(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Одличност, само тоа. Друго ништо. Став завземи, дека си решила нешто и ќе настојуваш да се придружуваш до тоа. Јас успеав еве, од стрвост знаев да се прејадам, од превкусно сирење или сл.. Сега не, засега еве не, веќе 2 месеци :)

    Сакам да прашам дали некоја слушнала за советите на Марија, на инстаграм во 10ч наутро држи лајф, совети некои дава, плус 30мин вежбање.
    Јас една недела сум точно откако го пијам нејзиниот чај и се придржувам на општите совети, симнав 2кг и во стомак обем сум 8см..
     
    Последна измена од модератор: 7 мај 2020
    На Tanja03 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    6.604
    Пол:
    Женски
    Kakov caj pies? I koi se opstite soveti..
     
  3. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Треба да и пишите нејзе за дозирање на чајот, индивидуално е.
    А за исхраната, сватив некои детали па сама си комбинирам. Доручекот треба да е протеински, домат лучајно прочитав дрка не треба наутро, јас земам овесни, ленено и чиа со јогурт. Потоа следува физичка активност според можностите(кардио,аеробик...) После тоа, по 3 часа од доручекот го пијам чајот + некакво овошје освен банана. 5/6 часа после доручекот следува ручек. За ручек можи се што си правиме дома ама да е убаво организирано. Ако јадам месо и компир/ориз, леб не. Ако немам друг јаглерохидрат/скроб, смеам леб, 1 парче... 3 часа после ручекот следува 2рата ужинка, тука треба чајот + благо да се касни, меѓутоа да се внимава(јас одбирам, темно чоколадо, стопено темно со банана, пудинг со чиа банана вишна кокос и какао поросено, торта парче бисквит и јаболка редена.. пишав пример што јас имам јадено) Вечерата треба да е лесна, супа, чаша јогурт, чаша млеко, салата, јајца со марула, само јајце, тоа што си јадела за ручек(помала порција за вечера..)
    Воглавно е тоа. Барам рецепти на гоогле па така правам пооздрави варијанти на ручек. Правам плескавици со тиквички рендани, штавеј, пченкарно брашно, јајца, пржам на путер или маслиново.
    Заштедив пари откако користам путер и маслиново. Со путерот пржам јајца, плескавици, печам компири или месо, маслиновото го користам за салати.. :)
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.132
    Иако мислењево е повеќе за во некоја фитнес тема, сепак тука ќе го напишам бидејќи мислам дека може да ви се допадне. Има една физичка активност која ретко ја споменуваат луѓе, а е беспари, можеш да ја правиш било каде надвор и троши доста калории - скокање на јаже.

    Јас минатава недела започнав секој ден да скокам, дури ми стана малку опсесија. Гуглајќи се запрепастив од тоа што го научив! Грубо кажано, со 15-ина минути скокање може да се стопи 200 до 300 калории! Секако, зависи од килажата која ја имате и брзината/начинот на скокање.

    rope jumping.png

    Јас скокам 30/50 скокови во сесија (обично толку издржувам, искрена да бидам), па правам пауза од пола минута. Тоа го повторувам 20/30 минути (да ми се фати 10/15 минути скокање). Ем трошам калории, ем топам масти, ем подобрувам кондиција (која ми е во очајна состојба), ем фаќам сонце, ем си правам муабет (ако ме дружи некој), одлична активност е!
     
    На RainbowButterfly, Peperutce1115, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  5. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Хелоу, вака значи, ослабев што ослабев скоро 10кг со калориски дефицит и вежбање, ама сега имам друг проблем, имам уште 10 вишок. Се придржувам на истиот режим константно ама проблемот е што веќе 1 месец стагнирам значи ни 200гр разлика нема. Знам дека кога тогаш се случува ваков период, затоа и почекав пред да почнам да кукам ама не знам што понатаму? Да паузирам, да зголемам калории, да зголемам вежбање? Само се плашам ако престанам да не почнат да се враќаат кг.
     
  6. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    7.751
    Пол:
    Женски
    Здраво женски.. и јас да се пријавам, цел месец внимавам на исхрана без благо и леб т.е калориски дефицит плус секој ден вртам орбитрек по 30 мин и вежби за стомак од you tube некои.. и ништо не приметувам резултат дали некоја имала вакво искуство без резултати и зошто е така? Или треба уште време да помине
     
  7. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Да не слабееш вo oбем? Еден месец без резултати некакo мнoгу е или наеднаш ќе паднеш вo килажа.
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    7.751
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот Larahappy, ќе продолжам вака и понатаму па ќе видам дали ќе има резултати
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.414
    Допаѓања:
    143.209
    @KiT најдобро е да смениш нешто. Или скрати јаглехидрати колку што можеш, или зголеми вежби.

    А мислам дека и ако си трпелива и продолжиш со диета и вежби ќе продолжиш да слабееш по некое време, ама пази да не се опуштиш со храната. Мене опуштањето најголем проблем ми е.
     
    На Noemi и KiT им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    10.166
    Тоа што не јадеш леб и благо не значи дека не внесуваш прекумерни калории. Телото не познава калорија од компир и калорија од торта.
    Имаш calorie calculator, внеси си реални податоци за килажа и активност и ќе ти покаже колку калории трошиш и колку ти требаат за да си во дефицит.
    Скратувањето на шеќерот и лебот е супер ама не е доволно, здрава храна не е еднакво на слабеење, контрола на порциите е решението.
    Ако не ти е многу мака пробај да мериш порции недела дена да добиеш претстава колку треба да јадеш за да си во рамките на дефицит. "Од око" проценките може да те водат во калориски сурплус.
    Ако вежбаш на орбитрек пробај да правиш HIIT интервали.
    Прави вежби со сопствената тежина.
    Пробај intermittent fasting, онолку часови колку што ти е удобно - 16:8,18:6,20:4 итн.
    И последно, измери си обем на бут, колкови, стомак, раце. Понекогаш вагата не е толку веродостојна.
     
    На Srckata28, CarrieBradshow и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми препорачате апликација за броење калории? Моментално ја користам MyNetDiary и се е супер само што ужасно ме нервира тоа што има weight goal зацртан со одредена дата и доколку не се движиш кон него автоматски ти препорачува да го намалуваш бројот на внесени калории, до толку што пред некој ден ми препорача да внесувам 800 калории што ниту е здраво ниту сакам да го правам тоа и осеќам дека многу негативно ми влијае. Ми треба апликација за чисто да си следам внес на калории, немам некоја бројка зацртана во глава што морам да ја постигнам во поглед на килажа.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    @Arja Мислам дека начесто користена е MyFitnessPal.
    Имаш и доста готвени јадења што на Македонски ќе ги најдеш, а можеш и директно да го скенираш бар кодот на некој производ.
     
    На Arja, GoodGirl45 и GlowGirl им се допаѓа ова.
  13. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    My fitness pal или Lose it, добри се, штом немаш зацртано одредена бројка, во полето за саканата тежина внеси пример -5кг и постепено како што ќе слабееш менувај си во settings. Зашто ако е голема разликата пример -10кг сите апликации од старт даваат по 1200 калории, и тоа е премалку, секако зависи и од тежина висина, и степенот на активност.
     
    На Arja, Noemi и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    10.166
    @Arja my fitness pal не дозволува да затвориш ден под 1200калории без разлика каква ти е целта, и обичната верзија е доволно добра не ти треба премиум.
     
    На Arja и GlowGirl им се допаѓа ова.
  15. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    1.528
    Каква улога ќе ти игра броењето калории? :):shake:
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Имав едно време таква апликација ама ми беше многу замарање. Не се' што јадев можев да внесам, плус за слични јадења имав повеќе опции со голема разлика во калории. Па и оние америчките единици - lbs, gallons, ounces, cups...а секаде не можев да ставам во грами или литри.
    Друго што ми сметаше беше што јас бев и сум со нормална килажа за висината (околу 55 кг за 160 см) ама сепак имав делови кои сакав да ги ослабам. И не знаев како да подесам колку сакам да изгубам. Ќе подесев број на калории, па само ми го менуваше итн.
    И некои ниско калорични и здрави оброци ми ги ставаше како да се преклаоирчни. Ниту пак можеш точно да внесеш тренинг тој ден со број на изгубени калории. Така да не се нај точни.

    И вакво искуство имав со повеќе апликации и на крај ги баталив.

    Си јадам тоа што знам и сметам дека треба да го јадам, во количини што сметам дека ми се доволни, и пак имам резултати.
     
    Последна измена: 11 мај 2020
    На AAKG и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    8.700
    Пол:
    Женски
    Секоја чест:)
    Но, некои ја немаат таа самоконтрола како тебе и често скршнуваат од диетата и јадат повеќе од тоа што треба. Овде спаѓам и јас.
    Од таа причина користам апп за броење калории, да знам колку внесувам и да си водам ред што и колку јадам.

    Поздрав
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    19.492
    Пол:
    Женски
    MyFitnessPal јас ја користам со години, за мене нема подобра.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.163
    Пол:
    Женски
    Убаво вика @Tan4ence треба добро да се пази што и како се внесува во апликацииве за броење калории, а е и големо замарање.

    Јас ја користев едно време , повеќе за одржување на килажа и да си правам ред што јадам, ама освен тоа што си имав виртуелен дневник што јадам, во однос на калориите се сомневам дека покажуваат 100% точно.
    Некои работи не ни ги има да се внесат, за некои не можеш да знаеш колку точно внесуваш освен ако не мериш сѐ на вага и внесуваш грамажа - што е искрено заморно и не верувам дека некој би го правел.За други ствари треба да се пази да се внесе дека се термички обработени бидејќи и тоа влијае на калориите, за некои јадења има толку многу опции да се одберат со број на калории што варираат кои мене само ме бунеа...

    После тоа, за внесувањето тренинзи исто така голема е веројатноста да не покажува точна бројка на изгубени калории поради фактот што тука влијаат многу фактори колку калории ќе се изгубат како и тоа што не може секоја можна вежба да се внесе.

    Според мене се океј апликацииве за да се има општа слика на тоа што јадеме и да си имаме дневен увид ама дека се 100 % точни не се, и не ги земајте како такви.
    Повеќе обрнувајте внимание на составот на храната што ја внесувате и однос на макронутриенти како и дали има доволно минерали, витамини и сл.
     
    Последна измена: 11 мај 2020
    На Srckata28, Carolin., Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    На овај начин можеш само да си ја задржиш килажата што ја имаш, евентуално ако ослабиш то би било минимално.
    Да не се лажеме, сум пробала и со елиминирање на нездрави намирници да ослабам и со диета, конкретно ун, и се знае каде има резултати.
    Со диетата слабеам, потоа постепено со преминување во здрава исхрана ја одржувам килажата.
    Физичката активност ти е секогаш плус, ама клучна е исхраната.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.