Женски, дали може да ми предложите храна што не содржи масти или има малку? Зашто пратам макронутриенти и скоро секој ден ми излегува 70% од исхраната масти.. Јадам многу овошје, зеленчук, пилешко, риба, јајца и ставам минимално зејтин ама џабе. Упорно нешто не ми штима.
Оф луѓенца и јас сум за тука. Мора да слабеам не може веќе вака околу 105 кг сум а имам 28 години. Во бременоста не се здебелив мн ама после тоа имав мн стресови и храната ми стана зависност. Пред една година мајка ми изненадно почина па после тоа стресови нервози, финансии минимални од една на друга работа и слично. После тоа пред 2 месеца имав операција на жолчката но фала на Господ сега сум во ред. Само не знам како да се изборам со самата себе околу храната се сум гладна и само глупости јадам. Помагајте жити се. Иначе да напоменам дека и малата уште ја дојам а уште малку ќе полни 2 години. Секој совет ми е добро дојден
Се додека дојш, не е пожелно да започнуваш диети. Поради состојбата со жолчката, не е дозволено да започнуваш диети не посебно од овие тука на форумот пошто секој кој стигна напиша диета од памет. Започни диета спрема листата која ти е издадена од лекарот а доколку немаш, пожелно е да си набавиш од кај матичниот или тој што те правеше операциа. Започни со здрава диета али после доењето. Резултати ќе имаш само трпение.
Најдобро е да се консултираш со нутриционист. Вака од ракав да се даде совет не. Правена си операција, сеуште доиш а можеби и да имаш хормонско пореметување. Пред да започниш со диети или такво нешто испитај крв, тироидна жлезда и хормони. Пред да останиш бремена колку кг имаше?
И јас да ве поздравам.. денес јадев осминка бурек со јогурт за појадок (после 2 месеци си дозволив), за ручек гравче тавче половина од мал тањир со салата краставица и после за вечера ќе грицнам бадемчиња до 10 максимум. За ужина пиев овошен сок мешавина, зелен чај, топла лимонада и околу 2 л. вода дневно Ваш совет да не е многу или ? Искрено се навикнав без благо и леб понекогаш црн само за појадок 1 кришка, инаку вежбам секој ден на орбитрек по 30 мин. плус стомачни вежби, но веќе 3 дена сум под терапија за ногата пошто ме боли како резултат на оптеретување при вежбање кажа докторот (сега за сега без орбитрек додека не ми помине ). Поздрав и ваш совет е добредојден
Па околу 100.поминаа 3 месеци од операција смеам се да јадам се ми е океј ама на психичка база ми е тешко. Ако не јадам мислам дека свеста ми сњ врте а нема врска. Тешко е многу
Искрено многу си млада за да имаш толку кг. Затоа ти реков се да испиташ. Се имаш консултирано со доктор??
Искрено по доктори веќе не ми се оде зошто последната година се утепав од доктори одење. Мислам дека е се океј зш предоперативно ме испитуваа и целосна анализа на крвта, д димери, хпв, дури испитуваат и дали си хив позитивен и фала на Бога скте резултати беа добри само сум имала густа крв и пред и после операција примив 10 клексани и толку
Многу кардио (брзо пешачење, трчање, возење велосипед, скокање на јаже, планинарење, итн). Целосно исфрлање шеќер и што е можно понискомаслени намирници (особено навечер). Мене најмногу салце ми се прави на стомакот во делот под пупакот и е навистина најтешко за топење.
Незнам со што друго да се обидам. Исхрана сменив, дорчек сменив, зелен чај пијам по 2 чаши на ден, навечер не јадам.. Имам 90кг, несмеам кардио бидејќи се заморува срцето, само пешачење дозволено е за голема килажа.. И покрај тој факт, јас вежбав, 1 месец без прекин, секојдневно, вежби за стомак и нозе..
Немам, 2кг само симнав ко го почнав чајот, за една недечљ тие ги симнав. Од 1ви април започнав со промена во исхраната, на 18ти април го започнав зелениот чај, ден денес го пијам, ама овие 2 кг ги симнав до 24ти април. Оттогаш ниту грам, дури плус минус 1кг варирам, зависно што сум каснала претходниот ден. Доручек овесни, ужина овошје и чај, ручек (варено/печено) плус салати, ужина ред црно чоколадо и чај, вечера скоро и да немам, или маалку од ручекот или салата, ама некогаш и ништо. Вода по 3 литри, леб нејадам, газирано не пијам, нема грицкање, смоки благо... Навистина незнам како повеќе да си помогнам
Лекарства не. Фамилијарно имаат мои блиски тероидна, па можеби е тоа, ама како мала ме гледаа на ехо,во ред ми беше тероидната..
Исто и јас како тебе, се живо избацив, пијам многу вода и зелен чај и плус вежбање и ништо.. можда треба време..трпение само и секако да си бидеме морална подршка