(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    И јас имам сличен режим и искрено многу сум задоволна. :inlove:
     
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    7.691
    Пол:
    Женски
    Има ли некој бројач на калории на македонски, најдов некои на play store, многу ме нервираат излегуваат 10 варијанти на исто јадење..хелп ве молаам пратете некој линк
     
  3. Vikit96

    Vikit96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Ја читам групава и прекрасни совети и информации ❤
    Имам околу 10тина килограми за губење (180цм висока,79 сега,порано бев од 65-70 тој размер) земав detox tea slimline денеска, имаше и acai berry некои капсули тие ги фрлив не ги пијам секако валда се повеќе штетни од чајот. Свесна сум дека треба промена на исхрана, физичка активност, студент сум учење цело време и немам многу можност за активност, сакам овој чајот да ме мотивира да си се вратам на здрава храна ко порано ,да ми ја намали надуеноста, ко некој тригер и мотивација да почнам со промена и здрав режим и полека да ослабнам, некој искуство да ми каже , да нема некои негативни ефекти ?
    ( п.с се изначитав многу негативни коментари што страв ме фати да немам здравствени проблеми а и мош залудно лупнав пари воопшто )
     
    На Monniy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.019
    Здраво друшки.
    Пишав еднаш дека почнав па пак се откажав. Мотивацијата ми беше на нула. Чекав психички да се стабилизирам и да почнам.
    Ми се допаднаа тука некои мислења, дека сакаме многу бргу да ги симнеме килограмите и дека само кукам, а ништо не превземам.

    После третиот спонтан многу лошо се хранев, некако се осврнав само на храната. Јадење само калорична и мрсна храна и доцна во ноќта. И така успејав да стигнам до 99 килограми ;(.
    Навистина ми е и срам што го пишувам ова од сите вас, незнам како си го дозволив, а имам 25 години(facepalm).
    Јас еве 5 години се вртам само во круг. Симни неколку килограми па качи ги повеќе и се така.
    Почнав пред 15 дена и сега сум 96 кг и сабајле се разочарав дека се малку симнати, само вода. Од друга страна сакам да научам да се хранам поздраво и на долги стази и да не ср брзам и откажувам. И така се борам сама со себе со надеж дека ќе постигнам успех.
    Еве како изгледаше моето вчерашно мени.
    За доручек имав пиперки и јајца пржрни на малку зејтин, 2 кришки тонус леб, филџан јогурт и домат.
    За ручек имав ориз и спанаќ со филџан јогурт и салата во помали количини секако. И бидејќи во 3 часоѕ ручекот ми беше, за вечера си сварив супа. Знам дека купечката не е баш добар избор ама бидна.
    Некој совет дали е во ред вака да продолжам да се хранам. И секако поддршка голема ми треба за да успејам.:)
     
    На Bezimenka90 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.203
    Допаѓања:
    19.134
    Пол:
    Женски

    Јади многу салата а не малку. За вечера направи си салата една голема сто пати подобар избор, од супа. Гледај да внесуваш за доручек овошје, кога ке ти се пријаде преку ден касни овошка некоја, сега има барем избор на овошје и зеленчук, гледај да бидеш активна, почни со пешачење некои лесни вежби од интернет, имаш да бираш. Вметни физичка активност, избегавај пржено,благо и газирано, леб исто така и ке успееш верувај(fingers)
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    7.691
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам и многу се 2 кришки леб, пробај со 1 и тоа само за појадок. Навечер јас јадам само салати или јаткасти плодови, значи повеќе салата она ќе те засити, може и во поголеми количини, а измеѓу појадокот и ручекот обавезно овошје (чест на искчучоци на кои овошјето им е појадок). Што се однесува на прженото прави го со маслиново масло, јас така правам а и гледам што поретко да јадам пржено, или мрсно како бурек или пица.
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    9.674
    Сите детокс чаеви се лаксативи- ќе одиш во тоалет толку што ќе ти го дехидрира организмот од сите минерали и соодветно ќе си помалце килограми.
    Друго сите лаксативи создаваат зависност- по престанокот на конзумирање на чајот ќе имаш мрзливи црева (замисли одење во тоалет еднаш на три дена) плус ќе ги вратиш течностите што ти ги дехидрирал чајот.
    Така да си прочитала доста, избери си начин на хранење што си сигурна дека ќе можеш да го одржуваш со МЕСЕЦИ не денови и размрдувај се 30мин по четирипати во неделата.
    Прежали ги парите за апчињата и чајот и зачувај си го здравјето.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,
    И јас ви се приклучувам во тимот. Сакам да ослабам околу 10кг. Вежбам веќе 7 дена. Но најголем проблем ми е исхраната бидејќи од зеленчук јадам само пиперки, краставици, морков и марула. За млечни производи само кашкавал. Дали е правилно да почнам да бројам внес на калории или е само губење време. Некој поискусен ако сака да ме посоветува. :)
     
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    9.674
    Ако имаш резултат до сега и понатаму не мораш да се замараш со броење, ама ако немаш резултат, а сметаш дека доволно вежбаш и ограничуваш порции, почни да броиш неколку дена да добиеш претстава колку јадеш всушност.
    Не секогаш испаѓа дека јадеме повеќе од потребно, некогаш е помалце од потребното.
    Јади непакувана храна, нерафинирани јаглехидрати, месо, млечни производи и јатки во помали количини, јајца, овошје, тоа малку од зеленчук што го јадеш и следи си го телото, најдобро ќе ти покаже дали си на добар пат. :)
     
    На Lima24 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Доколку вежбаш контиунирано и внимаваш на порциите (без изгладнување, следи кога телото ти е заситено), ќе слабееш. Кога некој има помалку од 15 килограми за слабеење, тоа оди поспоро, така да контиунираноста е клучна овдека - не се обесхрабрувај и биди трпелива. :)
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 2 месеци се обидувам да влезам во зона, каде ќе готвсм поздраво, убаво одбрани намирници, сооднос нивни. Многу е битно..
    Од 1ви април, вежбав до 20ти април, фрлив леб газирано ии ниту грам не симнав.. Се преразочарав.. Сега еден чај пијам,2кг симнав кога јадев месо за ручек, ама неможам секогаш месо да имам на маса...
    Доручекот ми е секогаш овесни со ленено чиа и јогурт, е понатаму се борам да барам рецепти, здрави, убаво смислени и комбинирани.. Според моиве досегашни мачења,истражувања, такви сајтови не најдов....;(
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    За 2 месеци само 2кг?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Не,додека вежбав и внимавав на исхранаа, ниту грам. Потоа на 20ти почнав чај да пијам, според некои правила, со 3 оброци 2 ужинки, таа недела 5/6 дена се погодуваше месо да имам за ручек направено. И за тие 5/6 дена симнав 2кг, со 3кг вода на ден.. Ме разбираш како?
     
    На Lady Maria му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Да. Јас одев 6 месеци на вежбање и јадев исхрана што ми ја даде тренерот. Верувај јас се напрајв дупло и водата се лепеше за мене. Никој не веруваше дека одам на вежбање.Откако прекинав симнав 4 кг
     
  15. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Која е теоријава? Ти дадоа разумно објаснување? :|
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Не цело време ме убедуваше дека треба време да ослабам не оди брзо,брзото слабеење го ремети метаболизмот... Сега 2нед внимавам на исхрана јадам помалку леб, газирано не а вечерата ми е само салата каква и да е ама да нема сирење зачинета со маслиново масло и хималајска сол.
    Едит: ослабена сум 3 кг
     
    Последна измена: 15 мај 2020
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.048
    @Lady Maria а колку килограми имаше пред да ослабиш 3?
     
  18. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    68 ;( а ниска сум.
    Ти колку имаш и колку сакаш да ослабиш?
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    За 8 дена 1.5 кг сум ослабена на вага. Во обем не сум мерена ама приметувам дека стомакот ми е малку ослабен. Јас израчунав отприлика 1300 калории дневно треба да внесувам. Гледам да се хранам здраво. Вечерата секогаш ми е до 19ч и е салата. Лебот го намалив многу. Појадок гледам да биде јајце, банана смути итн. Имам мотивација да продолжам. Вагата сабајле ме расположи :D
     
    На Lady Maria, ЕденЧлен и Noemi им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Те разбирам како ти е, бидејќи и кај мене мотивацијата беше клучна. Кога ја немаш невозможно е да ослабеш.

    Не знам дали ќе ти помогне ама еве ќе споделам мое искуство.
    Јас најпрво почнав во вежбање наместо да пазам на исхрана. Реално повеќе почнав со вежбање од здравствени причини, отколку со цел да ослабам. Ама кога ќе почнеш редовно да вежбаш се создава нова навика на живот со повеќе упорност и дисциплина. Почнав и да го менувам начинот на кој размислувам и гледам. На пример секогаш си кажувам дека и еден килограм месечно е добар успех. За една година би ослабнала 10тина килограми, а тоа секако е многу подобро од алтернативата да продолжам со истите навики и да останам на исто ниво или да зголемам.
    Вака наоѓам секогаш мотивација да не се откажам. Си поставувам помали, реални цели додека не стигнам до крајната.

    Потоа почнав и да внимавам на исхраната. Почнав со броење на калории за да внимавам да не претерам, ама многу покорисно е што дознав какви ситници може да заменам, што многу помогна. Имаше примери погоре. Ете на пример во твојот случај би рекла наместо пржено јајцето, би го заменила со варено.
    Почнав многу постепено да воведувам промени, зошто ако почнев се одеднаш да менувам ќе се откажев.
    Така на пример почнав со намалување на леб, се додека не го исфрлив целосно. Пиење кафе помалку и без шеќер и повеќе пиење вода. Генерално, постепено заменување на јаглехидрати со протеини.

    Лоша навика уште имам што често знам да се мерам. Подобар показател е слабеење во обем. Иако можеби килажата не се намалува брзо, со вежбање и добра исхрана се приметува зацврстување на телото.

    Само упорност и секако дека ќе успееш. :)
     
    На Noemi и MissChievous им се допаѓа ова.