Инстаграм му е активен моментално. https://instagram.com/dr_stojmenov?igshid=1r6xp26f4msq8 Секој ден има нови сториња со начини на тренинзи и исхрана.
@Justicija не си само ти.Скоро сите во карантинот качивме по некое кило. Ако сакаш поддршка јас сум од утре на ун. Ако кирколината е лаксатив само белја можеш да си направиш!Почни од ден 1 на ун па step by step, day by day ќе одиш.
Мој предлог, доручкувај овесни со јогурт, додај ленено и чиа, пијај вода со лимон по 2л барем, на ден. Не вечерај скроб ни јаглерохидрати. Само протеин и салата. Можиш пред легнување да пиеш вода со мед и цимет за 2/3 дена ќе бидиш како нова
Нема потреба. За издржување ќе издржиш ама сигурно не ќе можеш цел живот само месо и зеленчук да јадеш. Веднаш штом прекинеш со тој начин на исхрана ќе се вратиш на стари навики и ќе јадеш јх, леб, благо ко невидена (и мене ми се случи истото, скоро година не јадев леб, благо, само еднаш неделно црно чоколадо и после година почнав да јадам и друго благо, леб, тестенини, не можев да се исконтролирам колку јадам. Реков доста е, нема да си забранувам што да јадам. Сега јадам и благо и леб(едно парче) и тестенини и се што сакам, ама со контрола не да земам цела чоколада да изедам или пола леб. После диетата имав 54кг а сега откако јадам се имам 58кг. Морам да напоменам и дека вежбам секој ден и пијам доста вода). Она што сакам да ти предложам е да исфрлиш сокови и грицки и бел леб, а да намалиш на благо ќе јадеш пр. 3 пати неделно за да не ти се случи истото што ми се случи мене. За појадок јади овесна каша, варени јајца со парче ржан леб, хумус со парче леб, можеш и смути. Кафе и чај без шеќер и млеко. Ручек може секакви манџи, печени или варени меса, ориз и компири во помали количини, салата задолжително и парче леб ако не можеш без тоа. Вечерата гледај да е полесна пр. јогурт со семиња, салата од зеленчук, може и јајце со чаша јогурт, само да не внесуваш шеќери навечер. Нормално можеш да јадеш и пица и тестенини и се што сакаш, само да не е често и ако за ручек јадеш покалорично за доручек јади само овошје или прескокни ја вечерата. Јас вака сега се хранам и немам никакви кризи за ништо. Добро би било да имаш некаква физичка активност. Сметам дека сите диети имаат краткотрајни резултати, треба се што сакаме да јадеме ама умерено и да не се прејадуваме.
Не пишав така, ни јас не го правам тоа. Доколку сакам проја, кифли, макарони, земам наутро. За ручек не се замарам многу ама гледам да не мешам протеин и скроб. А за вечера да не е јгх и скроб. Салати најчесто. Земам изварка, краставица рендана, малку павлака(2 лажици) и ореви сецкани, мешам и јадам
Фала за долгиот пост Вака мака мачам со диетиве , бидејки имам вишак , штом држам диета ке ослабам но проблемот е што одма ги враќам кг Што се однесува на режимот без леб,благо,газирано , не знам зошто но ова не делува кај мене , сум пробала но никаков резултат
Под масти на какви се мисли? Месо и млечни производи? Зашто месо и во протеини се става, затоа прашувам.
Па не биди на диета, имај си здрава исхрана со која ќе тераш цел живот што се вика. Затоа сум против диети. Особено УН ми е многу глупа. А вежбаш?
Па месото е основен извор за протеин како и јајца, риба, млеко, јогурд, кашкавал, сирење. Е сега имаш масни протеини и чист протеин.Чист протеин ти се јајцата, белото пилешко месо, риба, мисиркино месо. Масни протеини(кој содржат лош холестееол) свинско, телешко, риба панга, говедско месо,цело јајце. Млекото содржи масти али содржи и лактоза како и сирењето. Масти било лоши или добри, не се мешаат со хидрати пошо дел од хидратите се искористуват за енергија а дел одат во сало поправо поткожна вода а мастите дирекно во сало. Мастите се варат споро и ради то ја успоравуват дегестијата на хидратите. Добри масти се фстак, ореев, кикира, лешник, бадем.. Лоши масти имаме во чипс, пржен компир, свинско месо, жолчка од јајце....
Сигуно можеш да најдеш барем 20 мин - 30 мин? Инаку, штом викаш немало ефект кај тебе исфрлањето на благо и газирано , тогаш веројатно и другиот дел од исхраната не ти бил регулиран. Пробај да ги планираш оброците, направи си распоред за следен ден или неколку дена што ќе јадеш и води се според тоа.Можеш и да зготвиш нешто однапред. Леб не ти треба скроз да исфрлиш, замени го со леб од цело зрно, исто и благото ограничи го на многу помалку од тоа што јадеш сега.Не јади меѓу оброци, во случај веќе да го правиш тоа.Исто и читам си пишала горе да се префрлиш само на месо и зеленчук, зеленчук дефинитивно внесувај секој ден, ама месо не ти треба во толкави колични, затоа што можеш да имаш и други неубави последици.
Професионално објаснето браво Така е и правилно, зеленчукот е доста битен, можи и без гладување да се слабее.
Ги враќаш бидејќи откако ќе ослабиш се опушташ и јадеш повторно исто како и пред диетата. Најдобро ќе е според мене да јадеш се што јадеш досега ама на пола, пр ако јадеш две прачиња бел леб замени со едно парче ржан, од ручекот пола, од благо ако јадеш цел ред чоколадо сега пола и така за се. Измеѓу ако ти се јаде можеш салата, или овошје и јатки, таман сега иде лето и ќе има се во изобилство. Исто пиј течности и ќе имаш чувство на ситост. Со ваков начин каде што ништо не исклучуваш од исхрана, а ќе намалиш количински нема шанси да вратиш кг. Ќе ослабиш со сигурност ама на подолг период не за една недела како со диети.
Јас имам симнато апликација за вежбање, штиклираш кој дел од телото сакаш да го средиш, па ти дава програма според тоа. Јас избрав стомак и нозе, вежбите ми се 6 мин, ама јас ги правам дупло и вежбам околу 13/14 минути, секоја вечер или преку ден, зависи. Ефективни се, денес ми е 14 ден. Секој 5ти ден пауза ама пак вежбам и тогаш, мене што ќе ми текни
Ќе може да ја пишеш која е апликацијата?! Тенкс. Ден 5ти. Диета, лепота. Жива гладна, зобам бадеми непечени. Пропусти еден тон, но -3кг, тоа вишокот течности. Ова ми е транзит кон посериозно нејадење и слабеење. Вчера рипнав и не вежбав, ама пешачев, имам сериозни денови кога не можам мал прст да мрднам, не па да вежбам. Вчера беше таков страшен ден, па го поминав со пешачење, дури и тоа беше ту мач. Имам страшни главоболки. Секогаш вака кога токсини вадам од себе, ми се плачеше дури.
Ги симнав. Мислам дека сум официјално -17 кг. Не сфатив колку е голема бројката додека не ја напишав... Мојата цел е да ослабам уште 15 кг. Тоа ми е цел до Нова година. И тогаш би била со вишок, но секако очекувам и повеќе мускули и се тоа да изгледа подобро. Едит: Инаку, верувале или не, откако започнав да слабеам, до ден денес, не сум мрднала ни сантиметар во бутовите/внатрешниот дел на нозете. Мислам дека до 60 кила да стигнам, 55 од нив ќе ми се во бутовите. Најмногу каде што ми се познава е горниот дел кај рамењата и клучните коски и лицето, а и во горниот дел на стомакот и малку во долниот. И тоа не е затоа што не правам доволно вежби за нозе туку затоа што кога слабееш телото ти одлучува каде прво ќе ослабеш. Ве читам, и само сакав да ви го кажам тоа, дека правење стомачни не ви го намалува стомакот туку самото трошење на калории и вашата генетика која одлучила за тоа. Така да ако не сакате такви вежби, не се мачите.