Денес се мерев, пријатно се изненадив. Еден месец веќе страв ми беше да се качам на вага и се изненадив дека уствари не сум здебелена и сега сум охрабрена да се качвам еднаш неделно. Ете секоја Среда оти денес бидна. Нема веќе од Понеделник. Вчера заборајв да пишам, ама уште не ми темава во „секојдневните“. Појадував овес, ручав компири со грашак и домат и десерт Марс чоколадо. Вечерта каснав уште малку од компирите и мислам дека претерав и вечерта си слегов апликација за броење калории, арно ми е багната неќам да бројам ќе гледам да избришам совреме. Вечерта толку виновно се осеќав за порција плус компири шо дур си спремав ручекот и појадокот за денес сите на вага ги кладов и татко ми под око ме гледаше цело време. Отворено зборам за ова пошто имам проблем јбг. Можи некој има ист проблем па ќе се крепиме во поздрави навики заедно. Не знам дали спомнав, не јадам по одредена диета туку гледам да имам балансирана чинија. Денес јадов овес, пак. Ама не можам онака совршен појадок е. Дур не ми здосади јадам само то се дур не ми текни некогаш случајно дека можам и друго да јадам за појадок. Јас од пред некоја година е запрепастена дека се возбудвам сега на овес. Ручек ист како вчера само помала порција пошто сакам за вечера нешто различно и пола бар Марс каснав овој пат и то уз вибер кафе за да одложам ручекот уште малку да не прекинвам порано. За вечера ќе јадам јајце со течна жолчка. Значи дур јадев појадокот го думав, дур јадев ручекот и се думав да си го јадам за ручек ама решив дека за вечера сакам за денот да си го затворам. Го сакам врз лепче намачкано со павлака, домат, краставичка, марула, од горе јајцето. Како отворен сендвич, без горно лепче. Од вежби денес праев јога 20тина минути ама толку се внесив и се искрцкав мислам дека во живот ме врати. Надежно утре нема да заборам да пишам да не пишам вака реферати ко ќе ми текни дека ден сум скокнала. Утре ќе се охрабрувам обем да си мерам, ама и за то храброст треба.
Вежбам 3-4 пати неделно, до пред скоро и пешачев по 10тина километри, ама сега имам многу обврски, така да ќе останам само на вежбање дома. Инаку вежбам комбинирано, кардио со strength вежби, а знам да убацам и пилатес+неколку јога позиции што одамна сакам да успеам да ги направам правилно. Не знам, можеби ќе треба повеќе да се насочам на HIIT тренинзи. Инаку, случајно испадна и да применувам fasting, бидејќи кога ќе станам немам воопшто апетит и најчесто јадам во интервал од 8, максимум 10 часа... Тоа е, нема откажување
@theowndemon самата знаеш дека не треба така, за казнувањето мислам за порцијата, па мерење храна за нареден ден со доза негативна енергија. Ти барем си со повеќе познавања на човековата психа, оди малце по лекичко на себе. Не си сама. @Spenstar значи самата кажа дека правиш тоа што треба, ако стагнираш обрни внимание на вежбањето, не мора да вметнеш повеќе термини, 3-4 пати неделно е во ред, само смени ги вежбите со поинтезивни. И јас продолжувам понатаму, ама денес беше денот за сите пропусти во неделата... ваков проблем со заб во живот не сум имала досега, и можам да кажам животот ми одмиле во последните 24 часа. Ручек: шпагети, ориз со компир, и половина плескавица Вечера: кросан со крем Измеѓу: Кока Кола, 2 чаши околу 400мл некаде, 3 парчиња месани со домашен мармалад и цреши. И вода. Ручекот беше каша попара пред се' од стрвост, после од прегладнетост, и иако не изедов многу денес, тешко ми оти измешав многу работи изгледа. Али ќе се преживее. Прошетаката не ја скипнав, тоа е хајлотот денес. Утре по план .
Да, да скроз свесна сум али вчера вечер инстикт ми беше да измерам. Генерално броење калории не е воопшто лошо особено кога се нема познавање на храна мсм така научив да знам и без броње да си напрам балансирана чинија АМА знам да претерам. Зато се карам и си кажвам тука шо прам.
Јас да си кажам.. Од кога и кажав чао на УН сум на некој начин здрава исхрана и вежбање. Во последно време скоро недела дена многу се вртам на леб јадење и почнувам да се нервирам. Го откажав и сега пак се враќам на старо.. барем црн јадам се тешам. Почнав да вежбам со Клои и сватив после 20 дена дека тоа не е за мене, јас у тие 45-65 мин. Не можам да се испотам асално, па сега сум само на трчање, скокање јаже и комбинации од вежби што сама си ги правам. Ама единствено нешто што ме нервира е што сум подуена во стомаков, дали ми е од лебот, или млечни производи не знам Наутро сум со рамен стомак до вечер трудна мислиш 6ти месец А да, се мислам аминокиселини да си нарачам, не знам колки се ефикасни па ако некој користрл нека даде совет.
Мени: Бранч: мала рибанка домашен леб со преженица и сирење Ручек-Вечера: Ориз и компир со плескавица, оброкот од вчера кој ми остана Во меѓувреме: неколку лажици варена пченица, какао, баунти и повторно иста количина Кока Кола. И многу вода. Од утре исфрлам Кока Кола до крај на неделата. Оваа недела касно почнувам да јадам, после 1-2 на пладне, оти секогаш нешто излегува пред тоа и немам време. Што е неправилно, ама ми одговара. Па можеби времето ќе го поместам со јадење од 12 сега-за-сега. И до 7 и пол на вечер завршувам со хранење. Прошетката направена исто, ќе ми фали местото после.
Сакам само да споделам искуство. Поради една причина бев принудена да јадам два пати дневно.После некој период луѓето забележаа дека сум ослабнала, а исто и фармерките што ги имав ми се широки. Значи јас си јадев сè, ама само два пати дневно. Доколку некој сака да ослабне, а не може да држи диета нека проба вака. Да нагласам дека не бев дебела, само имав малце стомак кој сега се преполови. Сите имате моја поддршка ќе успеете
Истиот проблем со подуен стомак го имам и јас. Јас плус и нередовна столица Имам приметено кога ќе претерам со тесто ми се подува стомакот и ми се прави констипација, сигурно е поврзано со јаглехидрати. Ако има некој совет за подуеност нека се јави
Ако случајно пропуштам, означи ме ако некој има решение. Додуша за ова зборав со другарка нутриционист, и таа се дуеше и праеше рестрикции за да види од која група на храна ѝ иди дуењето за да знај шо да избегнува за помалку да се дуе ама некако не ми се прај тоа. Исто и Swolenormous го збора истото постојано. Ако се сомневаш во јаглехидрати, исклучи ги т.е. намали ги на минимум една недела и види дали ќе има подобрување. После врати ги и види дали пак ќе се дуеш. А за столицата, јади храна со многу растителни влакна и пиј вода. Овес на утро мислам иди совршено за таа работа. Ова го кажвам како човек кој јади овес скоро секое утро и има прередовна столица.
Добро утро. Сакам да ви се придружам ако може и јас. Во старт да ви кажам дека се немам мерено на вага, затоа што не сакам да се разочарам. Интензивно трчам веќе скоро месец дена, со повремени паузи. Претходно повежбував помалку на орбитрек, ама карантинот си го направи своето. Инаку да бидам искрена и немам некоја голема бројка за симнување. Да речиме дека веќе гледам дека има резултати од трчањето, па сега продолжувам за одржување на тежината и -5 кг барем.... Со диета тешко ми иде....ама ќе пробам колку можам да припазувам. Значи денес, 6.83 km истрчав. Сега за доручек смути (банана, вода и шумско овошје) + 2 оризови галети. И кафе без шеќер! Не знам како ви иде распоредот на пишување тука, треба да прочачкам. Ако згрешив првиот пат, извинете НОВА СУМ .
Нема редослед на пишување @Peperutce1115 , секој пишува кога сака, што сака. Тука сме да се подржуваме низ целиот процес, и да разменуваме информации. Јас зациклив од сабајле, ама тоа е. Продолжувам како треба до крајот на денот, чисто за да има баланс.
Хелоооу, каква вага имате дома за мерење тежина? Јас имам обична, но нешто се шекнала гледам, еднаш се качувам имам 50 кила, друг пат 100 Да купам дигитална, не знам кои се подобри.
Јас еве терам накај рамен стомак, уште малце остана, горни стомачни имам така, се познаваат. Доле делов под папок си се тресе уште. На нозе мускулите ми се поизразени, ама уште целулит имам на задниот дел, ај ваљда ќе го снема и тоа. И газе имам За кила не знам колку точно имам ама варирам обично 54-56. Ќе си купам во блиска иднина, иако многу не се водам по килажа туку визуелно. Ми требаат идеи за протеински доручек за кој не мора леб оти се отепав јадејќи јајца.
Јас ја имам оваа и сум задоволна од истата. https://www.neptun.mk/categories/TELESNI_VAGI/TEFAL-PP-1063-V0
Би можела да јадеш грчки јогурт (јас го земам обично оној на Olympus од Тинекс, мислам дека има околу 5 гр протеин во него) и да го мешаш со семиња и замрзнато или свежо овошје (боровинки, јагоди, банана, итн.). Друг предлог би бил чиа пудинг. Ќе го подготвиш така што ќе измешаш 2 лажици чиа семе (мислам дека ова би било околу 4-5 гр протеин) со млеко по избор (јас најчесто користам овесно млеко но и обично), и ќе додадеш овошје по избор, мед, путер од кикиритки, итн. Можеш и путер од кикиритки, банана, и какао да измешаш се убаво во блендер, да додадеш и лажица овесни снегулки и семиња по избор и да си направиш многу вкусно смути. Иако овде има повеќе шеќери од протеини, мене ме најадува доста и ме држи до ручек. Секогаш можеш да си земеш и протеини во прав па да си правиш протеински шејк за доручек или протеините да ги мешаш во смути или да ги користиш за правење на палачинки и сл. Побарај на интернет уште идеи, сигурна сум дека има уште. Скрос те сфаќам кога викаш дека ти е смачено од јајца, и мене ми е искрено.
(50 гр. или) 5 големи лажици овес, 1 мала лажичка мелен лен и 100 гр. урда - околу 330 калории со 20 гр. протеин, 31 јх и 14 масти. Од урда конкретно оваа: Превкусна е и има одлична текстура, можеш да ја комбинираш со овес, салати, да ја мачкаш на кришка или тортиља. Канчето е 400 гр. што ја олеснува контролата за колку земаш (јас 4 оброци вадам од едно канче, односно по 100 гр. од оброк), ја има само во Кам и е околу 50 денари.
Преубава е сакам и јас розева ке проверам од понеделник у Нептун Денеска за доручек по трет пат пробувам да јадам овесни, првиот пат со вода нема шанси, со млеко исто и сега со јогурт неуспешно. Зборам конкретно оние овесни снегулки жолтите од Кам, пробав од Тинекс со овошје, она ова..абе никако не ги можам никакви си по вкус. Што предлагате како да ги проголтам
Да ги оставиш некое време во јогуртот да попримат и како каша ќе станат. Стави си и една лажичка мелен лен или некои семки, мене така многу ми се допаѓаат.