(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Lose weight App for woman :)
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2020
    На Tanja03 и Lilit им се допаѓа ова.
  2. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Втората:)
     

    Прикачени фајлови:

    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Браво, како ослабе?
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Помалку храна без нутриенти, повеќе активност и најбитно - трпение.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali ima nekoj vo grupata da ima hipoterioizam da mi kaze kako se spravuva so kilazata i sakam da prasham lade da pravam test za intolerancija na hrana dali ima nekoj takvo iskustvo
     
  6. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми предложи путер со кикирики, да е здрав без многу шеќери ми треба за во диета :)
     
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Јас го јадам овој, нема додатоци.

    peanut-crunchy-900-500x500-450x450.png
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.049
    PUTER-OD-KIKIRIKI-AMIA-3976dhjyk5iroyf6co1pmo.jpg
    Го има само во Кам, околу 40 денари е. 100% кикирики, без никакви додатоци, со преубав вкус и одлична текстура. Еден од омилените производи општо у животот ми е!




    Туку, малце да "пофилозофирам". Ако пандемијава не ве инспирираше малце подобро да се погледнете себе си, вашиот лајфстајл и колку всушност се грижите за вашето здравје, не знам што би ве натерало! Можеби евентуално лично негативно здраствено искуство кое можело да биде избегнато доколку сте ја сфатиле сериозноста на здравјето и сте ја прифатиле целосно одговорноста кон самите себе порано!

    Претерано многу оправданија. Не знам дали е заблуда во прашање или искрено сте уверени дека е толку многу тешко и дека немате доволно време. Ако немаш барем 30ина минути во денот да правиш било каква активност, макар тоа и да е побрзо пешачење околу маало, тогаш диетите ви се најмал проблем. Ебено приоритизирајте си ги приоритети! Аман! Станува збор за твое здравје, моментално и она во иднината. Иди шетај пола саат еден ден, друг ден скокај на јаже 15тина минути, трет ден вози велосипед, што знам... Најди време! Остај како изгледаш, туку како се чуствуваш? Како очекуваш да се чуствуваш добро, здраво и квалитетно ако како битие не мрдаш?!
    Заеби процесирана храна. Аман веќе! Пред да стаиш нешто у уста, запрашај се како тоа нешто ќе делува врз твојот организам? :fubar: Не е само прашање на килограми и сало и изглед, туку жив организам си, гледај што поквалитетни ствари да внесуваш! И не е толку тешко, не е! Не јадеш паста? Океј, знам, пастата е бабарога. А место скроз да ја баталиш (освен ако у желудник ти праи проблеми), зошто наместо да и' додаваш хопла, кечап, сирење и некој си таму рендом прашок за инстант сос, не и' додадеш брокула, домат, парче мевце? На пример?! ^_^
    Се изгладувате на периоди, после ги враќате килограмите, одвратно се осеќате, тешко, не можеш да мрдаш, успорен си, тешко дишеш, бла, бла, бла.... Имате краток спектар на перцепција! Размислувате за 2-3 месеци, наместо за цел живот. И тешко било... па тешко е! Си гнетел 10/20 години се' и сешто и сега очекуваш у рок од пар месеци со поквалитетна исхрана да се средиш? А што понатаму, бе? Ако мислиш за доживотно, нема да се замараш за диети и за како рендом диета не ти дала разлика за 2 месеца. 2 МЕСЕЦА! :rofl:

    Колку повеќе ве читам, толку повеќе ми иде да врискам. Ова е подршка, не ме сфаќајте грешно. Tough love, зошто очигледно фали! ;( Премногу цимолења, циу, циу, циу, држев диета 3 месеци, не ослабев, циу, циу, циу, ги вратив после некое време, циѕ, циу, ЦИУ!! |-)

    Сакајте се и почитувајте се со тоа што ќе си давате поквалитна храна и некаква активност. Да се осеќате добро барем и да сте здрави!

    Со почит и со среќа! (fingers) :hai:
     
    На DevilGirl212, Queen of Hearts, Noemi и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.774
    Допаѓања:
    162.926
    Вчера ден за стомачни. Денес - кога дишам ме боли.
    Визуелно малку се гледа веќе, ама сосема малку.
    Пак пропути, ама реков транзиција е ова, транзиција кон фастинг со кето ( евентуално хроно, ама по мое хроно).
    Целулитчето покамува знаци на губење. Леле јако боли вакуумот, тоа закоравено, страшно, ко ќе го смукне... па после рилакс енд тоун, жар црвени нозете, без модрици сега за сега. Сакам да земам нешто од ГУАМ, ама само етерични масло од цитрусни овошја било успешно, се друго било лага и хемија која не помага баш. Па се мислам, а масло имам... Среќа затворени сме, иначе знам дека немаше само да се мислам.
     
    На SunnyGirl2, AAKG и Stefani999 им се допаѓа ова.
  10. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас да си пишам update од неделава- Трчав 4 дена, еден пешачев, вчера иако трчав јадев по калорична храна и благо секако( ето мало ПМС:rofl:) ама дефинитивно не беше binge( за кое шо сум горда :clap:) Ќе се мерам ма 1 мај:D Се осеќам полесно, рано е другите да кажат ама најважно од се јас се чувствувам одлично од храната што ја внесувам. :)
     
  11. Spenstar

    Spenstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Девојки, немам пишано на форумов дооолго, меѓутоа ситуацијата стана алармантна :D. Висока сум 161cm и последнава година прилично се залежав, па така од 55 постепено се качив на 65 килограми. Верувале или не, за време на карантинов во еден месец накачив уште 5 килограми и така стигнав до рекордни 70, што за мојата висина и не е баш добра бројка. Се чувствувам неудобно и лошо во своја кожа, едноставно непривлечно. Самодовербата околу изгледот ми падна на прилично ниско ниво, пред секое излегување ми треба доста време да одлучам што ќе облечам, бидејќи 80% од гардеробата едноставно не ми стои веќе. Ми се смачи од константно криење во 4-5 широки блузи и залажување дека “океј е, не изгледам лошо ни вака“. Инаку, не сакам некоја брза диета што ќе ме доведе до убава бројка на вагата за кратко време бидејќи релативно брзо слабеам, но знам дека за некој месец пак ќе си дојдам до легендарнава 70ка. Знам дека одговор на ова е едноставно, па почни со промени, што чекаш :D, меѓутоа потребна ми беше мала дополнителна мотивација и поддршка. Ако имате некои предлози за план на исхрана и вежби, добродојдени се. Се надевам ќе се дружиме на темава:)
     
    На Lilit и GlowGirl им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    @Spenstar Мислам дека штом тежината не ти е отсекогаш на повисоката страна, ти фали само повеќе активност. Би ти препорачала HIIT вежби на јутуб, кои се потешки но пократки временски и ти го добро размрдуваат телото, организмот. Ако сакаш да почнеш со нешто полесно, прогуглај 'cardio exercises' на јутуб и избери некои не пократки од 30 минути. Откако ќе најдеш нешто што ти се допаѓа и направиш неколку „почетнички“ обиди, вежбај 3-4 пати неделно 45-60 минути. Или ако си како мене и ти здодева после пола саат, вежбај 5-6 пати неделно 30-45 минути. :D Би ти препорачала и тежински тренинг обавезно, јас вежбам со тегови, но ако ги немаш обиди се да најдеш некои со телесна тежина.

    Што се однесува до храната само би ти рекла да не се прејадуваш и да не грицкаш кога ти е здодевно, прави си оброци богати со протеини и супер ќе ти биде. Доколку горенаведеново не ти помага, тогаш фокусирај се повеќе на исхраната.
     
    На Spenstar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.049
    @Spenstar Имаш велосипед? Одлично е времето, таман за возење. Вози 4-5 денови во неделата по саат/саат ипол (со поголема брзина за да ти биде отежнато возењето). Нема посоодветна физичка активност у моментов, ем ќе топиш масти, ем ќе излезеш од дома.

    Гледај да имаш барем 3 оброци, секој ден во исто време. Со најмалку 2 оброци јади свеж зеленчук/салата. Во вечерата избаци јаглехидрати, а во останатите оброци слободно внеси си, но нека биде квалитетен извор на ЈХ (шака варен ориз, 1 варен компир, шака варена интегрална паста, кришка интегрален леб, чаша варен грав, чаша варен грашок, чаша варена леќа, чаша овес, итн). Фокусирај се на протеини и зеленчук, свеж и варен. Јајца, урда, моцарела, ќефир. Шумско овошје, киви, банана. Лажичка-две путер од кикирики. Јаткасти плодови, по 10ина во ужина. Горе-доле гледај ништо да не ти надминува шака или чаша. Пример, парче пилешко колку големината на твојата шака (без прстите), искомбинирано со шолја сварен ориз. Чисто да имаш контрола да не претеруваш со количини.
     
    На Spenstar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Amen to that:handshake:

    Oтсекогаш сум мразела диети. Еве ја гледам УН, гледам некои други слични. Три дена се пуниш со јх, четвртиот ден ај протеини. Не знам, може имало такви што ослабеле, ама после? Ќе продолжат исто?
    Па да се потресуваш дали смееш нешто или не. Ќе каснеш грам повеќе и одма паѓаш у трансови. А сум пробала такви. Бев еднаш на една и каде што не внесував скоро ич јх. Како да кажам дека неколку пати припаѓав. А и онака при стресни ситуации ми паѓа шеќер, уште ваква диета. Туку, секој различно му годи.
    Да не спомнувам глупи диети со (демек) губење 5 или и 10 кила за недела. Једино стомачен вирус да фатиш па да изгубиш толку за недела, инаку не гледам како.

    Пишував поназад. Од кога прекинавме настава активно се фатив да вежбам и сменив исхрана.Всушност и претходно вежбав и јадев океј ама сега уште повеќе се внесов. 5 недели поминаа, еве гледам резултати. Ќе признаам си дозволувам и благо и покалорично, но умерено, ретко. А плус имам интолеранција на глутен, грав и помалку на јајца. Од глутенот до пред неколку месеци бев за нигде. Подуена џоа трудна 7ми месец, уморна и со отоци, без концентрација, да не зборам колку не можев да ослабам. Сега внесувам еднаш неделно со тестенини со цел да не го шокирам организмот ако го внесам после доолго време. Еднаш направив таква грешка и ужасно беше. Сега си готвам и јадам убава и омилена храна со која би терала цел живот и си ја прилагодив како ми одговара со оглед на интолеранциите. Но не и дека се потресувам од малку чоколадо неделно или порција пудинг. Не ги следам стриктно некои правила кои се наброени во темава ама знам дека многу подобро се осеќам
    Барем исхраната е за оние кои немаат време за вежбање.
    А за вежбањето најчест изговор е - Не сум дебела, зошто да вежбам, или сите вежбале за лепота, никој за здравје. Ооо, да знаат колку бенефити има вежбањето, одма би почнале. Туку неќам никого да навредам, ама стварно е невкусно некој што воопшто не пази на себе да ми продава Love yourself. Ако сакаш нешто, се грижиш за тоа нешто.
     
    На Srckata28, Stefani999, Spenstar и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Исто за вежбање
    Ако имаш инстаграм има еден профил homebodysculpt. Жената покажува убави вежби. На секое видео на профилот пишува за кој дел од тело се вежбите. При вежбање користи некогаш тегови и ластик, но мислам можеш и без нив барем додека се навикнеш. Или место тегови, земи две мали шишиња и наполни ги со вода.
    Или има апликација, ја кажав поназад Adidas training. можеш да избереш колку сакаш неделно да вежбаш, за кој дел итн. Овде имаш и бесплатни, имаш и за купување програми. Но и бесплатните се океј за да те активираат. Ова за дома
    А за надвор можеш да трчаш или возиш точак како што ти рекоа.
    А ако можеш да си дозволиш моментално, можеш од некоја спортска продавница да си порачаш мали тегчиња или ластик, ако не сакаш да шеташ многу.
    Има во Џамбо вакви интересни ситници за вежбање, само не знам дали работи.
    Јас едвај чекам да се олабават уште малку мерки да изнакупам уште ствари:rofl:

    И многу трпение, без откажување. Ако сакаш некаде како што велиш 15тина кила да симнеш, 4 месеци минимум би требало, и повеќе, ако збориме за здраво слабеење.
    Со среќа:hug:

    Едит - @Spenstar друго што сакам да знаеш.
    Океј си била претходно со нормална тежина па знаеш каква форма имаш Кога ќе слабееш, може прво стомакот да ти ослабе па на крај нозете или обратно. Релативно е тоа.
    Јас отсекогаш си имав крупни бутови, еве и сега со вежбањево, не ми се послаби туку имам ставено и мускул малку, па затоа во обем нема многу разлика, но на изглед нозете ми се поубави. Не знам колку претходно си била физички активна, но може и да изгледаш поинаку од претходно кога си била со нормална килажа. Гледај ја вагата, но гледај се и себе во огледало, визуелната разлика е позначајна и поубава.
     
    Последна измена: 26 април 2020
    На AAKG и Spenstar им се допаѓа ова.
  16. Spenstar

    Spenstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Благодарам девојки, ќе се обидам да ги применам вашите совети. :l:
    Инаку, бев долгогодишен "вежбач", буквално од ракомет до теретани, аеробик, пилатес, зумба, пливање. Нема што немам пробано. Меѓутоа, поради х-причини наеднаш престанав со секакви активности, буквално имаше денови кога ни 1000 чекори во денот не правев.
    Околу исхраната, се хранам прилично здраво, сокови, грицки, чипсови тоа ми е на црна листа уште одамна, брза храна избегнувам, меѓутоа проблем си имам со тесто и сите негови форми и облици. Значи, ќе јадам јас во денот и салата и овошје, супи, протеини, ама ако не каснам леб, пециво, тост, било што од таа категорија, ден не поминува. Не знам како ми се случи тоа, буквално како зависна станав. А, што е најтрагично, мислам дека организмот не ми поднесува таква храна и поради тоа имам чести варијации и во изглед и на вага. Инаку, наутро кога ќе станев стомакот ми беше рамен (сега веќе и наутро не ми е :D) и одма после првиот оброк ми стануваше голем, подуен и започнуваше веднаш под градите, онака баш труднички. Три дена да направев рестрикции во исхрана и одма бев како друг човек. Дефинитивно имам проблем со варење на некоја храна, а најверојатно тоа е тесто и млечни производи (моите омилени ;().

    Во право е @Tan4ence и @MissChievous околу делот со секакви изговори, Love yourself е океј, ама ако сте навистина среќни и задоволни со себе. Јас со тостовите во 3 сабајле и целиот мој запуштен изглед, едноставно не се сакам бе и точка :D. Фала ви на советите, баш ваква tough love ми беше потребна.
     
    Последна измена: 26 април 2020
    На Srckata28, MissChievous и Tan4ence им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    И јас со подуеноста велам ја имав истава мака поради глутенот. Можно е да имаш и ти интолеранција, или на пченица. Јас открив со самодијагноза. Неколку пати ротирав исхрана со и без глутен и сфатив. А тестови за интолеранција се скапи, па не правев.
    Ако не ти годи, избегнувај ги. Впрочем, пробај како ќе ти биде ако внесуваш почесто или поретко. Јас внесувам ретко и подобро ми е. А без леб и јас некогаш не можам, ама сведов на минимум.
    Евентуално пробај со Тонус леб, малку е поскап, ама чисто види како ќе се осеќаш.
     
    На Spenstar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.774
    Допаѓања:
    162.926
    Сите со протеини подолго се сити, само јас најдолго од јагленихидрати. Гладна сум бре!!! И 4 стека да напикам со огромна салата, јас ќе умрам од глад.
    Спас?!
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.508
    Одма после оброкот една рака ореви.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Јади јагленихидрати. :D
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.