Како мислиш да си ја задржиш килажата.. што би требало да направам?? А и порциите на пола ми се и тоа внимавам
Да си ја задржиш килажата во смисла да стагнираш. За да се ослаби треба да се преземат радикални мерки, поготово па ако имаш малку кила за симнување. Еве пример јас, имам некои 5/6кг вишок, што никако нема да ги симнам ако само намалам порции и исфрлам благо, прженици шо и онака не ги внесвам во големи количини. Или би ослабела ама за 2/3 месеци, а тоа ми е огромен период за да чекам да видам резултати. Уште првиот месец би се разочарала. Мене само диета би ми била од помош и физичка активност плус. Ти си знаеш на твојот организам шо му одговара најмногу сепак.
Јас со години ја користам "myfitnesspal" и ми е топ. Има опција и сам да внесуваш производ со нутритивни вредности, кликаш на "multi-add", па "create a food". Оваа опција е топ доколу одреден производ фали во листата на внесени производи во апликацијата или доколку се грешно внесени. Посекако дека е точна апликацијата и најпрецизно можеш да пратиш доколку користиш кујнска вага. Проблемот е дали сакаш да се замараш.
Без дисриспект, секој со своите желби и ништо лично кон тебе, но ова е проблемот кај мнозинството. Мислат дека магично за 2-3 недели ќе ослабат и немаат трепение да слабеат па дури ни 2-3 месеца, а не па ли пола година-година. Па следуваат разочарувања... Ако така ти одговара, океј, супер, тогаш нема место за жалење. Но жално е кога некој очајува зошто не може да ослаби за пар месеци...
Уживај, нема гајле. Сфаќам дека ми е лоша таа особина, ама јбг карактер. Сум пробувала да слабеам на долги патеки ама откако ќе се разочарам, јадам дупло поќе. Слабеењето на брз начин па потоа одржување на таа килажа ми е каде-каде поприфатливо.
Толку позитивни мислења за My fitness pal, мора да се проба значи. Најискрено мислам дека ја имав еднаш спуштено ама некако интерфејсот не ми се допадна. Ама сега ќе ја симнам, секако интерфејсот е најмалку битен. Фала ви уште еднаш!
Добри се апликациите, бар за внес на калории. За вежбање имам приметено дека покажува повеќе од реално, ама јас не ги земам многу во предвид тие. Се држам до тие 1200, а вежбањето е само олеснителна околност ако надминам 100тина калории. Ја користев MyFitnessPal некаде пола година може. После толку време веќе знам која храна од прилика колку калории има, па сега веќе не ја користам. Исто и калориите ги следам повеќе неделно. Некој ден може ќе внесам повеќе, некој помалку. Се додека неделно сум под нивото. Слабеењето кај мене е многу, многу споро. Слабеам по едно кило месечно да речеме. Генерално сум мрза без дисциплина и само вака нема да се откажам. Се тешам со тоа што е подобро едно, отколку нула. Битно да се иде надоле. Освен тоа вагата не секогаш е реален показател за слабеење. Мерење во обем е подобро.
^Кога бев најпоправена имав 58 кила. Ми требаа 3-4 месеци и повеќе да дојдам до една подобра форма и да ми се смени метаболизмот кон подобро. Изгубив само две кила, а разликата во огледало беше огромна. Така да, трпение само.
Мене апликацијата за броење калории ми беше многу корисна за освестување што јадам и колку е покалорична некоја храна од друга. Особено ме освести внесувањето на калорио кои не ги броев претходно. На пример маслиново масло во салата, лажичка мед во чајот, млеко во кафето и слично. Кога ќе собереш во текот на денот, не се малку. Исто така составот на некоја храна ми беше изненадување, на примњр кашкавалот дека не е баш протеин како што мислев, туку малку повеќе е маст. Сега не внесувам бидејќи знам која храна колку калории содржи, барем оние кои ги внесувам редовно.
Мене ми служи апликацијата како дневник што и колку јадам и ако надминувам повеќе денови по ред да се свеснам дека треба да намалам малку, не дека дава 100% точни резултати, ама за да имаш еден ред и преглед е супер. Јас не можам да земам да мерам на вага мене тоа ми е многу замарање и самата знам дека порциите што ги внесувам не се баш точни во калории и сл. Ама за трчањето дава точни бројки, користам addidas running by runtastic за трчање и скокање јаже кога ке ги внесам минутите кој сум била активна калориите од двете апликации се совпаѓаат.
Исто како @Ariel, пред неколку години кога стигнав до стагнација и си обратив повеќе внимание колку екстра калории внесувам се шокирав малце. До 600калории од "ситни" работи - полевање маслиново масло врз салатата без мерење, рендање сирење без мерење (од 50 до 150грама разлика) итн. Со вага/мерач и калкулатор на калории добиваш идеа колку треба да користиш од дадена намирница и ти станува навика
Броење калории е чиста глупост и губење време. Калориите доаѓаат од протеини, масти и хидрати. 1000 калории од протеин и 1000 калории од хидрати или масти не е исто. Со 1000 калори можи да се дебелеј и исто така да се слабеј но е битно кој е изворот на тие калории. Фитнес палл неможи да кажи колку гр калори од хидрати ќе ти потроши организмот. Ако калкулаторот ти покажи дека треба да трошиш 1500 калории дневно, тој незнај колку гр ке потроши телото наше пошто игра улога метаболизам, тренинг, хормони, извор на калориите. Колку троши организмот се дознава искличиво само лабараторија. Фитнес палл само ќе ве буни пошто сите гледат само калории а никој не го следи изворот на калориите. Телото има способност протеинот да го конвертира во сало или во извор на енергија. За да ви биди по олеснително, на секој производ читајтеги табелите со составот. На 100гр шо содржи. Бројтеги дневните порции на хидрати, масти и протеини. Ако на дневен внес од 200гр хидрат вие се дебелеете, значи треба да се намалат хидратите а протеинот и мастите да одат погоре и да ја заменат грамажата од хидратите и фактички внесувате исто така наречени "калории" како предходно но сега веќе почнувате да осеќате промена, тежината веќе оди надолу. Тое то накратко од лично долгогодишно искуство за да ви биди полесно за да не се преоптоварувате со броење.
Можат и само две Милки дневно да јадат што е околу 1200-1300 калории, па не значи дека ќе ослабат само заради бројот на калории. Направив паралела само, нормално дека никој не внесува толку јх ама битно е и што се јаде секако. Метаболизамот на трите класи на соединенија различно се одвива. Едит - и јас пазам на ограничен внес на калории ама не до последна децимала.
Апликациите за следење калории вадат и статистика за внес на шеќери, масти и белковини и ги споредува со некоја референтна вредност. И тоа беше многу освестувачки, колку многу шеќери внесувам.
Ми требаше многу време да сфатам дека нејадењето е многу опасно и нездраво. 1200 калории е помалку од препорачаниот дневен внес за едно 5 годишно дете, зошто мислите дека е здраво да јадете како возрасни толку? Јас еднаш бев пишала тука дека јадев 1300, па намалив и на 1200 калории дневно и се потресов кога прочитав колку многу негативни последици можев да имам ако продолжев така. Кога се освестив, постепено зголемив и сега јадам 1700-2000 калории дневно, ама откако зголемив метаболизмот толку ми скокна, се исушив, организмот како да ми стана машина за топење сало. Колку повеќе се едуцирам, толку повеќе се всушност и обидувам да го отфрлам целиот мајндсет на броење калории и да се фокусирам на онаа што навистина го бара моето тело. Како и да е, ве молам, јадете повеќе од 1200 калории, да не зборуваме за помалку од тоа. Големиот проблем во темава е што се игнорираат совети дека за слабеење треба време, а сите сакаат да дознаат како некој ослабел 10 кила за месец дена што никако не е здраво ниту пак одржливо. Сите знаеме дека протеини се важни при слабеење ама јаглехидрати се битни за да имате енергија, а мастите се особено битни за жените бидејќи играат улога во балансирањето на хормоните. Не отфрлувајте ни една група од овие.
Мене не ми успева со броење на калории..ќе пишам банана излегуваат 10 под тоа. На пример денес од сабајле топла лимонада, после пола саат кришка црн леб со маргарин (од нискокалоричен) со 2 варени јајца. До ручек една банана, за ручек тањир супа со салата краставица, за вечера 2 варени клашчиња и шоља зелен чај без шеќер. И многу вода, околу 2 литри пијам. Што мислите многу калории да не се ова ?
Не, дури и малку се.. Како што имам пишано погоре, јас успеав со броење калории да ослабнам 10ина кг, во период од 2-3 месеци, и не се согласувам дека е бадијала изгубено време, напротив, се освестив во однос на користењето зејтин во готвење, дека уствари најмногу калории во денот ми одзема благото, па така го намалив и сл. Исто така сфатив дека не е грев ако каснеш кришка две леб, си правев и пица што испадна дека е околу 500 калории. Заклучок: со обрнувањето внимание на тоа што содржи храната што ја внесуваме, доаѓаме до посакуваната цел - слабеење, водење поздрав начин на живот, и скроз менуваме исхрана не само периодично туку нешто по кое ќе се водиме нонстоп. Мене ме интересира, после сето ова дали да продолжам вака или повторно да сменам нешто зашто стагнирам веќе подолго време.. Совет?
Тука нема ни 1000 калории. Премалку се'. Инаку, ако се двоумиш, секогаш можеш да прогуглаш посебно, само пиши "banana nutrition" и ќе добиеш одговор.Или во превод за бананава конкретно, една стандардна банана рачунај ја 100 калории. Кога ќе пратиш нутритивни вредности и калории, со тек на време мнозинството ќе ги запамтиш и нема да ти бидат потребни апликација и гуглање. Во "fitnesspal" доброто е што можеш да пратиш и нутритивни вредности и можеш и да си ги наместиш колку сакаш дневно да внесуваш, па така да пратиш. Јас на gtp пратам протеини, јх, масти, влакна и шеќер. И не пратам баш секогаш, туку на пример, кога имам потреба односно чувствувам дека малце губам контрола со исхраната, тогаш пратам месец-два, па престанувам. Чисто да се потсетам.