Чисто за да доловам - мозокот и тенкото црево се единствени места во телото каде што глукозата може да премине без да има потреба од инсулин. Во другите клетки по многу малку е можно тоа.. Инаку дијабетичари нон-стоп во несвест ќе паѓаат. И не за џабе е вака. Јх мора да има, дури и во кето ги има во мала количина. А како што реков горе, на кето не се преминува наеднаш и не без претходно постепено да ги намалуваш јх, но не да ги елиминираш. И мускули не функцуинираат без глукоза. Само при гладување, глукозата од мускулите не може да се искористи за енергија на други клетки зашто ги нема сите ензими за да може таа да биде ослободена во крвоток, како што е случај во црн дроб. Значи...мора јх во исхрана Јас гледам ако за доручек јадам овес со овошје ручекот и вечерата немам јх. Ако доручек јадам јајца, за ручек имам ориз/компир. И тоа е тоа. Порано не можев вака. Повеќе јх ми требаа. А сум пробала одеднаш да преминам на исхрана со малку јх и бев за нигде и се откажав.
Одам од екстремност до екстремност и само се вртам во круг, од кој многу ми е тешко да излезам. Веќе ме ј*ебе во психа и тоа на најсилно. Ќе држам еден месец со намаленп јадење и само здрава храна и потоа две недели јадам и прејадувам и ми е смачено од се. Еве и сега почнав 5ти ден ми е и до кога ќе издржам еве незнам. Сабајле правев палачинка само од интегрално р'жано брашно и туна со кромид и спанаќ во блендер во обид на паштета и краставица. Ручек ориз и спанаќ со филџан јогурт и салата. Прашање имам супа дали да ја јадам или не, дали многу ке ми се фати ? А, ја мислам. Ах леле многу ми е тешко.
Добра ви вечер, ајде и јас да се јавам како што и пишав претходно, си терам некој режим на поздрава исхрана, со салати и овошје, лимонада и зелен чај секој ден еве точно 2 месеци. Благо и сокови ич, леб исклучиво црн една кришка дневно, но има денови кога навистина ми фали енергија и се чувствувам скапано. На почетокот вака ми беше секој ден, си велев додека се навикне организмот.. сега многу поретко ми се случува но се случува Сакам да ве прашам како да обезбедам малку повеќе енергија бидејќи на работа и после со две деца дома, верувајте ми треба дали ми фалат протеини повеќе, и ако е до тоа работата, ме интересира каде се ги има (пилешко никако не јадам ). Фала ви однапред
@Tan4ence Јас јх скратив наеднаш. Советот што го добив беше да не мислам на калории, колку количински сум јадела и колку пати. Мене само тоа ми помогна да не се "шокирам", а и релативно брзо влегов во кетоза. Штом помина кетозата, јас повеќе од два главни оброци немав. И уште е така. Баш пишав и претходно, спонтано ми дојде и intermittent fasting да правам. Али на почеток јадев, за благо кога кризирав, обично за време на ПМС, каснував малку 85% чоколада, јагоди, малини и ми поминуваше кризата. Е сега она што ме плаши е како ќе се вратам на јх понатаму, ми се чини дека и мозокот ми е испрограмиран да кажува "но, но" за сѐ што не внесувам сега. Инаку, во меѓувреме отидов уште еден кг минус.
Добро, ама јас еве не можев. При стрес, било физички или психички мене нагло ми паѓа шеќер, некогаш буквално да имам малку време да реагирам пред да колабирам. И еден период кога одеднаш скратив, ми се слошуваше постојано. Па еве три месеци како постепено намалувам и сега се навикнав да функционирам со малку јх, дури сакам да пробам кето за да го намалам стомакот со кој уште мака мачам. И при интензивно вежбање уште ми се случува да ми падне шеќер па морам да прекинам. И затоа се мислам за кето, инаку настрана од вежбањето, океј ми е вака.
Девојки значи викате до јагле хидрарите е работата, т.е шеќер ми фали ??? Јадам секој ден овошје природен шеќер
Природниот шеќер(фруктоза) не се искористува за енергија туку се складива во црнио дроб. Декстрозата нема процес на варење и само за неколку секунди веќе е во крвотокот, само врви низ желудник. Тој хидрат се искористува за енергија. Малтодехтрин е малку поспоро абсорбирачки хидрат за разлика од декстрозата. Малтодехтринот се вари во желудникот и покасно се искористува за енергија. Сахароза е обработен шеќер добиен од шеќерна репка кој се вари споро. За долготрајна енергија се користст комплексни хидрати со низок гликогемиски индекс за да недојди до нагло дигање на инсулин. Кога ќе се покачи инсулинот и нагло падни, го паѓа и притисокот и ќе те успие. За да нема инсулински спајк, се користат комплексни хидрати како компир, овез, грав, интегрален ориз, тестенина. Растителните влакна го одржават инсулинот во нормала. Најбитна работа-Кога има присуство на инсулин во крвта, оксидацијата на телесните масти е стопирана.
Исто и јас до некни бев на кето, и за месец ослабев 5кг како претходен НАЈГОЛЕМ обожавател на благо и шеќери, поминав преизненадувачки добро. Воопшто не ми беше тешка, и ретко ме фаќаше криза, а исто имав по два оброци и ми беа доволни. Овие 2-3 дена ми беа малку cheat, некаде прочитав дека насредина од кето океј било малку да го шокираш оргамизмот и да излезеш од кетоза. Како и да е, од утре пак почнувам. Навистина многу ефикасна диета, а јас не ни вежбав. Имам уште 7-8кг за симнување, сега за сега планирам уште месец да ја држам, па понатаму ќе видеме
А што поточно јадеше? Дали внесуваше и протеини(месо)? И зошто во кето не се дозволени цвеклото и морковот?
Млечни производи, месо и дозволен зеленчук и овошје. Кето не се базира на протеини, туку на масти. Значи процентот на масти треба да е најголем. Цвеклото и морковот имаат скроб, затоа не се дозволени.
На кето бев неколку пати, слабеев по 3-4 кг но повеќе во обем. Како што ќе прекинев да ја држам диетата т.е. се враќав на нормална избалансирана исхрана со додавање на ј.х. ги враќам одма. Има ли некоја од вас што е на кето па прави прекини некој совет како да не ги вратиме пак кг?
Првиот пат кратко ја држев и килограмите ги вратив, ама тоа што го јадев беше далеку од балансирано. Сега не знам како ќе биде, имам уште еден месец најмалку за да ја прекинам. Читав дека треба најмалку 3 месеци да се држи за да има резултати и да нема враќање на килограмите. А зошто си на кето ако се работи за 3-4 кг? И колку долго без прекини ја правиш диетата?
Не повеќе се за симнување ама незнам таман ќе стигнам до некој симнат кг и веќе ме убива монотонија па се враќам на старо.
Епа затоа ги враќаш. Првите килограми што се симнуваат во кето се всушност течности, масните наслаги тек после месец се топат. Со кето нема он енд оф, или ја правиш, или не.
Една коцка црна чоколада колку калории има знае некој, на пакувањата обично пишува за 100 гр., а една коцка колку грама е
Зависи. Еве нека се 5 реда чоколадо со 4 коцки. 100гр. делиш на 5, тоа е 20гр од ред. Сега за коцка да најдеш ја делиш масата на редот со бројот на коцки во случајов 20÷4=5гр. Значи една коцка ќе е 5гр. Се надевам ме разбра
Се враќам наназад, имаше пишано дека еден длабок тањир за манџа има околу 200 гр. Дали знаеш колку грама е плиток тањир, не можам да најдам на интернет??
Па не баш искрено. А и се зависи од храната што ја јадеш. За гравче, леќа затоа што се манџи и се водести, рачунам околу 200 гр најмногу. Ако сакаш да бидеш прецизна би требало да мериш на кујнска вага се. Јас лично не можам до толку да се замарам, па такви работи ко манџа ставам од прилика. Еве слики подоле како можеш да ја користиш дланката и прстите за мерење. Не можеш да ги искористиш за мерење манџа и слично, но можеби ќе ти помогнат околу мерење паста, ориз, месо, риба, итн.