Провери кога ќе можеш. За да не се измачуваш со диети, можеби јадеш нешто што не треба и правиш лошо. Кога ќе имаш дијагноза ќе се консултираш со нутриционист.
Најчесто пореметување на тироидна е наследно,нервози,стрес,исхрана,цигари.. Познавам близок што има хашимото човекот во еден несец се здебели 20 кг значи беше 119 кг,косата му попадна,притисокот до 200 се креваше и имаше гушење. Со пиење на еуторикс секако и внимава на исхрана само лебот го исфрли од исхраната друго се јади и пија ослабен е 20 кг притисок нема. Затоа и во претходниот пост напоменав да се испита. Може секакви диети да се држа,да се спортува но кога е хормонски или кога е тироидна во прашање не помага ништо. Испитување на едниот хормон е 600 ден ( јас каде што одам да испитувам) и преку тоа се гледа дали има некаква промена на тироидната. Од тоа што ти испитувале како мала што ти ја гледале на ехо,сега тоа не важи. Во животот си имала стресови,бременост....и што уште не. Сето тоа влијае
Кој ти има кажано дека не смееш кардио пошо се заморува срцето? Кардиото го одржува срцето. Кардио не е само трчање и орбитрек, кардио е пешачење и low impact аеробни вежби. Не си во калориски дефицит без разлика што не јадеш брза храна. Чаевите ништо нема да ти помогнат додека не почнеш да вежбаш и да јадеш за нијанса помалку од колку што трошиш. Не се залажувајте не си фрлајте пари на ништо друго освен свежа храна! Грубо е да, ама подобро да го направиш за себе си, за своето здравје, а потоа за некаков помал конфекциски број.
Па со многу голема килажа не би требало да се прават и високо интензивни кардио вежби.Пешачење, low impact cardio да, може ... Какви овесни јадеш? Овошје колку внесуваш? Просечно колку си активна на ден?
@Angie1432 Кардиото е здраво за срцето, не е ок товарот за зглобовите и колената кај прекумерната килажа. Затоа low impact и пешачење се екстра вежби за почеток додека се нормализира килажата.
Кардио е здраво но од лежење наеднаш на hiit да речеме, не иде.Плус што кај луѓе со многу прекумерна тежина(не збориме за плус 5 кг) и срцето може отежнато да работи. Како и да е, за другото се согласувам.
@CarrieBradshow не е страшно. Има луѓе кои слабеат полека. Само вметни пешачење и тоа подолго, ако можеш по 2 часа дневно.
Ќе почнам поактивно со пешачење, секако. Досега кратки аеробик вежби правев. Секако и ќе испитам теродидна, ќе барам упат за Битола, на нуклеарна.. Овесни, чиа и ленено по 1 лажица и 200мл јогурт битолски, секое утро. Активна, 20тина минути аеробик/пилатес вежби за стомак и нозе.. Тоа ми беа вежбите. Имам јаже за скокање купено, незнам заради тежинава дали е добро. 90кг имам, 170см висока..
Пешачење, ролерки, велосипед, орбитрек, пливање...тоа се работи што имаат помал терет на зглобовите. Јас би почнала со пешачење и како што ќе зголемиш кондиција, можеш да почнеш со брзо пешачење на подолго време.
Океј, те прашав зашто мислев да не внесуваш мусли и каши кои имаат многу повеќе скриени шеќери отколку што вика рекламата за нив. Можеби проблемот е самиот внес на калории, и да се храниш здраво доколку не бидеш во дефицит нема да забележиш големо намалување на маснотии.Намалување на количината на оброци/сведување на еден дел од денот кога ќе јадеш и поголем период кога нема да јадеш ти се 2 океј опции.Поголема физичка активност ќе ти бара и поголемо внесување на храна, така што на почетокот не мора да се оптеретуваш со многу интензивни вежби.Доволно е според мене да си се задржиш на 20-30 мин активност на ден плус пешачи малку по малку. Инаку, кога вежбаш не мора да правиш вежби само за специфичен дел од телото зашто не можеш таргетирано да изгубиш калории, туку фокусирај се на такви кои опфаќаат повеќе мускулни групи и цело тело.
Кога спомнавме житарки кои се најздрави да кажам без шеќер, јас вчера зедов мусли егзотик сеуште не сум ги пробала
Незнам, јас им верувам на овесните снегулки, ржаните.. А мусли во ниту еден поглед не ме асоцираат на здраво.. Мое мислење земи си овесни снегулки, ленено, чиа, топло млеко, брусница или суво грозје исецкано, чоколадо за готвење и можиш лажица мед. Според мене ова е поздрава варијанта на мусли
Пробајте го ова. Човеков е БРУТАЛЕН! Пред малку завршив и само да кажам одамна толку многу не сум се испотила за 30 минути.
Мене овака ми е омилена овесната каша: 3 големи лажици овес го варам во вода со 1 мала лажичка мелен лен и 1 мала лажичка чиа. Кога речиси ќе се свари, му додавам околу 50 грама од урдата на втората слика, која може да се најде во Кам. Понекогаш додавам и малку куркума и бибер, но поретко. Со оваа комбинација на овес и урда ем внесувам добри јх, ем протеини (ем масти од ленот и чиата).
И јас се преразочарав имав и порано пишано во темава, висока сум 175 а тежина 75 сакав да ослабам барем 10-12 килограми.. Така почнав да вежбам секој ден, и сосема го сменив начинот на исхрана.. секој ден пијам по 2 литри вода, наутро прво чаша топла вода со лимон и ѓумбир.. исфрлив леб, тестенини, грицки, благо, сокови, сончогледово масло, кравјо млеко.. барав на интернет рецепти, наутро најчесто јадев овошје, чиа со бадемово млеко, каши со овесни снегулки, смути, јаткасти плодови, путер од кикирики, јајца многу, галети итн.. За ручек тоа што има дома, но избегнувам пржено, ако веќе мора тогаш да е во маслиново масло, не сум ич љубител на месо ама јадев стек, многу туна, јајца, компири ретко и тоа варени, ориз интегрален.. А за вечера само салата.. Месец помина, само 1 кило имам симнато а верувајте огромна промена е за мене да почнам вака здраво да се хранам.. изминатиот период многу јадев, затоа и се поправив толку.. значи навечер после 12 благо тостови пици грицки и по цел ден нездраво јадење, па вода пиење? Ич ич не пијав.. голема промена е за мене ова затоа очекував подобри резултати Сега се мислам дали многу јх сум внесувала, и дали овој здрав начин на исхрана само ми помогна да останам иста килажа и да не се здебелувам.. а ако сакам да симнам толку кг дане треба да почнам со построи диети пр кето Плис хелп
@Emilija97mk 1 месец е прекратко време. Велиш одреден изминат период многу си јадела и си се поправила, сега логично можеш да очекуваш дека ќе ти биде потребно исто така одреден период за да ослабиш. Според тоа што го опиша, исхраната ти е океј. Но дали и количината? Исто така, не спомна некаква физичка активност.
Па знам дека не е многу 1 месец, но сепак само 1кг? Премалце е според мене Количината е сосема океј, никогаш не сум се прејадила А за вежбање спомнав прочитај пак, вежбам секој ден
dali nekoja koristela ova za slabeenje i ima li efekti ..me interesira i dokolku nekoja koristela dali e bezbedno za upotreba ima li nus efekti https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-cla/
Мораш да следиш калории. Пресметај си колку калории ти треба за одржување на тежината и колку за слабеење (дали сакаш пола кило неделно или помалку). http://fitlife.com.mk/kalkulator-kalorii-makronutritienti-slabeenje/ Овој е супер и доста информативен. После ќе си симнеш некоја апликација за следење калории како My FitnessPal, Lose It, MyNetDiary и ќе си внесуваш се. И намали јаглехидрати колку можеш, бирај овошје со помалку јаглехидрати или барем кога ги јадеш гледаш во скоро време после тоа да вежбаш за да ги потрошиш наместо да им дадеш шанса да се наталожат. Пробај intermittent fasting - прескокнувај доручек или вечера недела-две и види како тоа ќе ти делува. И за тоа има апликации. Јас ја користам Clear и би ти ја препорачала, лесна е за користење. Дури и да не се прејадуваш, доколку не ги следиш калориите лесно можеш да ја надминеш бројката на препорачан калориски дефицит, препорачан внес на јаглехидрати, масти и протеини. Еве да земеме пример индиски ореви, или било какви јатки. Секако дека се многу здрави и вкусни, многу луѓе ги користат како здрава ужинка, но и здравото е штетно и дебелее ако изедеш премногу. На пример изеди една ќесичка индиски ореви и ете ти ги 500 калории, да не спомнувам масти и јаглехидрати, а ти пак не си прејадена дури може да се каже и недоволно најадена. Доколку немаш некој здравствен проблем, тогаш калориски дефицит и редовна физичка активност се лекот. Не можеш да не ослабеш ако се водиш по тоа. И се согласувам дека едно кило за еден месец е премалку од проста причина што барем штом почнеш губиш повеќе тежина наеднаш, особено ако си со преумерена тежина, затоа што губиш вода и шеќери кои ја врзувале водата во организмот. Направи некоја промена во вежбање. Најдобра комбинација за слабеење е тежински тренинг во комбинација со кардио. И не се фокусирај оддеднаш на толку строги и можеби нереални цели. Фокусирај се на помали цели - изгуби 3-4 кила па види како тоа ќе ти делува. Можеби ќе ти се допаѓа како ќе изгледаш. Освен тоа, ако вежбаш со тежина ќе почнеш да ги обликуваш мускулите, ќе зголемуваш мускулна маса а мускул тежи повеќе од наталожени маснотии па нормално е да ти се зголеми, наместо намали, килажата. Батали ја вагата ако толку негативно ти делува и мери се со сантиметарска лента. Ако немаш мери се со парче волница, ластик, конец што било - завиткај се околу стомак, бутови без да стегаш или растегнуваш и измери го после парчето со метро. Има многу работи кои можеш да ги пробаш пред да се откажеш или да се префрлаш на такви строги диети ко кето. Важно е да си изградиш здрави навики и за тоа си ете на добар пат како што велиш дека доста работи си променила и се различни од порано. Тоа нека ти биде успех на кој ќе се гордееш. Килограми не покажуваат ништо на крајот од денот.