Да не знае некој отприлика колку калории содржи едно мало парченце обична пита со јаболка (не лисната).
Знаете, тие апликации кои мерат калории не се видовити. На пример кога станува збор за цели нешта како пита или лазањи, калориите и нутритивните вредности логично зависат од што и колку има во парчето храна. Не може да побараш само пита и автоматски тоа се тие калории. Малце комплицирано е во случајот со вакви видови на храна, односно кога станува збор за парче храна со мнозинство намирници. Ќе мора секоја намирница посебно да ја внесете и така апликацијата да израчуна. Ова чисто совет.
И ова е точно..но, како да пишеме на апликацииве 1/8 пица на пример, со 10 грама шунка и кашкавал, со 10 грама масло и брашно, зборам за home made пица. Ми нема логика тоа делењето, од кај да знам колку отишло само у едно парче. Али од друга страна има опција пица купечка или дома правена, со или без нешто, така да мислам тука се урачунати состојките. Горе доле се донекаде точни калориите
За пица конкретно не ни рачунам калории, ако ја мафнам цела со величина од оние купечкине теста, тука одма рачунам најмалку 1000 калории. Ако го купуваш тестото, лесно може да се израчуна. Види, не мора да идеш до толку во детали ако не сакаш, ако тоа те демотивира. Но ако ете сакаш точно да знаеш, да, ќе мора така да ја прерачунуваш секоја намирница. Но ако јадеш пица, зошто воопшто и да рачунаш калории?
Има опција да си создадеш свој рецепт. Ги внесуваш сите состојки, точно по грама, милилитри и сл., и колку servings односно парчиња испаѓаат. Автоматски си пресметува во едно парче колку калории, јаглехидрати, масти и протеини има. Оваа опција ја има на My Net Dairy, a верувам и на другите. Разгледај низ апликацијата, треба да ја пишува како Create your own recipe или нешто слично. Секако оваа опција можеш да ја користиш за работи кои ги готвиш дома. Манџи, пита, и сл. За купечки работи не е можно да знаеш точни мерки, така што за тоа не знам како би ти помогнала. Мое мислење е дека колку повеќе си забрануваш одредени работи, толку повеќе ги сакаш. Барем кај мене е така. Ќе дадам пример - Преферирам солено, во смисол чипс, наместо благо, пример чоколадо. Кога и да си речам дека нема да јадам благо (што не би требало да е тешко затоа што нели, и онака не го јадам често) мене ко за инает ми се јаде дотолку што на крај сум јадела и цело чоколадо или било што, и тоа се поради ментален глад, не физички. Па така не си забранувам ништо, ни благо ни солено ниту кога пробувам да слабеам ниту кога бројам калории со цел да си ја одржам тежината. Затоа и мислам дека парче пица не е најлошото нешто на цел свет. Или било што се смета дека е нездраво. Ама се во умерени количини и со прилагодување на останатите калории во текот на денот, а ако претерам, дури и во текот на неделата.
Зошто ако јадеме пица воопшто да рачунаме, јас јадам ама една осмина, и тоа ретко јадам сепак сме луѓе, може се да јадеме ама со мерка
Луѓе, не реков да си браниме. Реков, ако се решам да си каснам пица, ќе си каснам без да и' ги рачунам калориите. Или поточно, ќе ја планирам како 1000 калории, и притоа ќе гледам останатите 2 оброци да ги напраам 300-350 калории. Нема ништо лошо во повремено каснување на пица или благо или бургер или било што. Се согласувам целосно и јас истото го правам.
Па да, но зависи од величината. Јас во принцип не правам пица дома, не ми кејф. Но имам видено табела на купечко тесто, отприлика беше околу 300 калории на 100 грама. А чинам 200 грама се тестата? Значи, само тестото е околу 600. Плус, сос, печурки, сувомеснато ако ставиш, кашкавал. Се собираат до кај 1000че. Ете ако јадеш 8ка, можеш грубо да си рачунаш дека е некои 120-130 калории парчето. Или еве нешто што ме зачуди еднаш. Гледав табела на ќесе замрзнати лиснати теста полнети со нешто беа. Ги пребројав колку ги имаше во ќесето и ја направив математиката: ЕДНО беше 200 калории. А буквално 2 залаци лиснато. Така да... се' што е со теста е најкалорично.
Да, нормално парче ми излегува околу 250 калории, на пола ми е околу 120-130. Се извинувам што се фатив за пицата, само како пример ја зедов за калориите нели и за се што содржи во неа.
Здраво на сите. На диета сум веќе подолго време исто така и редовно вежбам но има нешто што не ми се допаѓа.Нормално јас си имав мал задник рамен...Е сега одкога малце се поправив па се ставив на диета и вежбање,гледам дека формата ми се сменила малце....Така не ми е широк но како надуен Како тие само задник што имаат ништо друго...Ако продолжам со вежби сигурно таков ќе ми станиА јас си сакам како што имав рамен и мал...Како да вежбам а да не ми се оформува да ми се зголемува туку да се намали сакам,можеби е глупо прашањето но како да го ослабнам задникот?
Извини дури сега гледам дека си ми вратила фала ти многу на преубавиот и исцрпен одговор прекрасно и детално објаснето.. Читав и на интернет и уште од понеделникот пресметав колку калории треба да внесувам, плус ја симнав таа апликацијата lose it, започнав со Intermittent fasting, и плус еве веќе една недела сум на кето пијам и многу вода, за жал оваа недела се селев и немав време за вежбање, и за 1 недела ослабев 0.8 kg а со минатиот начин на здрава исхрана беше 1kg месечно Уште пред да почнам да слабеам, знаев дека треба да почнам со кето или некоја таква low-carb диета. Колку што се познавам себеси и моето тело, сета дебелина што ја накачив беше од шеќери. Таков ми е организмот. И знаев дека за да почнам да слабеам мора да ги исфрлам нив. Ама ајде, мислев нема да можам без нив и затоа почнав слабеење со таков здрав начин на исхрана како што пишав пред некоја страна, ама ете сепак по пресметкиве што ги правам сега сепак сум внесувала повеќе јх и затоа изгледа толку тешко слабеењето ми одеше. Ама дефинитивно, без се се може. Колку време и се мислев на кето, ама си викав нема да можам. Супер ми е искрено, и се чудам што воопшто не ме фаќа криза за благо, а што се вели живеев од тоа. Првите 3,4 дена ми беше тешко и лошо, но се навикнав. Посебно денеска кога видов -0.8 кг се прерадував, и уште повеќе имам сила и волја за понатаму
Здраво феминки Пред еден месец пишав на темава и сега сакам да споделам со вас дека ослабев околу 5 килограми и по 3-4 cm во обем. Имам уште добри 10, но пресреќна сум што мрднав од мртва точка. Не сум на некој посебен режим, но отфрлив леб и благото го сведов на минимум (неколку коцки црно чоколадо, 2 пати во неделата), се трудам секој оброк да ми е избалансиран и да не јадам барем 5 часа пред спиење. Вежбам по дома 3-4 пати неделно,но планирам постепено да ги зголемувам деновите. Имам едно прашање околу броењето на калории, денес за појадок јадев чиа пудинг со сушено овошје, за ручек печурки со златна мешавина и марула. Внесов во апликација и испадна дека ручекот бил само 200 калории. Инаку ги внесував сите намирници посебно и отприлика со точна грамажа. Дали е бројкава реална или јас нешто сум грешка? Ако е така, јас друго веќе не јадам за ручек За вечера планирав варена киноа со зелка, рендан морков и цеден лимон, но решив да јадам сендвич со интегрален леб, парче кашкавал и многу салата. Ова ми беше прво внесување на леб, можеби не требаше навечер, но не сакам да ослабам на начин со драстично исклучување на цели групи на храна, зошто не планирам кога ќе завршам со "диетата" повторно да си ги вратам килограмите. Едноставно сакам цел живот вака да внимавам зошто сум многу поенергична и полесно се чувствувам. Отприлика вака ми се одвиваат оброците, во главно овошје, зеленчук, овес, разни семиња и ротирам денови со месо или ориз/компир. Па што мислите, дали правам некоја грешка или да терам вака?
@Spenstar Исто и јас се изненадувам колку малку калории внесувам а всушност сум најадена со зеленчукот, ако сакаш малку повеќе да јадеш за ручек, можеш да вметнеш некое месо или риба, или пак салата со јајце и зеленчук, туна салата, за до вечерта не ти се пријаде многу. Јас си терам некој мој режим, не е режим туку пробувам да ми стане начин на живот, нешто сличен како твојот па ако сакаш некој рецепти пиши слободно, да си даваме идеи
@Spenstar толку калории се, сите три работи што ги наброја имаат многу малку калории. За марулата и печурките знаев дека е така, ама златната мешавина позитивно изненади - проверив, затоа што мислев дека има повеќе. Зеленчук треба да се јаде, салати еден тон... Рече и си лапна геврек, баклава и пица .
Провери дали добро ги имаш внесено сите состојки и грамажата на порцијата. Сепак не би ме зачудило и да се толку калории, грав е прилично калорична храна. Но дури и да се точни калориите, јас не би се секирала премногу. И да испадне плус 200 калории поради леб и салата, сепак не е страшно. Прилагоди ги останатите оброци и ужинки во текот на денот. 400-500 калории по оброк е добра бројка.