Да ги оставам јас да биднат како каша, пробував и со некои семки, со бадемчиња, мед..ама невкусни ми се самите снегулки..ко трици да јадам
Не, како да ги варам они се за директна употреба нели, и плус ги оставам подолго време да стојат и какп варени биднат
Не, ќе ги вариш. Стави вода дупло од количината на овесот и вари ги 10ина минути. Едит: откако ќе се оладат додади банана, путер од кикирики, свежи јагоди, киви, било што. А ако сакаш да додаваш нешта додека ги вариш, можеш суво грозје или урма, замрзнати јагоди или малини, мед и какао и цимет. Или урда.
Ако немаш време можеш и како overnight oats да ги подготвиш претходната вечер и да ти бидат спремни за сабајле па само да додадеш банана или било какво овошје, какао, семиња, путер од кикиритки, мед, и сл. Јас најчесто така ги јадам. Ја користиш истата мерка како кога би ги варела, само што сега мешаш овес и млеко/вода и ги оставаш во фрижидер па сабајле си додаваш што сакаш. Еве неколку рецепти. https://www.instagram.com/p/B9R42bHKUtc/
Не мораш во млеко. Варејќи ги во вода се приготвува кашата. Ако не ти се допаѓа со вода, вари ги во кравјо или веганско млеко. За арома можеш да додадеш што ти се допаѓа. Еве ти примери: П.С. И јас ги користам истите од Кам во жолто пакување, понекогаш целосните, понекогаш мелените, топ се.
Овие што ги купуваш се од цело зрно? Иначе свари ги со вода или млеко, ќе се направи како каша и после можеш што сакаш да додадеш.Јас во последно време додавам зеленчуци додека се варат и така солени ги јадам, ама ако сакаш благо можеш откога ќе ги извадиш да ставиш банана, цреши, бадем, малку црно чоколадо и сл. Само и ова да допишам, баш пред некое време најдов на пазар комплетно необработен овес, вкусот ми е ист, а се добиваат многу повеќе хранливи материи од процесираниот.Ако најдете, купувајте таков најдобро.
Лично ќе ти кажам дека најдов "совршен" овес, бар за мене, и на поинаков начин не ми е вкусен. Јас ги прам како "overnights oats", 1/2 cup овесни снегулки ( моментално имам од Виталија од тие со малина ама имам пробано и со обични), лажица чиа, лажица мелено ленено семе и засладувач со 1/2 cup млеко. Јас пошто во овесот си ставам протеин, ставам лајца- две плус млеко зошто густо ми е. Некогаш внатре ставам и лажица горко какао ( пак лажица плус млеко). Во мое искуство кога пијам со кокосово млеко зошто е благо не ми треба засладувач некаков ама со останатите да. И после го оставаш преку вечер и сабајле од горе ставај ШТО сакаш. Предлози: Путер од кикири - микс од јатки Свежо овошје и 4 семиња Суво овошје, јатки, таан Кокосово брашно и рендано темно чоколадо На овој начин овесот ми иди како цреша на шлаг. На поинаков начин ми е мех. Едит. 1/2 ама можи и 1/4 cup да користам. Имам забораено која мерка ми е изваена за секојдневна употреба.
Не би ти ги препорачала оние овесни снегулки со малина (ниту било кои од останатите со вкусови на Виталиа) од проста причина што имаат премногу додадени шеќери. Еве, да ги земам за пример овие со малина - на 50 гр имаат околу 40 гр јаглехидрати, за разлика од најобичните овесни снегулки кои имаат околу 30 гр. Разликата во калории е скоро и незначителна. Можеби не е којзнае колкава разлика во јаглехидрати, но за мене сепак е значајна и повеќе ми прави мерак е тие 10 гр јаглехидрати (разликата) да ги искористам со додавање на некој од додатоците кои ги спомна отколку преку овесни снегулки со вкус. Следејќи го истиот пример не користам ниту едни од муслите кои ги продаваат (оние со шумско овошје, млечни, со чоколадо и банана и сл.). Премногу непотребни додадени шеќери содржат. Единствено гранолата од Виталиа ја користам ама и таа гледам да ја потрошам што побрзо и да ја баталам. Си најдов рецепта за како да спремиш гранола сама дома, и изгледа преедноставно и поевтино секако. Се уште не сум ја пробала но еве рецепта за некој кој можеби би сакал. https://liezljayne.com/toasted-oats-granola-cereal-gluten-free-dairy-free-sugar-free/
Лично, преферирам без вкус овес пошто вкусот сама си го прам покасно со топингс и ова не ми одговара за чоколадниот ( така го викам кога му додавам горко какао, огромен фан на горко какао сум) ама овој ми е поклон и го користам цело вреќиче максимално. Како и да е, не ми менва дали има шеќер плус или не. Некогаш ми менваше ама не веќе. Гранола и јас праев неодамна уште имам чувам една тегла за другарка ми ама никако да дојди или да ѝ однесам.
Јас ги користам овесните снеулки на Виталиа со малина исто, со тоа што односот ми е две лажици од овесните, една најобични јачменови, и една лажица миксот на Виталиа што е исто шугр фрии. Уз неколку парчиња ако имам некакво суво овошје, и по една мала лажичка некакви семиња со јогурт. Можеби не е најдобрата комбинација, ама е здрава, и мене ми одговара и ми е вкусно. Ова како идеа. Секој нека одлучи според што највеќе му одговара да се води.
https://www.neptun.mk/categories/TELESNI_VAGI/VAGA-FUEGO-PS-4 сум пропуштила муабетот од погоре, јас оваа ја имам само ептееен е осетлива на каква површина се мериш. Малку да е не рамно и одма дава драстично различни бројки и буквално кога ѝ барав место низ ходникот на колена поминав така шо ја местев, ја тресев да видам дали мрда, се мерев три пати со ред за дај исто. И сега на исто место седи и не смеј да се мрда оти кој ќе ја годи пак.
Фала Секако правам смутиа и такви работи. Мене ми беше за нешто што нема многу јаглехидрати зашто секако овошје си јадам за ужина.
Ок, јас ако ви кажам што се јадев денес, ќе ме исфрлите уште првиот ден . Заебав работа. Доручекот беше диетален, нели ви кажав смути (банана, шумско овошје и вода) + 2 оризови галети. Ручек диетален - полнета тиквица со ориз, со салата. Ужина бр 1 - две порции сладолед со чоколаден прелив и кока кола. Ужина бр 2 - јаболка Ужина бр 3 - смоки Утре ќе биде подобро .
После 7 недели на кето, јас имам минус 7.5 кг Ама, јадев многу дисциплинирано: без cheat day, пошто кето не поднесува таков ден, јадев здрави намирници и пиев многу вода, комбинирано со вежбање. Со кето диетата, заприметив дека се таргетираат баш оние делови од телото кои треба да ослабнат, односно каде што има наталожено масти, што е и повеќе од одлично. И да кажам дека кето не е само јадење месо, сувомеснато и сл. процесирана храна. Јас јадев секакви комбинации на зеленчук, печурки, подготвени на путер, маслиново масло со додаток на сирење, кашкавал, неутрална павлака итн. Исто, научив да правам кето лепче од домашно бадемово брашно. И најважното, направив комплет лабораторија и сѐ е во референтни граници: холестерол, триглицериди, шеќер, сѐ е на место. Одиме понатаму, со надеж за нова гардероба со помал конфекциски број А да, сакам уште 5-7кг да симнам. Не морам, ама сакам
Малини, капини, јагоди, боровинки и лимон. На неколку места прочитав може и лубеница, диња, зелени јаболка, ама не ми е верно.
Рецепт за лепчето. Доручек јајце варено, на око, кајгана на путер, сирење, кашкавал, панцета, зеленчук обавезно, сендвичиња со кето лепчето. Исто и чиа пудинг во кокосово млеко со додаток на јагоди, малини, боровинки. Ужина јаткасти, или малку темна чоколада. Ручек било кое месо: свинско, телешко, пилешко, риба, секогаш со зеленчук, или Цезар салата, туна салата, топено сирење, потпечен модар патлиџан, тиквици, печурки итн. Си правев и кето пица, кето начос со гвакамоле. Салата уз ручекот обавезно. Кафе со шлаг пена од туба, со напомена да има висок процент масти, а малку јх и шеќер. За ужина, десерти што успеав да ги направам домашна нутела со путер од лешници, само додадов чоколада со 85% какао. Исто важно е во чоколадата да има висок процент масти, а малку јх и шеќери. Тоа го има само во чоколадите со над 80% какао. Овошен јогурт од кисело млеко, кокосово млеко и јагоди. Вечера немав, не бев гладна и не осеќав потреба. До 16ч. веќе бев фул и заситена. И не броев калории. Ретко се случуваше да ми се јаде, тогаш само салата или јаткасти.
Дали дури некој е на фастинг може да пие кафе со млеко? Мислев дека во if се е дозволено, битно е кога се јаде. Но нели за подобри резултати подобро е здрава исхрана. Ме буни тоа што некаде прочитав дека кафето не можело со млеко