Буквално првата дефиниција за кето што излегува на интернет е дека се користи за третман на епилепсија кај деца (и воопшто) и во историјата може да се прочита дека уште многу одамна е користена како таква, а денеска се користи доколку други терапии не помагаат. Не измислувам за да водам инат туку укажувам на манипулацијата која постои зад кето диетата и е жално што е нормализирана. Има наука кај јадењето масти со малку јаглехидрати ама тоа ми е океј на неделно ниво, каде одредени денови јадеш така, а одредени висока грамажа на јх - особено ако вежбаш тежински. На тој начин има баланс.
Е да, овошјето е Али па јагоди, малини, капини, боровинки, а на едно место прочитав можело и диња, барем тоа ќе се јаде летово
Добро вечер феминки денес за доручек осмина бурек со месо и пола чаша јогурт, за ручек гравче тавче еден неполн мал тањир и салата зелка, за вечера шоља зелен чај и 10 бадемчиња, а и едно јаболко измеѓу доручек и ручек. И сега јас не знам колку калории имам тука у цел ден, знае некој да каже
Ја пробав Lose it сега и добра е фала ти многу Arja, ми излегоа 900 cal. за овој ден само ме нервира што морам за некои јадења прво на translate да идам. *
Епа сега не знам, пишав се како што е и толку излезе, ваљда е урачунато со оглед дека е готвено јадење (али и јас на тоа помислив). Сепак внимавам, порано јадев четврт бурек сега на пола се, и поретко. А заборавив, вчера носев едни панталони на корекција и кога измери мајсторот вели 10 см мора да тесниме (се гордеев на себе си) за 1 месец
Внимавам мнооогу на исхраната, се јадам на пола него претходно, црн леб 1 кришка, салати многу, благо и сокови воопшто.. вртев орбитрек по пола сат, ама еве 10 дена не пошто ногата ми е повредена
Луѓе вчера прекршив јадев пица и пиев алкохол, ја мислев ја мислев и ете бидна. Пред ПМС сум,ама нема да се вадам на тоа. Ќе продолжам напред, денес ако можам овошен ден ќе терам. Се надевам нема мнпгу да ми влијае на резултатот. Ете морав да пишам тука
Не е страшно, секако ако внимаваш на количината која ја внесуваш. И да, овој ден треба да надокнадиш, само здрава храна, многу вода и што помалку количински бидејќи вчера си ја претерала. Поздрав драга и не се нервирај толку еднаш е тоа
Нешто ме мачи..денес ми излегоа 1.160 cal. вкупно, границата ми е 1.900 cal. според мојата тежина и висина, но бидејќи не вежбам овие денови таа се намалува на 1.400 cal. Е сега за денеска кал.дефицит ми е 240 cal. Дали е тоа доволно за слабеење или мора да е 500 cal. дефицитот. Јасно му е на некој да ми пообјасни
Не мора да ти биде дефицитот 500 калории секој ден. Некогаш ќе биде повеќе, некогаш ќе биде помалку. Тоа само значи дека ќе губиш повеќе или помалку тежина на дневно ниво. Не се фокусирај толку на тоа, важно е да си во дефицит. Пак ќе кажам, гледај да не гладуваш и кога јадеш, да јадеш здрава храна, богата со нутриенти. Пиј си вода, спиј доволно, и движи се колку што можеш повеќе. Секако не е препорачливо повеќе од пола кило до кило на неделно ниво да се губи.
Негде прочитав за тие 500 кал.дефицит и затоа ми се мотаат во глава. Фала мила на советите, мислев можда имаме нутриционист тука па да ми објасни