Кога сте во стагнација со слабеење, дали преземате повеќе работи одеднаш или промените ги правите една по една? На пример, дали истовремено кратите калории, зголемувате физичка активност, воведувате intermittent fasting или пробувате само со една од овие работи? Јас пробувам едно по едно. Си мислам дека е добро да имам „џокер” за следен пат кога пак ќе стагнирам. На секоја стагнација пробувам по нешто ново. Ама појма немам дали е добар пристап или подобро е сѐ да се направи наеднаш.
Едно по едно. И на секое му давам две недели за резултат. Фастингот ми беше првиот џокер, ротацијата на ниско и високо јаглехидратни денови вториот. Имав гледано еден тренер наскоро кој советуваше на почеток на слабеење не одете all in зошто на почетокот што и да пробаш ќе слабееш, туку да зачуваме џокери за моментот на стагнација и да, во право е.
Ако добро се сеќавам, смоките имаат нешто повеќе од 500 калории во 100 грама, а стандардните пакетчиња смоки се по 40 г. Значи 3 пакетчиња смоки и половина литар јогурт се околу 800 калории. Јас сепак нешто похранливо би избрала. За 800 калории можеш да изедеш 400 грама стек (две големи парчиња) и домати и краставици колку што сакаш. Само 800 калории се малку за еден ден. Ќе излажам дека не сум терала денови со по 800 калории, ама малку се и немаат поента. Следниот ден ќе надокнадиш. Плус омалаксан си, едноставно не се доволно.
За дневно е малку, ама освен што е малку во однос на калории, што внесуваш со тие смоки и јогурт? Не внесуваш ништо цел ден кој треба да ти биде полн со различни витамини, влакна, ПРОТЕИНИ, јаглехидрати итн. Направи си го како еден оброк\ужина со едно пакетче смоки и една чаша јогурт, а остатокот од денот нека ти биде со понутритивни јадења. Кога го гледаме од таква перспектива тогаш оброкот е во ред бидејќи си задоволуваш желба за смоки, а плус добиваш некој протеин од јогуртот и така денот ќе ти е избалансиран и ќе се чувствуваш енергетично и среќно.
И јас веќе една ипол недела се трудам да ослабеам само не отидов директ со диета затоа што ќе се откажам. Отидов полека чипсови благо газирано се ми е избацено. Сега веќе гледам и навечер да јадам салата. Ама ако пример ептен посакам чаша сок се напиувам...
Ее морам да ја споделам среќава моја. Конечно! Минус 1кг Три дена сум на 8 дневна диета и скокам на јаже исѕо така 3 дена, по 150 скока правам, 15тина минути отприлика Доручек имам различно овие 3 дена, еднаш пченкарно пециво, па просо со павлака и сирење рендано, денес пица 2 парчиња леб интегрален со семиња, се почестив со кашкавал, врат, печурски и доматен сос Ручекот во понеделникот ми беше обланди, неможев да одолеам и не каснав друго ништо. Вторникот ручаб печен компир со сирење рендано и путер малку. Денес планирам да ручам шопска, бидејки 500калории ме фати само доручеков. Е сеа вечери немам, 8 саати што побрзо хаха. Денес сакам една банана и 2 лажици путер од кикиритко без сол и без шеќер е, од кам го зедов, тоа иди околу 200 калории.. Пијам 3литри вода обавезо и 2 пати на ден, во 12ч и 18ч зелен чај Idemo daljeeee
Дајте предлог за вечера плиссс.. некогаш не вечерам, а кога вечерам тоа е или салата или бадемчиња, ми здосади веќе
Јас не вечерам ништо. Ако вечерам нема грам да ослабам Во 18ч последно јадев банана со путер од кикиритки
Јас бананата ја јадам до кај 15 ч. Покасно мислам не се препорачува овошје, а не знам инаку и за бадемите смеам ли навечер?
Смееш бадеми, зошто да не. Само со мерка, како и за сите јатки затоа што се доста калорични. Смееш и банана доколку вежбаш после тоа за да не наталожи туку искористи енергијата од неа. Според мене подобро овошје да каснеш, ако ти се јаде или ако не знаеш што да јадеш, отколку да се изгладнуваш па да испадне да изедеш чоколадо, чипс, смоки или било што друго од нездрава храна. Јас за вечера обично јадам тањир супа и печен ржан леб, салата (марула, домат, краставица, младо кромидче - што се најде во фрижидер тоа) со или без варено јајце и со или без печен ржан леб (го додавам како кубети во салата) со некој дресинг (пример малку сенф, мајонез, балсаминко и маслиново (или наместо мајонез може јогурт), пржено или варено јајце со малку сирење, домат, краставица. Ако сум повеќе гладна си правам нудли со зеленчук (има кинески микс во кам што можеш да го пробаш или сама да си направиш микс со морков, зелка, печурки и други зеленчуци). Има многу убави инегрални ѓевреци во стокомак, замрзнати. Обично едно ѓеврече и сирење ми е доволно. Чаша јогурт со ленено семе и чиа семе исто така. Кога сум имала пообилен ручек и не чувствувам глад знам и пуканки да каснам само. Повеќе јадам солено отколку благо па затоа пуканки ми се супер опција. Заситуваат и се нискокалорични, само не претерувај со солта. Пак ќе спомнам - Ако си гладна (навистина гладна а не да јадеш од досада), подобро да јадеш отколку да се изгладнуваш. Ем не е убаво за организмот ем нема да ти помогне при слабеење затоа што после период гладување организмот ќе почне да задржува се што ќе внесуваш во обид да те заштити од изгладнување и смрт. Гледај колку можеш поздраво само и тоа е тоа. И со мерка секако. Исто добра идеја ти е, доколку ти одговара со распоредот со обрвски, да вечераш околу 7-8 најкасно. Нема да се чувствуваш толку подуено, ќе му дадеш шанса на организмот да почне да согорува складирани масти и ќе се чувствуваш подобро.
Фала ти на советите, заборавив некогаш за вечера и јас јадам тањир супа или 2 варени јајца, а за бадемите до 10 максимум јадам.. баш сега за вечера јадев малку оревчиња и зелен чај обавезно.. да прашам за овесните зедов пред некој ден ама неможам да ги навикнам, можда со мед ке се поубави али јас ништо благо не внесувам освен природниот шеќер од овошјето
Свари го овесот со вода и додај му урда, мене тоа ми е омилен оброк за појадок. За вечера можеш да искомбинираш домати со моцарела (или ете урда). Или туна со свеж зеленчук (марула, морков, печурки, итн), како салата. Или кефир (во канче што е) или Активиа Натурал со јагоди/малини. Или испечи (можеш и во микро) карфиол со печурки (можеш зеленчукот со раце да го навлажниш со масло, доволно е за да се испече, а и брзо се печат).
Овесни снегулки јас најчесто ги подготвувам навечер и ги јадам сабајле. Околу 50 грама овес со околу 150 грама млеко (можеш и лажичка чиа и/или ленено семе). Ќе измешам се убаво и го оставам да стои во фрижидер. Сабајле додавам одмрзнати малини и лажичка путер од кикиритки или пола банана, лажичка какао и лажичка путер од кикиритки. Обично тие две рецепти за овесна каша. А инаку можеш да ги ставаш и во смути (мој омилен рецепт е една банана, лажичка путер од кикиритки, лажичка-две какао, цимет, малку сол, и лажичка овес во блендер - превкусно смути, можеш и без овес секако а можеш да додадеш и урма ако сакаш поблаго). Побарај на интернет сигурно ќе има повеќе рецепти и начини како да внесуваш повеќе овес. Баш ја гледав една рецепта со овесни снегулки наместо брашно за леб со банана ама не можам никако да ја најдам сега. Можеш и гранола да си направиш сама (има доста рецепти исто) па да ја мешаш со активиа, грчки јогурт, или обичен јогурт и замрзнато или свежо овошје за доручек.
Дали можеби знајш колку е калоричен овој доручек? Вкусно ми изгледа ама се двоумам дека има и млеко, путер.. ?
Јас ги варам овесните со вода, можеш и така да пробаш. Путерот е калоричен, ама ќе ставиш една лажичка само. Пиши на youtube oatmeal recipes, ќе ти излезат безброј комбинации.
Ајде да прерачунаме: 50 грама овес = околу 175 калории, + 150 мл. млеко = околу 85 калории, + 1 мала лажичка (грубо 5 грама) путер од кикирики = околу 30 калории, + пола стандардна банана = околу 55 калории, значи севкупно околу 355 калории (и околу 12 протеини, 49 јх, 11 масти).