Пишував едно време и јас на темава. Со изолацијава дома мислев ќе изгубам волја за вежбање и јадење здраво ама напротив. Симнав програма од една наша фитнес инструкторка и се фатив за работа активно. Веќе поминаа три недели и морам да признаам има убави резултати засега. Нозете ми се веќе позатегнати, стомакот ми е намален, лицето разубавено. Иако не се приметува од страна многу, јас за себе знам. Она што особено ме радува е што конечно ми стана не да речам зависност, ама убава и редовна навика вежбањето. Дури и кога одморам, си правам лесни вежби. Дури и да не ви е целта слабеењето, нема никаква штета од пола саат размрдување во денот. Од вежбање никој не станал екстремно слаб. Научив да експериментирам и во кујна и ми стана забавно готвењето на здрава храна. Значи не зборувам за конкретна диета, туку знам што се' и кога можам да јадам и секој ден правам различни комбинации наместо да се оптоварувам дека тој ден морам специфично тоа и тоа. Затоа никогаш не ми успевале диети. Всушност има успешни диети, да, но ми биле досадни и брзо сум се откажувала кога ептен строго ми е наведено тоа јади, тоа не јади. Добро секако имам правила што со што смеам дента да комбинирам, што не, но сепак изборот е многу поголем од една строга диета. Како што чув од жената чија програма ја имам - не барај добра диета, туку добра храна. И се согласувам. Барајте режим на исхрана по кој со години ќе се водите, не само додека ослабете за потоа пак по старо и така се' во круг. Точно дека секој режим е некаква диета, но има разлика од тоа да се водиш строго по диети како не знам, УН, кето и други, до тоа само да се информираш што и како се јаде и сам да си комбинираш по желба и да тераш така цел живот. И во едно сум сигурна - дека многу подобро се осеќам. Иако три недели се многу малку за да делам вакви совети, како некој што со месеци пробуваше све и свашта, сега се пронајдов. И помалку купување скапи чаеви, таблети и не знам што кои се скапи и чиј состав не го разбирате. Всушност воопшто не ги купувајте. Наместо тоа, парите потрошете ги на здрава храна или пак за тегчиња за вежбање или други реквизити што многу повеќе ќе ви се најдат.
Денес сабајле мусли со млеко. Десерт: Јагоди. Ручек: Варени па печени печурки со буковец и сос од сенф и мед Вечера: Пола литро јогурт. Искрено мусливе не ми се избор со протеинска исхрана ама на работа тоа ми беше изводливо. 3/3
Се враќам назад Ми се случија доста лоши работи и само јадев и јадев и веќе неможам да се гледам. На некоја своја исхрана сум, колку можам по здраво и намалена количина еве веќе 5ти ден. Незнам дали некогаш ќе се научам на ред и да ја сменам исхраната за цел живот. За доручек имам јајца, јогурт, туна, урда,нркогаш по малку домашно сушено месо со две кришки тонус леб. Во принцип тие оброци ми се вртат. Ручек месо, компир, ориз, грав, супа, риба и т.н со салата. Помеѓу ужинка некое овошје. Е сега сакам да прашам вие што повеќе знаете, дали кисела зелка и пиперки од туршија се многу калорични. Знам дека свежа салата е најдобар избор ама ете во ситуација кога баш немам да заменам. Дали ќе ми смета во резултатите? Благодарам и успех на сите
Фала на мислењето. Ќе размислам секако. Но, направив крвна слика секако, така и отидов кај него. А некако за фитнес тренер, ок е за вежбањето и исхрана, но што може лично на мене да даде? Сепак исхраната ја правев 1 месец, што значи нема време телото кога да се навикне. Дефинитивно ќе размислам. Секако дека разговарав, и не ослабнав ниту 2 кг, а се плашам дека и резултатите што требаше да се подобри, дека не се. Навистина морам да размислам. Секако и брзо не е во ред, но тој предлага 4-8 кг. Навистина сум изненадена, со оглед на доброто мислење што го имав. Имам право да побарам и друг вид на помош и мислење од некои членови ако користеле негови услуги.
Докторот учел за лекување на пациентите не за фитнес исхрана Ако е доктор незначи дека има знаење околу фитнесот пошто знаењето на фитнесот се стекнува со текот на годините, со текот на свој тренинзи и свој начин на исхрана. На денешно време сите се фитнес инструктори дури и докторите. 70% од нашите доктори мислат и тврдат дека веј е хемија. Од таков чоек небарај правилен начин на исхрана. Сепак и постојат такви доктори во мк кој имаат искуство со исхрана, тренинг, хемија и слично. Дајси маллу време, види како ќе реагираш на програмата која веќе ти е направена и ако немрдаш на вага, пробај сама да сменеш нешто во исхраната. Добра стара метода е да го шокираш организмот. Една недела јади храна која што не си ја јадела долго време и после пак вратисе на режимот на исхрама оти телото се навикнува на едем ист режим на храна. Ќе имаш резултати само ти треба време. Некогаш треба и маллу поќе време но упорност само
Ајде добро утро. Денес 4ти ден. Вчера си се почастив и непечени индиски ореви. Ама затоа денес комплетна рестрикција. Доручек: Јајца (5 белки и една жолчка), патлиџани и малце сирење. Ручек: Варен стек со пченка и марула. Вечера: Јогурт. 4/4
@poetesa09 можеш ли малку повеќе да напишеш за консултациите со докторот? Колку често има консултации, колку детален план дава, строг ли е режимот, достапен ли е за консултации, што се јаде и слично. Ми требаа информации за докторот за работа со пациенти со дијабет, ама и информација како работи генерално би била добредојдена.
Секако дека секој може да се прави експерт, но имаше добри мислења и затоа пробав. Јас долго се борам со овој проблем и мнг пати сум била и поупорна, но веќе и сум уморна... Кои се тие доктори кај нас што имаат искуство со тренинг итн, кажи ми ги плс... е не мрдав, и сеа малце праам по моја логика...иако пак пазам. Тоа со навикнување некако не верувам ама ај хаха Фала ти на совети.
Планот е ептен детален, нема збор. Секој ден контактираш како ти се движи тежината. Но кај мене тек на крај коа ја му посочив и реагирав дека нема промени, тогаш ај вака така, ама пак ништо. Малце од тоа сум изненадена. Достапен е секогаш. Исхраната си е како што пишува тој, медитеранска. Јас на нет читав доста пофалби, ама кај мене не знам. Може некому помогнал, сеа да не зборувам нешто лошо. Затоа и пишав тука, мислев некој ќе сподели мислење. Позз
Ја почнав диетата на ирена што е ставена на форумов, денес . Дали некој ја има држено, некако страв ми е да не одам у плус ради што секој ден појадок благичко има? . Не се осеќав гладна, воопшто. Инаку на мени денесовака замислив) појадок леб и мармалад со маргарин 1 бисквита ручек со парче леб вечера варен дроб некое парче-видов на нет декаима мн протеини и чашка јогурт. помина ова и заседив до касно каснав 1 бисквита со малку мармалад(не е ниедно лажиче, саамо за беља) Ако ја има држено некоја инбокс да пиши..
Александар стојменов - еден од најдобрите тренери и исто така добар доктор. Моментално фб му е дисконектиран и страницата му е дисконектирана ради што не работат теретаните и зато не го користи фб али можеш да го заследиш покасно. Еве едно видео па ко ќе имаш време слушниго
Денес осеќам криза. Доручек: Цезар Салата (без мајонез и брускети, односно варен стек, марула и мексиканска салата). Ужина: Неколку непечени бадеми. Ручек: Варена риба со лимон. Вечера: Белки, Јогурт и малце сирење. 5/5
Гледав вчера(кога мислев да се откажам од диетата) на you tube дека во неделата добро било да си допуштиш еден ден кога ке јадеш што сакаш, ама само еден ден, за да не се прават киксови по "почитување на правилата на одредена диета" . https://www.livestrong.com/article/282152-do-cheat-days-work-for-a-diet/ Еден ваков ден , за време на викедд е добро да се има.
Диетата на Жан Митрев е катастрофа. Тотално измачување на организмот. Губиш килограми да, но ги враќаш после одреден период нормална исхрана.
Јас после 1 година вратив само 6 кг и тоа беше поради што исхраната не ми беше баш нормална, а со истата исхрана и која било диета предходно да сум ја држела истото ќе се случеше. Така да со твоето мислење не се согласувам.
После секоја диета ако не се внимава на исхраната се враќаат килограмите . Мене откако ја држев Ун диетата ми се вратија килограмите
Точно така , со секоја диета се враќаат килограмите и затоа е само кратко привремено решение. Нов начин на исхрана кој ќе стане секојдневие е долготрајно и здраво решение со кое сигурно ќе видите резултати и ќе можете да ги задржите, а не 5 дневна , 10 дневна или 30 дневна диета со кои само се вртите во круг.