сега јадев салата, за 1 саат ќе биде ручекот готов пак полнети пиперки и тиквички полнети со ориз и зеленчици, без месо ќе каснам тоа малце, после накај 7 пак ќе јадам малце вчера јадев за ручек пинџур и мусака од тиквички за вечера 2 пржени јајца на маслинов зејтин со патлиџан и 2 ужинки- овошје т.е праск и црешки...и тоа беше се! се ролав 1 и пол саат! денес се си мислам само 1 саат да возам, зашто ми е досадно бидејќи немам друштво, а сосема доволно е 1 саат! инаку мајка ми ми кажа дека сум ослабена , што значи веќе се приметува, зашто таа освен здебелена си , ослаби , друго не сум слушнала од нејзе
Денес станав поранко, пред 12 . Пред појадок пола литар вода, а за појадок јадев еден портокал и две праски. За ручек и денес ќе јадам гравче ама сега во тавче м м м и салата. За вечера како и синоќа еден домат и мало парче сирење. Вчера започнав да трчам. Продолжувам и денес.
Незнам дали некој ја има напишано диетава ама сакав да ја споделам со вас Ми ја даде другар спортист и диетава е за ако имате 5, 6 кила вишок... 1 ден појадок : кафе ручек : 2 варени јајца вечера : 1 стек, салата, свеж морков 2 ден појадок : кафе и празна кифла ручек : 1 стек, салата, овошје по избор вечера : овошје 3 ден појадок : кафе и празна кифла ручек : 2 варени јајца, салата вечера : салата 4 ден појадок : кафе и празна кифла ручек : 1 варено јајце, свеж морков, парче сирење вечера : овошје 5 ден појадок : морков со лимон, кафе ручек :овошје вечера : 1 стек, салата 6 ден појадок : кафе и празна кифла ручек : пилешко вечера : 2 варени јајца и свежи моркови 7 ден појадок : чај со лимон ручек : стек , овошје вечера : што сакаш ... Јадете само тоа што е напишано, по тој редослед, и не мешате.... За недела дена ослабев 4 и пол кила ( се слабее и повише ама неможев да му одолеам на сладоледот па малеце зезнав работа )
И мене денес ми е овошен ден. Си купив едно лубенче, ќе си грицкам цел ден, ми се здосадија веќе праските и кајсиите.
Јас пред една недела бев на диета.Не некоја строга.Не јадев благо,јадев повеќе овошје,пиев повеќе вода и не јадев во големи количини.И од диетата ослабев 3-4 кила.Задоволна бев ама наместо да продолжам јас ја прекинав диетата и си почнав пак по старо ама не се вратени килцата уште
Девојки знае ли некоја од вас да ми каже колку калории има во кроасан 7Days Max, држам некој свој режим на исхрана па сабајлево доручкував кроасан...
350-60 калории и многу масти, јас ја направив истата грешка како тебе. Ама терај натака. Инаку јас ручав пире со гулаш, и малку селски леб(баба ми пратила).
Не си поверував на очите колку многу имало...фала ти многу, а си викам ај ќе изедам еден кроасан ништо не е, големо чудо , а инаку се тешам со тоа што сега за ручек изедов само едно варено јајце и еден домат, а до вечер само салата...и секако возење велосипед најмалку половина час
Јас готово! Се откажав од супата со зелка! Ја изедов сабајле, после еден домат и краставица изедов и седам, седам... и готово, ќе пукнев и повратив ... Така да не знам.. пробајте вие, ама јас не можев. Сега на тој режимот му се мислам, од утре да почнам ко човек да си се хранам, оти со вакви створења како супава јас не можам
Јас задоволно можам да кажам дека ослабев и сега пак можам да си влезам во омилените панталони од лани кои пред 2 недели со мака ги закопчував Јадев салати- пола домат и пола краставица и едно тенко парченце леб со проѕирна летна путер потпечено на тостер и насечено на коцки во салатата. Правев разни варијации на оваа салата, исто јадев многу овошје и пиев многу вода, а ако ме правеше гледна водата цедев во неа малку лимон Од млекото со кафе не можам да се откажам, него си го пијам редовно И не ме тепајте- месецот повеќе пушам цигари- порано се филмав а сега онака си пушам по неколку дневно и ноќно де
Јас денеска одвај издржувам. Немам енергија цел ден, желудникот ми свири. Денес ми е најлош ден, од вкупно 22 дена на диета. Изедов три мали праски, една банана и половина кг цреши. Ајде си викам, ќе помине, испив еден зелен чај, еден од брусница, не бре, не оди, не ми е мозокот фиксиран на некое јадење па да мислам дека ме залажува тоа, ова е чист глад. Чувствувам во стомакот, гладна сум. А денов не мрдна... просто не мрдна.
Не мисли на јадење Трендафилке. Јас серии гледам, зумбам, се занимавам со нешто, да не ми е паметот во јадење. А богами и да ми е, немам ништо во фрижидер освен лубеница и неколку праски Ајде, ќе помине.
Бравос за тебе! Ме интересира, само салати јадеше, онака мислам летно се хранеше? Јас сакам да почнам некој режим, гледав еден го фалеа многу, па собирам плус информации од сите по нешто И колку кг. ослаби ако не е тајна, за кој период? Фала и со среќа летово, си се рајатиса ти
Денеска јадев едно парче мартадела со малце лебче и чудно цела ден не чуствувам глад.Попладнето вежбав скоро еден сат со вежбите што ги постирав во една тема,потоа на трчање и папсав,неможам повеќе.Од сега морат да праам некоја комбинација,кога не одам на трчање да вежбам,кога одам да не вежбам.И така.Се надевам немат да ме фатит некој глад вечерва па да се најдам за цела ден што не сум јадела.
Прееска пишав дека планирам да ја држам диетата со јаворов сируп,и ја почнав уште денеска.Си купив јаворов сируп,го платив 380 ден и еве цел ден сум на тоа + 2л вода до сега.Така да држете ми среќа да издржам барем 1 недела.Инаку сега се спремам да одам да возам точак едно саат ипол два(како вчера)
Ако те фати глад пиши тука па ќе ти го истераме, да речеме со некоја ваква слика Spoiler и потоа за инспирација една ваква Spoiler Па затоа сме и тука нели
Сега се вратив од трчање. Трчав и пешачев, комбинирано. Немам кондиција, па затоа стратувам со 20 минути во кои наизменично и трчам и одам. Секој ден ќе скратувам од пешачењето, а ќе го зголемувам трчањето. И така некој период 20 минути, а потоа и времето ќе го зголемувам. Ете тоа ми е планот. Полека, несакам да се форсирам и на крај да завршам со воспалени мускули. Пред да земам да трчам освен што пешачев воопшто не бев физички активна. Моја грешка! Сега уште малку и ќе вечерам. Еден домат и малце сирење. Стандард вода 2 литри на ден минимум. Еден поздрав од мене диеталки .
виножитка сака Мораше да ме потсети за најубавото тело на земјава 10 саати на ден да возам ролерки ќе направам ли вакво тело хахах се шалам, инаку возев саат и пол денес, и не се заморив веќе, супер ми е почна кондиција да ми се набива од ручек не сум јадена, а и не знам што да јадам
Заокружив со 947 калории,половина час орбитрек и 8 км трчање. Јас на вас просто ви се дивам,најсериозно.Јас не знам што е ова од мене.Кажав и порано,јас не јадам нешто особено калорична храна секојдневно (уживам повремено),дали телово ми е навикнато на треви и вареници или што е работата,стварно не знам и да се превиткувам од глад 10 дена,јас нема да мрднам.Сега слабо јадам,стандардно лето,па не ни дојадувам тоа што треба,а вежбам,на прв поглед,фармерките ми клапнале,стомакот ми се вовлекол,изгледам ко да сум ослабела шо да ти кажам,качи се на вага...у плус.Епа не сакам мускулна маса и не сакам!!!Сакам тоа што го гледам да го видам и бројчано толку малку!!!!