(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Гравчето само сварено така нема многу калории, ама израчунај при правење колку масло, кромид, зачини и се друго ставаш. Заради тоа се калориите.
    Како што ти кажа Арја, не е страшно ако ги прилагодиш останатите оброци во текот на денот.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Леб не јадам за ручек, само за доручек може една кришка интегрален.. гравче или што и да има за ручек со салата јадам. За вечера само салата, јајце варено, супа или јаткасти плодови до една шака и овошје секој ден си носам на работа, и го јадам како ужина измеѓу доручек и ручек. Фала драга, секогаш си тука за совет :inlove:
     
    На Arja и Different7 им се допаѓа ова.
  3. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Инаку што викаш у грамажа кога ќе внесам 100 гр. дупло помалку калории ми излегуваат. Како е поисправно 1 Cup ili Grams
     
  4. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да бидеш најсигурна, измери на кујнска вага. Инаку 1 cup е еднакво на 250 грама или милилитри. Кога јадам гравче, сметам околу 150-200 грама затоа што мислам дека отприлика толкава е големината на тањирот (ама ова зборувам за гравче во смисол на манџа, не тавче гравче).
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Да подобро во гр. да внесувам, 100 гр.грав ми излезе 155 кал., а пред малку на интернет прочитав 100 гр.грав е од прилика 350 кал. Аман, се збунив меѓу бројкиве :worried::worried:
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    1.506
    Во 100гр. грав жива мера и сварен има 320калори.
    100гр грав =80г. хидрати а тоа се 320калории.
    20гр билни протеини и е богат со фибри и растителни влакна.Е однего богами се клава килажа :worried:
     
    На Arja и KiT им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.048
    Зависи од гравот. Еве црвен во конзерва:

    20200529_180832.jpg
     
    На Different7, Carolin. и Arja им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Само што пробав пар нови фармерки од друго време во кои мислев оти нема да влезам, но за среќа ми се фаќаат, освен што ми се малце тесни. :devil: Тоа е оти се контролирав од време на време, инаку како што почна карантинот со прибирањето дома, само се џвакаше нешто. :swear:
    Наредната недела ќе отидам да земам уште еден број помали, за да можам да ги носам после две-три недели.

    После денес исфрлам Кока Кола и леб, и ќе сведам благо на минимален интејк во денот. Место Кола ќе се налевам со чај, оти течности пијам повеќе и ќе ми фали, и ќе се префрлам на оризови тортички и интегрални бисквиткрекери. Ми фали само предлог за нивна комбинација за доручек, пишајте ако имате идеи повеќе, особено ако имате рецепт за домашни намази. Планирам да ги јадам со конзерва туна, варени јајца и некаков намаз за почеток, ама не сакам да ми се урази ако јадам се едно те исто. Заедно со салата.
    Ручек што има зготвено тоа ќе биде, само ќе ги контролирам порциите, и за вечера некаква салата или кисело млеко/јогурт. Отворена сум за идеи и за вечера, нешто помалку каларочно и да заситува.
    Ужини ќе имам една или две, зависи колку ќе се чуствувам гладна/сита во еден ден, но планирам таа што ќе ми биде меѓу доручок и ручек да биде течен оброк, јогурт со некакви снегулки и овошје што имам- блендирано. Другата овошје или некаков житаричен бар.
    Со тоа што ќе имам прсотор за внесување храна од 9:30 сабајле, до 5 и пол на пладне.

    Тоа е планот околу исхраната, уште да склопам некаква рутина за вежби фали. Сега ќе погледнам некакви видеа за да видам како да почнам.:smirk:
     
    На Spenstar, Carolin., KiT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Рајс кејкс обично јадам со путер од кикиритки, банана и семиња (чиа, ленено, или од оние 4 мешани семиња што се продаваат, мислам дека се работи за мелени семки од тиква, сончоглед, ленено семе, и уште едно што никако не ми текнува). Мој совет ти е да не го исфрлаш лебот сосема туку да го замениш белиот леб за ржан или барем интегрален. Две рајс кејкс имаат нутритивна вредност колку едно парче ржан леб (јас го користам оној ХХЛ од Жито Лукс) а повеќе најадува лебот отколку тие.

    Сепак, за промена или за ужинка зошто да не, слободно користи ги. Можеш исто со павлака/хумус да ги намачкаш па одозгора со неколку кругчиња краставица или домат, истата идеја можеш и за лебот. Додај и варено/пржено јајце и ете ти лесен доручек/вечера што ќе те засити а и е богат со нутриенти.

    Супер е идејата да ја исфрлиш Кока колата. Реално не нуди нешто што му е неопходно на организмот да преживее. Вода и незасладени чаеви се повеќе од доволно да го хидратираш телото на дневно ниво. Исто размисли да ограничиш јаглехидрати до кај 150 грама дневно за да му дозволиш на организмот да ги користи мастите кои се веќе складирани во телото.

    И искрено мислам дека е малку строго да не внесуваш ништо после 5 и пол на пладне, освен ако не си легнуваш накај 9, па тогаш би било океј. Ти си осеќаш најдобро, но јас би ти препорачала последен оброк да го планираш барем околу 7-8. Така, пак би имала околу 13-14 часа простор каде организмот може да почне да ги користи масните наслаги како извор на енергија и да има видливи резултати. Патем честитки за досега постигнатите резултати и ти посакувам среќа и успех и во иднина!:hug:
     
    На GoodGirl45, Carolin., Snow-Star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    На мене оризовите тортички ми се вкусни, и затоа ги ставам нив пред леб, и секако јадам 2 или 3 на оброк, од Стокомак се последните земени и тие се потенки од другите, па не знам дали има разлика и во составот. Ќе погледнам сега.
    А тие ми се замена за едни итегрални крекери до кои немам достап во моментов.
    Инаку нема да избегнувам тестенини, или било што друго. Не планирам "да си го расипам" желудникот и да правам дополнителен шок на организмот, само нивната конзумација нема да биде честа, и ќе биде во намалени количини.

    Во однос на комбинациите, разгледав на нет и добив инспирација. Вака кога си правев мени од комбинациии во глава на брзина изборот неосетно сама си го стеснив, сега по план оставив повеќе опции.

    Кока Колата ми е повеќе навика отколку потреба реално, и редно време е да ја решам.

    Што се однесува до тајмингот, бидејќи не си легнувам во 9, можеби треба да ја поместам рамката од 10 до 6, со тоа што ако почуствувам глад накај 9ч. навечер да земам 2-3 зрна јаткасти плодови, и течностите остануваат во игра 24/7.

    Целта ми поголем калориски дефицит, без ригорозни диети и јо-јо ефекти, покрај воспоставување на траен поздрав начин на исхрана.

    Фала за мислењето :f:
     
    На KiT и Arja им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.343
    Пол:
    Женски
    За муабетот од погоре, грав нема многу калории како грав пример манџа со течност ама концентриран како тавче можи да има многу.
    upload_2020-5-31_18-38-13.png
    Ова е за 100г. Нормално ако е во тенџере со течност има помалку пошто има помалку и грав.

    Јас одамна немам пишано тука пошто престанав со броење калории и скокам од проблем во проблем со исхраната и колку и да се мотивирам поќе пазам шо јадам ако не пишам тука. Појадувам секој ден овес со чиа и лен. Некогаш со путер од кикири и семки, некогаш со овошје, некогаш со плус гранола од горе, и секогаш со протеин. Ручекот покалоричен, ама со многу зеленчук и грав/ леќа/ грашак. Уште само лебот да го намалам за сега тоа лагано го земам. Вечерата најчесто салата. И во тек на ден си дозволвам еден десерт ама обично то варира дали ќе е коцка чоколадо или цело парче леб од банана - зависно од шо сум јадела денот и колку ми се јади. И јас си лечам менталното здравје за премногу промени да прам наеднаш. Исто и ве канам да прочитате текстов ако сакате, за диети е. Се смеевме со другар ми дека се познава дека има хинтови дека е бааѓи од лично искуство пишан, ама за то е доказ колку пати заминав од темата и се вратив. Деновје ќе гледам поќе тука да бидам само да кажам шојмам јадено и да дам отчет дали вежбав.

    Денес појадував овес, чиа, лен, протеин, со млеко и внатре му насеков две јаготки, едно парче сува папаја и малку банана ама она ептен ситно сецкани пошто немав мед и морав да надохнадам. Од горе насеков уште две наготки, уште едно парче сува папаја, уште малку банана и парче црно чоколадо се ситно сецкано. Ручав толчени печени пиперки со домат свеж со сол и масло, заедно со парче сирење и две лепчиња. И за вечера планирам салата. Најчесто прам шопска или домат со кромид. Денес десертот ми беше твикс парче. Толку да ти била serving size. едит. Само шо пуштив мислењето си напрајв салата со два домати и кромид лол.

    За утре за појадок планирам пак овес, чиа, лен, протеин со млеко, сакам да додам утре и кокос мелен внатре пошто не мислам дека ќе имам јаготки па да ми заслади. И исто од горе папаја, ваљда некоја малина, малку банана и чоколадо. Мед открив кај е, ако се сожали и не е веќе здрвен ќе ставам внатре мед и нема да ставам кокос оти не ми е нешто вау. Вечера се разбира салата, ваљда шопска. Во последно во неа некако ми е. Е сега ручекот варира. Можно е пак да испржам пиперка полнета со изварка и јајце некако брзо и вкусно ми е. Можи пиперка на друг начин. Периодов во пиперки сум удрена. Денојве јадов пиперка пржена и полнета со изварка и јајце. Јајце матено со пиперка. Пиперки толчени со домат. Пиперка печена со масло. Пиперка пржена. Суви пиперки печени со брашно и сол. Суви пиперки печени со компир. Накратко, пиперка. Секој ден ручекот ми е нешто со пиперка. Ама најверојатно ќе биди или сува пиперка печена со брашно и сол, или сува пиперка печена со компир пошто некако ги мернав преѓе сувите.

    Исто така денес се вратив на вежбање со тешка мака зошто расположението ми е прилично долу и многу често ми страда вежбањето ради то. Денес се заинатив и штом тргнав нема да преќинам.
     
    Последна измена: 31 мај 2020
    На Spenstar и Snow-Star им се допаѓа ова.
  12. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    8.700
    Пол:
    Женски
    Mорав да пишам и да и се заблагодарам на @Srckata28 бидејќи ми даде ненормално голема мотивација кога пиша пред нешто повеќе од месец, тенк ју гушкии :l::hug: и големо браво!!! Само продолжи напред!! И јас реков, не пишам овде додека не ослабам:D

    Јас уште лани октомври се ставив на диети, но со преголеми рестрикции, недоволна мотивација, невежбање и цело време се вртев во круг 2кг симни, 3 кг качи.
    А, во јануари оваа година го достигнав врвот, со цели 67кг.
    Кога ја видов вагата само што не паднав но несвест, толку далеку ми се гледа посакуваните 60кг.

    И не, не се озбилив иако и овде пишав, иако со другарка ми почнавме "диета" по не знам кој пат не успеав повторно. Дојде и карантинот и сегашната состојба и си реков ако сега не се озбилам и не ја сфатам сериозно работата, кога имам најголемо слободно време на светот да вежбам и да јадам како што треба, навистина ништо повеќе не ме спасува.

    Почнав и да вежбам, и еве ме сега со 61кг. Толку сум горда на себеси, не можам да ви опишам. И мислам дека тука ќе застанам со дефицитот, бидејќи кога се гледам во огледало си изгледам топ 8)!
     
    На Принцезичка1, Spenstar, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило!! Браво и за тебе, се радувам што си успеала така карантински. :D :l:
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам самата колку сум дисциплинирана, што е чудно за мене вака одеднаш по ова прашање, ама изгледа ќе да е до инатењето и мајндсетот. Еден хај фајв за/од мене и инр ми. (highfive)
    И да не се подречам, пу пу пу... :wasntme:

    Менито денес: бранч- 3 оризови тортички, домат, краставица и неколку парчиња пршута; ручек- 2 парчиња домашна пица со јогурт; вечера- 1 парче пица, домат и краставица. Ужинка излезе кафето и 1 крем банана. И вода цел ден дополнително пиев.
    Имено, многу сум горда заради благото, со оглед на тоа што во моментов има торта и сладолед по дома. 8-|

    Мило ми е што не потклекнав на ладната Кока Кола, уз муабет пркоментирав дека ако ставам пола чаша тоа ќе ми биде единствениот кикс, а тато ми врати у стил "намерно ќе направиш прекршок?", па одложив. Џокерот ќе го искористам во текот на неделата кога, кхм ако, здраво искризирам.

    Физичката активност ми се обврските и пешачењето еднаш дневно, ама ќе гледам од утре да почнам и некое видео.

    Инаку, не планирам да опсесирам со калории и нутритивни вредности. Само површно ќе контролирам што на кој начин ќе конзумирам, со некаква претстава за бројки претходно, за да можам да ги направам математиките кои сакам.

    Заборавив да пишам, чуствувам глад, во смисла крејвингс, иако реално сум доволно сита. Ама знам оти ќе помине со времето, вака е на почетокот.
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.343
    Пол:
    Женски
    Сега ќе се види колку не знам да планирам, појадував големо, јадев три матени јајца со доматен сос. Ручав грашак со леб. Вечерав огромна салата со марула, краставица и кромид. Од благо страна каснав два мали мафини од тиква. Имам уште од зимата замрзнато оооооогромни количини на мали мафини од тиква за да можам да го доживувам вкусот на тиква во текот на целата година. Арно мајка ми тие шо ги имавме изваено 10тина ги однесе в комшии да не сум ги гледала. Јас обично по 1-2 само вадам, мајка ми на големо за да се јаделе. Така да, ако можам секој пат да си вадам од замрзнатите убај благи као за десерт, можи ќе се средам салам.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    7.690
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве вас, јас изгледа најмалце јадам: за доручек една кришка црн леб пржен со јајца и пола чаша јогурт, за ручек две мали сарми, за вечера зелка салата еден тањир. За ужина јагоди околу 20, едно кафе, шолја зелен чај, лимонада и многу вода :)
     
  17. lejdi16

    lejdi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Eden drugar me zamoli za pomos . Pocnuva 21 dneven predizvik pa me zamoli da se rasprasam. Dali znaes nekoj sto saka da oslabi nekoj santim za 21 den , da namali nekoe kilce ili da nakaci nekoe kilce zavisno od potrebite i da se custvuva podobro . Jas licno 5 kila za edna nedela oslabev ama gledam deckoto e profi kaj nego nema nekoj da nema rezultat. Se raboti za herbalife proizvodi, ako nekoj saka neka me kontaktira a jas ke ve preporacam kaj nego, toj ke vi objasni se sto treba. Toplo gi preporacuvam ovie proizvodi vo borba so kilogramite, nema promarsuvanje
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.819
    Допаѓања:
    40.916
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, нормалното слабеење не вклучува правење профит на компании чии производи имаат сомнително дејство врз вашето здравје.Позз
     
    На PrettyDramaQueen, Sejfullai, Spenstar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Spenstar

    Spenstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, дури сега гледам дека си ме означила. За идеи сум расположена секогаш, а во моментов и тоа како ми се потребни :hug:.
    Се загрижувам бидејки чувствувам дека стагнирам, на вага секој ден одев околу 500 грама надолу, но еве цела недела ни грам немам мрднато, ниту пак во обем. Да напоменам дека прекршок немам направено, месец и кусур може да се каже дека терам без ниедна грешка. Дали телото ми се навикна на ваков режим, можеби треба нешто да сменам? Не дека е многу една недела, не знам ни јас што очекувам, ама малку се опседнав, на секој сат се мерам, ова знам дека ми е голема грешка. Не планирам во никој случај да престанам, мотивација имам за извоз, но се плашам дека тие 55 килограми што ми се цел и што се всушност здрава тежина за мојата висина, нема никогаш да ги видам, па макар и на глава да застанам. Девојки, ве молам дајте ми совет или некаква критика доколку правам грешки, навистина сакам да успеам во зацртаното ;(
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.527
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Продолжувам без прекршоци :party:

    Менито:
    Бранч- 2 парчиња пица и јогурт
    Ручек и вечера: порција полнети пиперки
    Во меѓувреме: 2 ептен мали поховани компири сабајле од стрвост али ништо страшно, 1 крем бананка и 3 ресани до домашен мармалад.

    Без Кока Кола и Баунти кои ми се пред нос ( :worried: ), уз вода и еве сега чај од мајчина душица пијам.
    А денес ни кафе немам пиено.

    Излегов на прошетка, ми фалат гумени чизми за дожд.

    БТВ, кога ќе се погледнам во огледало, гледам со други очи. Тоа највеќе ме мотивира. Видливи се некакви промени, а психата колку се мени... :*:

    @Spenstar дали си физичка активна? Пешачиш, трчаш, некаков workout дома во денот правиш? Контрола на исхраната е едно, активноста е друго, и одат заедно. Ако не си доволно физички активна во денот, почни да вежбаш нешто. А ако веќе вежбаш, смени интензитет.
    Инаку, не ретко се случува килажата да "стагнира" после неколу месеци, иако процесот продолжува, и после малце потешко да оди. Зависи колку долго си на некаков режим. Плус мускулите ојачуваат и формираат некаква мусулна маса околу, а и во обем се слабее, иако можеби не се гледа според мерењето. Ако правиш се како што треба, нема зошто да очајуваш, само продолжи така. Резултатите ќе дојдат.
     
    На Spenstar, theowndemon, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.