благо јадам. Ќе пробвам да пишам почесто, денес почнувам со вежбање сериозно, времето е добро така да удирам над 10 000 чекори. Ќе го биди.
Појадок: мафини од банана, јајце и боровинки Ручек: силбо ѓеврек Вечера: леќа, цвекло, ајвар и леб Лебот ми беше чист вишок, ама се вратив од работа мртва гладна. Класична грешка. Ѓеврекот го планирав уште од вчера Вечер ќе се вежба.
Ден бр 40 П-смуди Р-плескавица +шопска В-$$$$ ништо Ден бр 41 денеска Овошје и зеленчик До сега 1 банана 100 гр јатки +семки тиква сончоглед бадем од оние миксовите До вечер уште една салата
Се префрлам тука со ун супер одеше ама почнува Велигденскиот пост нема риба соја не јадам. Ќе терам нешто слично со два скробни. Денес јајца и сирење за ручек со салата. В.пола
Ден бр 42 Мерење денес -1.2од минатата недела Денес П-1 банана ,1 јаболка,1портокал 50 гр микс семки јатки Ручек и вечера уште незнам шо ке биде
Како дупната вреќа сум денес. Трето јадење ми е, а не е ни 3 саат. П: Ѓеврек Р: Салата У: Мусли (не планирав, ама мртва гладна сум) В: Бурито Ќе се вежба денес.
Гледај да јадеш поеднолична храна во текот на денот мислам дека така има подибри резултати И ова фастинготе убава работа пробај ако можеш со 16/8
Што е дресингот? Убаво изгледа. Јас сум на јаглехидрати денес. Убав денов Ве поздравува мојата вечера
Авокадо +сок од 1 изцеден лимон+лажица сенф+лажица мајонез и малце зејтин се тоа во блендер И многу е вкусен
Кои 6 навики дополнително го забавуваат метаболизмот и се всушност, главните виновници зошто диетите не ви делуваат? Недостаток на калории Луѓето кои го намалуваат внесот на калории и се согласуваат на драстични диети не се ни свесни дека со тоа дополнително го забавуваат метаболизмот. Се ограничувате Разновидната исхрана е клучот на добрата линија, па потребно е само да ги исфрлите празните калории и слатките. Остатокот нека биде разновиден. Недостаток на протеини Со доволен внес на протеини, работата на метаболизмот расте за 30%, па не го скратувајте согорувањето на мастите и јаглехидратите и консумиајте протеини. Статичен начин на живот Секоја диета без да бидете физички активни е гарантиран неуспех. Лекарите препорачуваат 20 до 40 минути движење дневно. Хроничен недостаток на сон Ако спиете помалку од 7 до 8 часа секоја вечер, телото доживува стрес. Во просек, ненаспаниот човек јаде 300 до 500 калории повеќе. Консумирате слатки пијалаци На телото му недостасува вода, не кафе со шеќер или сладок сок. Ако често пиете смути, сокови, кафиња и чаеви со шеќер, не го сметајте тоа за внесување на течности.
Јас денојве пазам по шо јадам ама нарочно не пишев оти имав многу низок апетит и ќе ви здосадеше како пишам дека имам еден оброк ѓеврек секој ден, една банана и чај. Како и да е ми се враќа апетитот, така да планот за денес е: Појадок: бурито со зеленчук и печурки, не знам дали имам павлака ама то ќе е идеално, ако не ќе ставам од чили сенфот. Имам марула, спанаќ, печурки, маслинки и солен кашкавал така да тој е планот за сега. Ужинка: банана, киви и чај. Ручек: омлет од две јајца со парче леб. Ужинка: чај. Вечера: салата, уште не знам каква ама сакам нешто свежо. Ќе се самоцитирам утре кога ќе пишам план за утре со се како помина денес и колку калории иди вкупно.
Ако есктремно мрзлива личност како мене успеа да симне некое килце, има надеж да сите. Вежбањето секако помага, но исхраната е најбитна. Јас почнав со броење калории и исфрлање на теста, комбинирано со вежбање. Обично доручек: варени јајца/ориз/туна/пилешки стек/смути ручек: генерално втората половина од доручекот вечера: салата или банана со путер од кикирики Имам уште за симнување, ама мислам дека битно е да бидеме упорни и да ни помине во навика и начин на живот.