Леле неможев и неможев да издржам.Зошто по цела ден ништо не ми се јади не чуствувам глад,а на вечер умирам за јадење.И многу се нервирам,вечерва изедов макарони потпечени и сега многу ми е грдо
изедов 2 полнети пиперки и едно колаче Tаква депресија ме мавна што ги фатив ролерките и до сега ролав саат време! леле денес се напнав на нив! се напнав!!! супер се осеќам, фала на прашање едит- значи од 2 и пол саата ролање и пола саат вртење со хулахол што мислите колку калории сум потрошила???
Многу лудо, според неколку табели со еден саат ролање се топат некои 1000 и нешто калории, а ти 2 саати си ролала, значи 200о и нешто плус некои 300 калории .... Охооо ... си се стопила.
знам дека викаат толку многу Ама не верувам дека до толку многу е Јас 1000 да сум стопила за тие 3 саата активност (со се хулахолот) одма идам Spoiler да седнам на шоља и да серам од среќа
Еве, пресметај и види за посигурно http://www.sparkpeople.com/resource/cal ... xercise=14 А ако не знаеш тежина во паундс што ни јас не знам, пиши на гугл има уште мал милион вакви калкулатори и ќе видиш.
Лилит а зашто се опретеруваш со бројки ако "фармерките ми клапнале,стомакот ми се вовлекол,изгледам ко да сум ослабела"....јас мислам побитен е обемот, одколку самите килограми. Ете и сама знаеш дека не е сало
Нормално дека не дебели кога најголемиот состав е вода. Најводлестото овошје од сите. Впрочем, ниту едно овошје - не дебели, дури ни бананата. Ептен ако се з'гнеш па да изедеш 10, тоа си е веќе проблем. Во 100 гр. лубеница има 30 калории, значи во 1 кг = 300 калории. Колку за информација, тука некаде е и дињата, 36 во 100 гр, значи 360 во кг.
Еве јас веќе три дена пазам што јадам и не внесувам повеќе од 1200 калори, вежбам зумба и навечер пешачам. Сега до одмор ке бидам на овој режим па ке видиме дали ке има резултати.
од завчера и јас почнав диета... си купив шорц еден број помал од конфецискиот број што го носам и ми е премногу тесен на фрижидерот си залепив слика кај што изгледам мн дебела а и братми ми закачил лист на кој пишува не отворај - ДЕБЕЛА СИ за јадење за појадок јадам едно тенко парче црн леб со јогурт... за ручек нешто овошје.. а за вечера салата инаку физичка активност немам некоја посебно, само секој ден одам на плажа..вкупно ми се собира максимум 2 и пол часа пливање сакам до 15 јули да ослабам 6 килограми.. ама и со 4-5 би била задоволна ајде на сите со лесно да ни е хаха
Брее, сте ја наполниле темава Три дена ме нема и се изгубив во коментарите Минативе 2 дена бев болна така да и јадење и вежбање слабо, па се мерам денес, и оп, едно кило помалце.Изгледа требало да се разболам за да се мрдне вагата Си продолжувам со режимот-јадење само од 10 до 18 часот, целосно се откажав од благото, а кога ме фаќа криза, земам лажиче мед.А од денес, ќе продолжам со вежбање, малце да го активирам статичниот точак не ќе биде лошо
Јас денес сабајле пиев нескафе и цедевита како што може да претпоставите. А сега јадев макарони. До после има време да размислам што сакам. Се обидов да зумбам со полн стомак и тоа беше биг дисапоинтмент. Друг пат ќе вежбам па по пола саат ќе јадам.
И јас почнав од вчера динамично со слабеење и денес се придружувам Пред две недели имав 55кг но намалив само на леб, благо и чипсови (кои инаку ми беа секојдневие) и сега стигнав до 53, иако не се гледа по мене дали сум ослабена, бар јас не се гледам. Целта ми е да стигнам до 47-8 до август... Порано имам почнувано вакви ‘режими‘ ама никако да истерам до крај, сега летово некако решена сум и ваљда ќе успеам. Денес доручкував салата со свежи домати и пиперки и сирење, и пасирани печени пиперки со пасирани печени црни патлиџани, парче леб и маало парче поховано пилешко крилце. До крајот на денот планирам канче кисело млеко со краставици да изедам и мноооогу вода. Можно е подоцна да пешачам, но сега за сега ќе рипам низ соба на видеово x3 и ќе направам серија 30 стомачни.. http://www.youtube.com/watch?v=M38HDCGmhm4 Ajде со лесно ни е на сите што планираме да го истопиме вишокот кгг
А колку си висока?47-8 кила е малку за некој што е висок над 160 цм-сигурно не сакаш да изгледаш како да имаш анорексија
Неколку коцки пилешки стек сварен + најубава салата со домат и пиперче за ручек. Жешко ми е за супа, а и не ми се јаде некако, како вчера на пример. Буквално збеснав, таму накај 10.30 ноќеска не се издржуваше веќе, здробив малку салата од зелка. И онака зелката се брои во т.н. негативни калории и убаво ми дојде. Преживеав некако. Јаготките ги снемува, а јас праски многу не љубам. Кајсиите исто не ги сакам, во замена на тоа, мавнав една шолја компотче од вишни сабајле за појадок, немав друга идеја. Час пешачење и два пати по 20 минути зумба. Вечер малку тае бо и орбитрек... и секс. И тоа би било. Ако некој слабее побавно од мене, нека крене две прстиња...
Абе се учлени некој друг на тоа спарк?!Таму ви пишува се и калории на колку грамажа. Него Трендафилке,ти бавно слабееш,а јас што качувам со диети?!Шо праиме со тоа?! Другар ми ми вика,жено не гладувај,шок ти треба,шок.Ако ти е тешко од вечер половично смени си го доручекот,сабајле набрзинка допрај го и тоа јади,како минува денот намалувај храна,ќе видиш како се слабее.Тебе телото ти е навикнато на малку јадење и станало резистентно,а кога вежбаш тоа малце што го јадеш го качуваш у мускул,што и не е така лошо право да ви кажам,ама сепак,нејќум мускул,доста ми е.Муабетов од паталец,а не гаталец,ама мене шубе ме фаќа.Како може да ослабам од протеински појадок од 400 калории?! Кој знае,шо знае!!!