(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    П.банана
    У.киви
    Р.посна пица со зеленчук печурки маслинки и марула салата
    В.еклер
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ysera

    Ysera Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Prosto ne e vistina, samo kaloriski deficit e vo prashanje, se sovetuva da se jade raznovidno za da ne opagja krvnata slika ama (plus zelenchuci i salati imaat minimalen broj kalorii) nema vrska deka so kaloriski deficit se zabavuva metabolizmot.
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Леле кој ме натера да читам по групиве со разни видови диети? Не сакам да пишувам во нив зошто дефинитивно не ми е таму местото. Ќе ме прогласат за најголем трол. Ама еве овде ќе реагирам неможам да не пишам негде, ќе пукнам ..хахаха.
    1. Навистина се запрепастив што луѓево јадат во еден ден, поточно што не јадат. Па тоа не е храна доволна за возрасен човек ниту количински ниту во однос на составот. Рестрикција во исхраната треба за да слабееш ама мислам не го сфатиле воопшто концептот на рестрикција и што тоа значи. Гладување е едно, рестриктивна диета е друго! За некои дури помислувам дека имаат некое нарушување во исхрана или анорексија. Сериозно!
    2. Кој ги смислува овие диети кои така лесно сме спремни да ги примениме? Ретко кој овде на форумиве е доволно компетентен за да кажува што е правилна исхрана, прво или зошто нема стручна подготовка или нема доволно информации, а второ зошто сите не сме исти. Сите имаме различно тело, различни физички потреби и различни здраствени проблеми и предиспозиции. Нема универзално правило што функционира апсолутно за сите. Премногу сум гледала девојчиња (а и машки) што си нарушија здравје со диети. Па уште си зимаат за право една со друга да се корегираат што е правилно а што не е. Демек овошјето мора пасирано, а не цело... мислам...Плиииззз... Како може да е во ред да се јадат кондиторски производи, бомбони и грицки што се произведува во фабрика и што стојат на полици со месеци без да се расипат, грам витамини (ни синтетски ни природни) во нив, ама нее, не било во ред овошје да јадеш? Ма дај, те молам..ова со здрав разум се коси.
    3. Никогаш нема да разберам како очекува некој траен резултат ако еден период од животот се става на строга, речиси неподнослива диета, ама после тој период пошто стоички издржал, време е да престане, па се враќа на старата исхрана или одма се пушта од контрола и јаде се што треба и не треба. Според мене треба да смениш целосно стилот на живот за да имаш некаков бенефит. Да избереш начин на живот со кој можеш да си тераш подолг период, кој функционира за твојот проблем и тежина, и кој не е како во камен напишан, туку е прилагодуван според настанатите потреби и промени. Па телото прво на 15 и 45 год. не е исто и нема исти потреби... Значи не само навиките во исхраната да се менуваат, туку и во движењето и спортот, па и поопшто - што се правиш во еден обичен ден. Телото функционира на принцип на рамнотежа, ако едно му недостига тоа компнезира. Ретко тој тоа го зема во предвид кога сака да слабее.. Не треба со ништо да се забегува. Ако сакате и трева само јадете ама пак ќе е џабе ако не сте се подигнале цел ден од креветот и мобилниот.
    Навистина не верувам во класичниве диети, во смисла не дека нема со некои да ослабнеш, него што тоа нема да биде на здрав начин..
     
    На crimson, CarrieBradshow, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.356
    Пол:
    Женски
    Зависи колкав дефицит. Ако е голем дефицит и те како се забавува метаболизмот пошто телото оди во т.н. starvation/ survival mode. Пошто телото гледа дека добива значително помалку калории него то шо му треба и почнува да „штеди“ и се шо јадиш, се се „лепи“. Дури и дефицитот не треба да е голем туку умерен.

    Океј за сега да се исправам до кај сум, си викам ако пишам тука поредовна ќе бидам со поќе мотивација. Ако скокам деној знам дека нема да бидам искрена пред себе и ќе се лажам.

    Појадокот ми беше погодок, бурито со марула, спанаќ, солен кашкавал малку, печурки. Тортиљата намачкана со павлака и малку ставив чили сенф. Оргазмичен вкус, ама изедов само полојна. :D Така да ми ја утна математиката кога внесвав пак се требаше да мерам, да одбивам, да рачунам. :rofl:

    upload_2020-2-27_16-51-14.png

    Ужинката не ми е погодок ама пошто успеав да останам на едно мало брауни, го сметам за успех. :D Не планирав да пијам кафе, од Понеделникот сум без кафе ама скроз се заборајв и се напив и едно макијато. Ама како и да е дур е умерено, а не сум испила три шолји кафе и цел плех благо - јас се сметам дека сум океј.

    upload_2020-2-27_16-53-47.png upload_2020-2-27_16-53-58.png

    Ручек со потенцијал да остани како вечера зошто многу касно јадов е две матени јајца со кечап и лут сос и едно долго перче млад кромид и две лепчиња, ама изедов само едно со уште залак од другото. Ставив две јајца ама нешто поќе од пола изедов. Мислам кажав дека имам проблеми со апетит ама ете полека се враќа, пред некој ден ни толку не можев да изедам.

    upload_2020-2-27_16-54-54.png

    Ретко вечерам покасно од сега така да веројатно ова ќе ми остани како вечера. И уз тек на ден пијам чај ама не го бројам, без шеќер е. :wasntme:

    Ќе се мерам пак Понеделник, пробвам да не седам секој ден на вага, па ќе пишам тогаш и моментална килажа.

    Пред некој да ме праша шо диета држам, не држам конкретна. :D Туку си јадам нормално, нијанса поздраво и пазам на калориски внес, полека се враќам на вежбање така да срам ми е да кажам дека сега вежбам пошто не е како порано шо сум вежбала. До сега ми е ова докажано како најефикасно дур и да прекинам да пазам толку и да прекинам да вежбам ми треба многу време за да почнам да кревам кила пошто не менвам исхрана драстично и колку толку стагнирам. Исто така сакам intermittent fasting, то едно од работите шо ми се докажаа како успешни, конкретно 16:8.

    Така да нека е ова
    ДЕН 1
     
    Последна измена: 27 февруари 2020
    На Carolin. и Alisa22 им се допаѓа ова.
  5. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Овошен јатки вода
     
  6. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Вчера:
    Д- ореви и суви сливи
    У- кикиритки
    Р-2 тонуса, компир манџа ама месото го јадев со водичката и салата морков, цвекло, маслинки и марула.
    В- не планирав да јадам но сопругот ми ги измил и исекол шампињонките на четвртинки :l:. Па така ги подварив во водичка и малку масло, ставив куркума и оригано и една павлака. Пола од тоа изедов со еден тонус.
     
  7. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    21.153
    Само да се пријавам, немам баш многу време за апдејти тука, и не сум баш идеално дисциплинирана, но некако малку по малку терам, што секако е подобро од ич.
    :D
    Генерално појадокот не ми е лош, ручек ко ручек со салата, е после следуваат гревовите....дали со кафето после ручек да лапнам колаче, и да одолеам на вечерата на семејството во 21 часот.
    Некогаш сум многу умна некогаш не. :?::D
    Но војната не е изгубена, многу битки има, некои добиени, некои изгубени и така :wasntme:
    Идемо даље :makeup::x:x:x
     
    На CarrieBradshow, Ariel, lilo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.356
    Пол:
    Женски
    Појадокот денес, ко за мене, ми беше огромен. Две јајца омлет, со малку солен кашкавал „колку да држи“ и многу спанаќ ставив внатре и една печурка така поголема. Малку ставив зелено од млад кромид и прв пат ме фати ешта за сок од брусница и си турив. Во чинијата има и прокељ, ама некако не ми одеше и го остајв. И да малку чили сенф ставив ама пола од то макнав. Марулата е декорација. А и ќе забораев, скоро поќе од пола лепче јадов.

    upload_2020-2-28_19-28-27.png

    Ужинка имав брауни, исто како вчера. И нормално, чај.

    upload_2020-2-28_19-34-18.png

    Ручекот и вечерата ми беа тортиља „торта“ со спанаќ. Мал експеримент мој, дел изблендиран спанаќ, дел насечкан измешан со павлака, јогурт, малку сирење, малку кашкавал, околу рака печурки и чили сенф колку да се „врзи“. Ептен вкусно. Парчево на сликата го јадев за ручек, за вечера си секов помало парче од ова зошто ешта ме фати кога јадеше брат ми.

    upload_2020-2-28_19-33-7.png

    И то е то за денес.
    Ден 2
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.420
    Допаѓања:
    180.079
    46 ден
    П-1 банана
    Р-киноа печирки и к млеко
    В-нема
    Настината и со милион други обврски терам некако уткам праам грешки чат пат и се надевам дека нема са зафркнам
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.396
    Допаѓања:
    142.952
    Од мали ама значајнајни успеси на денот би го издвоила станувањето од кафана за да одам на вежбање, после две ракии.
     
    На GlowGirl, NarCis@ и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Прашањево го поставив во темата за посни јадења но ќе го поставам и овде.
    Денес почнува Велигденскиот пост. За многу години.
    Ево сега за доручек си приготвив киноа едно ракиено чавче, јатки ореви, и од виталија пола овесна каша од посните од малини или тие што се со чиа.
    За ручек имам грав.
    Е сега да ве прашам: Како да ги зачинам салатите со зелка, марула, морков, цвекло. Дајте некој вкусен предлог. Главниот оброк и десертот не ми се проблем да ги направам но неможам никако да поднесам мешана салата само со оцет и сол. Ми фали тоа маслото да речам. Да не крцка. Јас сум многу голем љубител на свежиот зеленчук. Подобро од тоа за мене нема ништо.
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    За да не крцка зелката, откако ќе се посоли, малку со раце треба да се истиска, за да се одвои водата од неа и ќе стане одма помека. А јас од зачини многу го сакам зачинот од Котани - Медитеранска мешавина, добар е и за салати, но и за други јадења. Семињата, како сончоглед, сусам или тиква истотака се додаваат во салати, а покрај хранливите состојки и минералите, тие си имаат и масло во нив..за секој случај видете дали ви е во склад со постот..
    А истотака и авокадото е доста мрсничко кога е меко и ептен здраво за во салата
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.584
    Допаѓања:
    9.709
    Малку авокадо, зрело, испасирано, малку сенф, бибер, сол - помрсен дресинг.
    Или таан, лимонов сок, сол и бибер, чили, исто испаѓа мрсен дресинг.
    Дресинг од хумус и лимонов сок, протеински дресинг :)
    И јас почнав да постам, ама повеќе како vegan challenge отколку од религиозни причини.
     
  14. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Преку Wellness шејкови, супи, и таблети на природна база, го забрзува метаболизмот, еве една прекрасна трансформација. За повеќе може да ме контактирате во лична порака. IMG_20200302_215412_797.jpg IMG_20200302_215435_793.jpg
     
    На Ariel и AAKG им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Дааа, таан или хумус :l:, навистина добар предлог, а ете не ми текна на нив :lol:. Хумус и тоа домашен обожавам и често го користам наместо млечен намаз..(Само внимавајте во купечкиот хумус мислам дека има млечни состојки). Знам дека за салати зборевме, ама по 1 лажица таан, мед и 4-те мелени семиња, ми е омилен десерт и стопати поздрава варијанта..
     
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.584
    Допаѓања:
    9.709
    @angelche16 Преку таквото од реклами за хербалајф протекал продимед а сега и орифлејм шејкови!
    Баррм да си ти на сликава, а некоја што којзнае како ослабнала.

    Он топик: Има ли некој што пости? Сите посни рецепти се со милион јаглехидрати, тон маргарин и растителен кашкавал, немам инспирација.
    Менито ми е леќа, наут, прокељ, брокула, авокадо, хељда, овес, печурки, зелена салата и се така во круг.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.396
    Допаѓања:
    142.952
    @theowndemon оброците што ги ставаш како ми отвараат апетит, на крај памет диета не ми паѓа :D

    Јас што да кажам, освен тоа дека од јатките никако да се баталам. Престанав да купувам цели јатки, се префрлив на путер од кикирики, лешници... не по врат, по шија.

    Мислев дека ќе ослабам ако престанам да јадам благо, а така и ќе беше, да не заглавев со јатки. Само калориите од чоколади ги трансформирав во калории од јатки. Да, поздраво е, ама не е помалку калорично. А без дефицит - ништо од бизнисот!
     
    На theowndemon и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.308
    Допаѓања:
    261.190
    Пол:
    Женски
    Пробај да ти се оброк, не ужина. И не многу често во текот на неделата.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.356
    Пол:
    Женски
    Почна да ме примрзва да пишам јас. :D Ај од утре поредовно, реков јас и не се вратив. :tmi: :rofl:
    Инаку денес појадував јогурт чаша и едно интегрално стапче со семки.
    Ручекот ми беше три јајца матени и лепче и пол скоро. Си напрајв и салата од свеж кромид.
    Вечерата ми беше не цело парче зелник, ептен сакав да го пробам зелникот кај другарка ми. То е стрвна душа. :sweat:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ако ти се допаѓа тофу, во ДМ имаше и не беше многу скапо, може убаво да се искомбинира и плус протеини ќе добиеш. Исто, семки од тиква, во салати и општо се доста добар избор на протеини и ќе те заситат. Бонус совет, ако имаш време, Јутуб и вегански рецепти. Има еден доста фин канал, pickuplimes, девојката е нутриционист и рецептите се избалансирани и хранливи, со инструкции со се'. И прекрасно се направени, мерачки за гледање, сигурно ќе ти дадат инспирација :):):)
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.