Добро е и ова, стисната тупаница е 1 cup, нема шанси бар кај мене имам ситни раце најдобро на кујнска вага ама немам
Сакам да ве прашам нешто.. пробувам за вечера да јадам еден тањир супа или 10 бадеми/ореви или едно варено јајце, но некако не успевам т.е не ми е доволно. А кога ќе изедам тањир супа и плус 10 бадемчиња или наместо едно изедам две варени јајца тогаш ми е доволно. Прашањето ми е дали вака е многу како за вечера што мислите
Pisi prvo koja ti e celta, dodavnje muskulna masa ili samo gubenje kilaza. Navecer se jadi protein i masti. 4 vareni jajca, 2 celi, 2 samo belka, edna porcia marula i posle obrokot edna raka fstak. Pred legnuvanje magnezium so D3 i edna tableta omega 3.
Не е многу. Имам спомнато и претходно, може слободно да ти биде до кај 400 калории секој оброк (и пак да достигнеш околу 1200-1300 калории на ден) па и повеќе нормално во зависност од тоа колку ти е калориски дефицит. Две јајца се околу 170 калории. Тоа е премалку. Додај парче ржан леб, малку хумус, домат, краставица, било какви зеленчуци за да зголемиш волумен на оброк а тоа да биде со малку калории и ќе ти останат плус калории што можеш да ги внесеш преку ете леб, хумус, сирење, маслинки, супа и слично.
Гледај дневниот внес на макронутриенти да ти е во соодност на 2:1:1 значи 50% од храната да е протеини, 30%масти и 20% хидрати. Пред спиење најдобра опциа е варени цели јајца, риба, малку гриз со путер од кикири, црвено месо или пилешки стек.... Можеш и да ги зголемиш дневните калории од страна на протеин и подобро ќе слабееш без гладување. Ако гладуваш, организмот започнува процес на преживување така што складирва сало. Овошна салата исто така е добро пред спиење да те засити да не си гладна. Гледај само да не внесуваш хидрати или хидрати и масти.
Искрено мислам дека јагле хидратите ми се на минимум.. р сега кога викаш овошна салата навечер се мислам. Овошјето го внесувам обично измеѓи доручек и ручек пошто нели навечер не треба
Јас последнава недела го сменив доручекот ( смути си правам) пошо многу на сува храна е нема манџи само два пати неделно. А за резултати рано е да кажам. Ни па се имам метено. Инаку гладна не се чуствувам има доволно за јадење мене некогаш и премногу ми е па пола оставам од ручекот. Ама јас имам организам кој е навикнат 3-4-5 чорба да јаде неделава и тоа ме правеше да се чуствувам подуена и затоа го сменив појадокот. А инаку е сличен еден ден смути другиот јајца.
Не се преоптеретувај со ова. Нема да ослабиш со мерење секое залче. Јади нормални порции, најбитно е да си сита. Спремај на здрав начин, варено, печено, а не ја смалувај порцијата. Внеси салати за да си посита, пиј многу многу вода, вежбај кардио и тежински тренинг и вежбај тебе да ти биде тешко. Тоа не значи да дигаш по 100 кг на бенч, ако ти со 10 кг внесуваш напор, тоа е супер и има ефект. Практикувај брзо одење и угорници или пак hiit вежби од интернет. Јади по 4-5 здрави оброци. Резултатот ќе биде видлив и траен. Вака со мерење залчиеа ем ќе ти здосади, ем ќе си нонстоп гладна и нема да го смалиш вишокот туку напротив. Телото ќе таложи резерви зашто не му даваш колку што му треба.
Во ред ти благодарам, само прашувам може некој мерел вака, додека да си купам кујнска вага, а и ваквото мерење за мене стана навика како и броењето калории, без да сум преоптеретена со тоа
Јас да прашам нешто. Доручек имам некаде во 9-10, ручек некаде 3-4 саат. Е сега обично ако ручекот ми има месо, ме заситува и да не изедам многу и до вечер не ми се јаде воопшто. Евентуално ако останам до касно осеќам глад пред спиење, ама ретко. Вака ми е океј, ама севкупно вака не внесувам доволно калории, иако не бројам и не се замарам многу со броење, сепак се малку. Дали да си продолжам вака и да јадам само ако ми се јаде, или да јадам сепак и кога не сум гладна? Еве прееска ручав во 4, уште се осеќам заситено ко пред малце да сум јадела.
Да, според потребите на организмот така прави. Ако не си гладна не јади, па и да се малку калории, ке си имаш кал.дефицит, исто како мене
Еве вака пресметај. Да речеме дека парче стек од месара купено е 150 гр. Ако го исечеш на 5 коцки, една коцка е 30гр. А вага ако купуваш, гледај да мери од 1гр и да е дигитална, инаку нема точно да ти ги мери овие количиниџ