Јас со диетата на Жан Митрев не успеав да ослабам. Таа нели се држи 5 дена, па 2 дена пауза. Јас 5 дена супер издржував и супер резултати имав, ама за тие два успевав се да упропастам. Треба да си крактер и да пазиш и за викенд. Со УН можеби поспоро оди, ама мене таа повеќе ми успевала. Најмногу ослабев без некоја посебна диета. Јадев многу салати, пред скоро секој оброк и не јадев благо, освен понекогаш малку мед.
За да ослабнете најважно е калориски дефицит. Тоа е. Нема некоја филозофија. Повеќе да трошите отколку што внесувате. И физичка активност. Може понекогаш да внесувате и junk food. Зошто да не? И таа е за луѓе, но гледајте тоа да биде сведено на што помалку. Диетата на Жан Митрев е калориски дефицит, но е изгладнување и оптеретување на организмот. Плус, не го храните доволно мозокот. Ве ваќа нервоза, глад, губите концентрација, ви паѓа шеќерот.
За последниве мислења ^ Баш зборев страна поназад. Диета е океј ајде за слабеење ама после што? Не е работата ослабни па пак јади све и сешто, туку ослабни и ништо не менуваш во исхрана и си ја одржуваш тежината. Единствено може оброците да бидат поголеми ако сакате да ја одржувате саканата тежина. И не мора нула јаглехидрати за да ослабете. Може ќе ослабете ама никако не смее да ви е редовен режим на исхрана. Јас еден оброк во денот внесувам јх, доручек или ручек, ама гледам да не се и многу застапени. И многу вода.
Да, повеќе салати всушност водат кон калориски дефицит. Те заситуваат пред оброкот, а малку калории имаат. Плус здрави се. Каков режим и да држи човек, после 3-4 недели се навикнува и на тој тип на храна, и на помали количини. После веќе не е тешко да се одржува тежината. Само да се издржат 3-4 недели...
Човек треба да се научи од се да касне. Нема ништо лошо во тоа. Јас веќе 2 години одам во теретана, ама знам да си дозволам junk food повремено. Многу е важно и каква работа работиме, колку работиме, колку трошиме. Канцелариска работа и физичка работа не се исти. Некој што работи на плац истовар-утовар салати не можат да го држат. Изгладнувањето е најлошо. Квалитетните јх даваат енергија и го хранат мозокот.
Здраво на сите Си го имав заборавено акаунтот и дека едно време бев член на форумот ама ми текна деновиве, баш кога цврсто решив дека сакам да изградам солиден ,здрав однос со храната (првично) и воедно да намалам на килажа малку( изгледам сосема здраво, неколку кила се во прашање).Маката моја датира од времето кога бев малце полничка и со премногу рестрикција ослабев доста(станав таман ) ама развив binge eating disorder како нездрава навика и тоа многу ме изморува и поттиснува( пр си јадам нормално избалансирано 8дена, 9тиот имам an urge од никаде и се трујам самата себе) .Да не бидам офтопик сега, денеска: П- не појадував пошто синоќа изедов повише од доволно и не бев гладна Р-салата и домашни овесни крекери В- јадев портокали тоа ми сакаше душата Иначе си трчам секое утро и сум на intermittent fasting 16/8 и супер му е тоа на мојот организам, не осеќам глад.
Ја започнав вчера, ококу доручекот не бев сигурна само. Јадев јогурт со овесни, чиа и ленено.. Дали е во ред тоа? Денес јадев за доручек палента со павлака, турско кафе без шеќер и зелен чај..
Еве јас од денеска: П: киви Р: манџа грашок(посна) +салата В:оризови галети и хумус За ужина неколку овесни крекери, физичка активност - трчање
Не сум на диета, јадам тоа шо ми вкусно и ме прави да се чувствувам убаво Денеска : П- vegan protein powder, granola bites домашни Р- киноа со марула В- најверојатно леќа ќе биде
Искуства од вас која е најефикасна диета и така најбрзо имате резултати, ми треба да симнам уште 2 3 кг што најтешко се симнуваат... :/
Ленено, овесни снегулки и чиа со јогурт наутро. Батали чоколадо,барем после 17ч немој. Исто и грицки отфрли. Мој предлог е да ја практикуваш диетата со лимони 14 дена(прв ден еден линон, втор ден два лимони..) комбинирано со доручеков, ГАРАНТИРАНО, ИСПРОБАНО
П: интегрален ѓеврек со хумус( колку да го пробам дека беше пресен, мало парче си пресеков) Р: салата У: лешници В: ориз со праз и печурки Трчав како и секое утро и пешачев после пак (така испадна денеска), it was a good day
Девојки карантонов си го направи своето Сега сум права панда Мислам психички се уништив кога видов колку кг имам ..... сакам да ја почнам диетата на жан митрев колку да напрам детокс на организмов ...да напоменам дека пијам чајеви детокс и кирколина и резултатот е само добивам многу гасови и ништо друго ... Не знам од каде да почнам и каде да завршам ....
Овие последни три дена си претерав со благо и грицки .. Еве денес сум повеќе на салати и овошје а од утре ќе почнам и со физичка активност
Фала ти многу. Секако ќе го слушнам. Но ако сите социјални мрежи му се исклучени, каде да го најдам и заследам за подоцна. Не сфаќам зашто би било тоа така... Позз
Денес почнав ама додека да си легнам да спијам ќе мислам на доручекот утре. Т25 кардио што едвај го издржав до пола и глава ме фати. Појадок манастирски леб со путер, хумус, варено јајце и печеница, ручек зелена салата и беби спанаќ, варени брокула, карфиол и морков, со пилешки стек, вечера класика мимоза, Велигден е де, додадов и пченка, да не ми дојде ту мач глад де, пуна шеќери, ама... А да, имав и две ужинки сиротата јас, пола банана сабајле и едно зелено јаболко.Утре подисциплинирано. Почнав и со домашни вакуум масажи со масло, плус го ископав рилакс енд тоун од дното на плакарот. Треба да земам некои ензими и пробиотик, не варам протеини добро, белки од јајца ми се ноќна мора.