Не смее со млеко. Млекото ти е извор на додатни масти, јх, калории во овој случај затоа се избегнува. Црно, незасладено кафе, незасладен чај и вода се дозволени во fasting period.
Можеш да пиеш со млеко во тие 8 часа додека јадеш. Кога ќе почне фастингот може да пиеш само вода и незасладени чаеви и кафе, како што веќе ти кажаа.
Има енергетска вредност=калорија , значи не.Тоа е поентата на фастингот, да не се внесува никаква калорија. Ако пиеш кафе ни шеќер не треба да ставиш.
Ми треба ваше мислење Бидејќи мака мачев со диетиве , можеби ослабнав малку од диетите ,но ми се смачи од готвењето , немам мн време за тоа , затоа се префрлив да јадам само салати .Значи салати обични :-Зелка,краставици ,моркови,зелка црвена , цвекло и тоа , малку масло и малку сол и малку пешачење ... Прашањето ми е дали е здраво , и дали може брзо да се ослабне од јадењето само салати?
Само салати? Ќе симнеш 2-3 кг, зависи од метаболизам, за брзо ќе ти се смачи само тоа да јадеш, и пак на старо ќе се вратиш, а со тоа и килограмите.
Многу работи фалат во само салати ... Зеченчук и треба да е основа на оброците ама не да е само зеленчук. Ако сакаш ете брзо јадење во форма на салата, збогатвај го, со авокадо од горе, наут, микс од семиња и јатки, дресинг од таан, киноа, додај тофу, пилешко, риба, јајце варено, ако ти се експериментира пробај и со суво овошје. Побарај Buddha Bowl многу идеи ќе добиеш. Исто така ако секој оброк ти е салата, ќе ти фали и хидрат. Ама ако си решена на салати, напрај овошна салата. Мој предлог за да не готвиш секој ден ако неќиш е да напрајш поголема количина за неколку дена. Направи си и оброци шо можиш да ги замрзниш. Вака "жртвуваш" неколку сати да напрајш јадење ама со првата опција ќе имаш за неколку дена, со втората опција ќе имаш за буквално кога сакаш.
Се надевам дека нема да биде така Мене за сега ми е ок , бидејки јадам неограничено и кога ќе ми текне , за разлика кога тоа ми е ограничено ,вака бар не сум гладна и имам слободно време Се надевам дека брзо ќе ослабам , освен салати пијам и кафе и заситена сум
Те читам постојано и цело време бараш некои диети, брзи начини на слабеење....Не сакам да ти попувам ама не знам како планираш да живееш со салати.Со марула и цвекло ќе живееш два дена, третиот ќе ти се слоши и четвртиот веќе ќе бидеш со хамбургерот пред тебе.Вака само се измачуваш и ништо нема да постигнеш.
Ќе ти фалат јх, а и како што ти рекоа, ќе ти здосади. Наместо да бараш и бараш постојатно нови диети, инфорирај се трите органски соединенија (јаглехидрати, масти и протеини) по колку треба да се конзумираат, во која храна ги има, како се комбинираат едни со други, кои треба да доминираат количински. И вака знаејќи го сево ова, сама ќе си ги бираш оброците секојдневно.
И да јадиш неограничено ти си само заситена ама пак то не е балансирано за телото да добие се шо му треба. Ти фалат сите макрос оти во салати имаш витамини, минерали и општо ниски калории ама голем волумен. Ти фали протеин, ти фали хидрат за енергија, ти фалат масти. Разгледај buddha bowl буквално е легло од зеленчук зелен и од горе имаш малку протеин, малку семки, малку јатки, дресинг, малку зготвен зеленчук. Ако сакаш да имаш акцент на јадење само салати а притоа телото да добие се шо му треба, разгледај поќе слики. Исто така ако не добива телото се од макрос шо му треба или калориски да не добива доволно храна ќе оди во шок и ќе почни да прај задршка на масти. Се шо јадиш ќе се лепи за тебе "за секој случај" пак да не јадиш недоволно. Еве јас ќе ти пуштам вегански од јутубер шо гледам: Лежиштето на сите овие е свежа салата.
Јади уз салатите и јајца варени, туна, пилешко, грав црвен од конзерва можеш...не треба за пилешкото и јајцата повеќе од 10 мин готвење, додека ја правиш салатата се готови. Плус можеш по една кришка тонус да каснуваш со нив, за јаглехидрат да внесеш. Салатите се здрави ама не е здраво само салати да јадеш.
Засега супер се чуствувам , ќе видам понатака , ако не можам ќе внесам и туна и пилешко .Ќе пишам деновиве Хамбугер и такви фаст фуд немам каснато 5 години. Мене јх ме дебелаат , собирам храброст да ги тргнам од исхрана . Најголема кривица за моето дебелеење се токму јх и скробот . Гледам скроб тука , него сакам скроз заедно со јх да ги елиминирам од исхрана , можеби ќе додадам само чист протеин , на пр туна , пилешко , телешко . Инаку фала за долгиот пост
Aко сакаш диета со малку јх, тогаш кето. Ама кето не е за секого, полека се преминува кон таква диета и е само додека ослабеш, потоа пак постпеено се враќаш.
Протеин обавезно. А за јх, те дебели или дуе? Оти за да те дебели мора да надминиш калориски лимит за денот. Имаш пробано со контролирани мали порции? За ниска диета до ЈХ ти е кето, мислам пиша девојка тука шо ја држи и е задоволна бар протеини и масти ќе внесиш така. А ако те дуе треба да видиш кои хидрати конкретно те дујат. Ама долгорочно како би било без јх?
Јас си правам смути со пола банана, млеко и лажичка какао. Откако ќе го изблендирам ставам овесни снегулки и чиа семки, го ставам во фрижидер барем 2 часа да отстои да набабрат семките и снегулките. Превкусно е. п.с. ги купувам овие снегулки од маркет, според мене највкусни се и не се многу chewy.
Добро де, онака ставив хамбургер како пример, поентата ми беше дека ќе се прејадеш со било што друго што не е салата. Инаку, не се дебелееш од јх, туку од нивно преголемо внесување.Сосема е во ред и компир да каснеш, и ориз и леб.Ама замени бел со кафеав ориз, бел леб со цело зрно, пржени компири со варени(сладок компир место обичен уште подобро) и најбитно,направи ги порциите помали. Не се живее без јх, тие се основен извор на енергија. Супер е да јадеш салати и здраво е - и јас обавезно секој ден по два пати јадам - ама не ги јади само нив туку како што ти кажаа и другите, комбинирај ги.Еднаш направи пилешко, телешко, свинско, еднаш свари леќа, грав зашто не се толку сложени за правење ако не сакаш многу да готвиш, друг пат туна земи, четврт пат ориз, сите тие со најразлични салати и ете ти ручеци.Пак мораш да зготвиш нешто ако сакаш да ослабеш, ама не мора да е толку сложено за да биде здраво. Исто така додавај семки и јатки во храната. Можеш и да почнеш да ограничуваш од колку до колку ќе јадеш, на пр. јадеш од 10 сабајле до вечер до 8 и толку. Не знам што и како работиш ама ако е возможно, колку поорганизирано и секој ден во слично време јадеш доручек, ручек, вечера - толку подобро.
Убаво објаснија погоре, не се живее без јх, барем не без оние здравите (а и човечки е да посакаш и чоколадо да каснеш еднаш). Имам другарка која порано имаше навика да се одрекува од нездрави јх и да се фали како не јадела благо веќе 3, 4, па и 6 месеци. И знаеш што? Ене ја денес, пак јаде. Не, не постигна некои вау резултати во слабеење. И ден денес се прејадува на јх, голта цели чоколада дур да трепнеш. Се што си забрануваме, само уште повеќе го посакуваме, не е нешто поинаку кога станува збор за храна. Поради оваа причина не функционираат диети (во смисол пак се враќаат килограмите потоа) затоа што не те учат на самодисциплина и самоконтрола туку едноставно ти забрануваат да јадеш одредени продукти и на тој начин те изложуваат на голем ризик од прејадување. Од се по малку и умерено - јх, масти, протеини. Те сфаќам кога викаш дека немаш желба за готвење (или можеби дури и време), ретко кој има денес кога сите сме на трчање ама има и начин за тоа. Убаво спомнаа погоре - организирај се во сабота-недела, зготви си ручек-вечера за колку дена можеш повеќе и после не мора да мислиш на тоа во текот на неделата. Има многу видеа на јутуб што можеш да ги искористиш како пример за weekly meal prep.