1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Ако не си гладна, замези нешто.

    Многу е битно да си го научиш телото на храна. Да не се изгладнуваш, затоа што кога-тогаш ќе почнеш да внесуваш храна, а кг пак ќе се враќаат.
     
  2. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    Мало изгледа ама има тежина. Рачунај то парче месо е жива мера. Вонего има и вода така да кога термички ќе се обработи, грамажата ќе падни на 70гр.
    Битна ти е нутритивната вредност на месото во жива мера. Вага дигитална за во кујна ти е 450 денари. ^_^
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.867
    Се решив за Ун диета бидејќи ми треба план на исхрана што ќе го следам, барем така ќе се натерам да постигнам некој резултат.
    Ама проблем голем ми е што има само овошје за доручек, а јас сум навикната да доручкувам, а да не вечерам. Да прашам во Ун групата сигурно сите ќе ми речат дека мора така редоследот да биде овошје за доручек. Нешто се мислам да ги сменам прво ручекот да го терам, па овошје помеѓу, па половина од ручекот за вечера. Дали сепак ср важни само калориите што ќе ги внесам, бидејќи би биле истите калории само по друг распоред ? Ај ве молам за совет околу оваа двоумица моја ?
     
  4. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Јас ја држев УН пред неколку години и стварно се постигнува успех, но сега не би ја држела повторно. Порано, немав навика да доручкувам и затоа немав проблем да јадам само овошје за доручек. Но кога би ја држела сега, дефинитивно тоа би ми сметало од причина што си стекнав навика да јадам убав, количински доручек и поретко да вечерам.

    Да не те обесхрабрувам, држи си ја диетата. Барем учи на тоа дека треба да имаш три оброци во денот и како правилно да ги комбинираш намирниците (на пример месо и компири не, тестенини и месо, сирење, не и слично). Но сепак би те посоветувала да се придржуваш на тоа како е планот. Ова ти го кажувам од причина што овошје се препорачува да се јаде наутро, најкасно до пладне-ручек време некаде, а потоа не. Секако дека е поздраво да каснеш било какво овошје наместо чипс или чоколадо попладне, но гледај да го внесуваш овошјето како дел од појадокот или како ужинка помеѓу појадок и ручек.

    Пробај држи ја диетата некое време, па ако сфатиш дека не ти одговара, има многу начини на кои можеш да ослабеш и без неа. А и се е навика, со тек на време ќе ти се навикне организмот на помал доручек а пообилна вечера. Со лесно!
     
    На Justicija и S.o.F.i им се допаѓа ова.
  5. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.867
    Да знам се ми е јасно и јас велев никогаш веќе и еве пак се одлучив, највеќе ради јаглехидратниот ден обожавам тестенини и тесто. А, кога почнам со мој начин на исхрана скроз ги отфрлувам и потоа се пррјадувам и само накачувам килажа. Ми требаат минус 20 килограми.
    Ќе пробам вака па ако ми е тешко ќе продложам на свој начин. Само да има резултат.
    Овошјето ми беше во 10 часот, а во 12 ипол веќе ручав бев многу гладна втор ден ми е.
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    За да ослабнеш потребен ти е калориски дефицит, мислам дека го знаеш ова бидејќи те имам читано и претходно.
    Броење калории е дефивинитвно најлесен и најдобар начин за да ослабнеш, а воедно и да гледаш колку јадеш и после ''диетата''. Кога броиш калории можеш се да јадеш доколку ти влегува во калориите за денот.

    Кога почнав да си бројам калории ми беше тешко, мачно дури и несфатливо, но после си зедов и кујнска вага и сега кога и да јадам си имам некоја груба претстава за калориите. Мене вака ми е многу полесно, отколку на било која диета :).
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Џабе ќе сте во калориски дефицит ако внесувате многу јаглехидрати, многу повеќе од потребното. Може ќе ослабете пак, ама на помалце здрав и правилен начин.
    Убаво рече @AAKG подобро бројте колку протеини, колку јх, а колку масти внесувате. Или барем отприлика.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Диетите треба да ви бидат што понормални за да не враќате кг.
     
    На AAKG и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Во секој случај со калориски дефицит се слабее, макар само чоколадо да јадите. Ама, ако сакате да е на здрав начин покрај калориски дефицит гледајте и макрос да ви се добро поделени.

    Лично денес јадов овес со овошје, ме заситва упм. Збогатен со протеин, лен, чиа, кокос. Ручав тестенини потурени со зеленчуково чили. Во чилито сем ѓувеч зеленчук замрзнат шо земав ставив плус домат, грав, црвена леќа, грашак, доматен сос и зачини, плус пакетче маринирани печурки пошто сабајлево во продавница не најдов свежи. Жими се омилен ручек ми е. Башка и салата со краставица си напрајв. Особено со тестенини. И за ужинка каснав еден мал сладолед имам во фрижидер во кутија. Глад уште не осеќам и ако продолжам да не осеќам евентуално ќе си каснам краставица со сол напрскана за добра ноќ. I can't stress it enough колку протеинот е важен за да останите заситени со помала количина на храна и притоа да слабеете и да не губите мускулна маса. И секое враќање на „нормална“ диета значи и враќање на стари навики, на стари килограми.

    Не можам да дочекам утре да дојди пак да ручам од чилито. :D
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Да се јавам и јас,почнав со аутофагија јадам од 9 до 17 часот после тоа само вода.Всушност со појадок без вечера а и не ми треба неопходен ми е појадокот.
    Аутофагијата делува на тенот кожата подмладува и се слабее.
    Денес за појадок проја со ајвар и домат
    Ужина банана оревчиња
    Ручек компир салата
    Ужина домат оревчиња
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Од април некаде кога сфатив дека имам 67.5кг (инч висока сум 1.66), решив да бидам на полесна храна односно на поздрава(без грицки бел леб, сокови и сл).Се придржував кон тоа да не јадам грицки, не пијам сокови бидејќи јас и претходно не внесував ништо од тоа превише ама благото и лебот ми беше мн тешко да ги одвикнам, ама ги заменив за тонус леб а благото најчесто какао,црно чоколадо некад и обично во ограничени количини. Решив да не застанувам на вага 2 месеци затоа што сепак јас си јадев и теста за време на карантинот и торти,се што се горвеше по дома..Кога се измерив после 2 месеци имав 63.6, ептен се измотивирав покрај тоа што знаев дека јадам и мн нездрави раб и нели дека дома сме не се движиме баш се изненадив дека сум изгубила и толку. Продолжив со истото темпо и еве вчера се мерев и гледам 61.5. Знам дека не е многу некој слабее за 1 нед по 3.4 кг ама мене ми значи бидејќи знам дека ништо не си забранувам туку количински ограничувам и јадам многу поздраво од претходно. Мојата цел е 57,58кг бидејќи не сакам да сум ни преслаба.:lol:
    Ви испраќам многууу мотивација на сите што сте во групава и се трудите да исполните некоја одредена цел! Верувам дека сите можеме ако се заинатиме:inlove:(особено ако сте дупла шкорпија како мене]:))
    Мислам дека најдобро е да изградиме сите здрав однос со храната без тешки диети, да не се прејадуваме и да не јадеме од досада(како јас што правев(facepalm)) .
    :hug:
     
    На Justicija, ennaz, Arja и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    П.2 црни лепчиња со хумус и домат
    2 маслинки
    У.цеден сок
    Р.леќа со салата леб
    В.салата
     
  13. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    tenor.gif
    60 килограми

    Само дисциплина и истрајност!!
     
    На Ariel, Dalia93, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Здраво женски,
    Јас со моиве диети вака така напред назад. Некако во коронскиве денови имам потреба пад да се активирим сериозно па денес ресив да почнам блог и да си го евидентирам напредокот. Целта на блогов е пред се да споделам некои мои знаења што ги собрав со сериозно истражување на тема диета во последниве години, но пред се да си најдам некое виртуелно другарче што е во слична состојба со мене па заеднички да се храбриме.
    Ова е линкот до мојот нов блог па се надевам дека ќе ме посетите.
    https://25za25.blogspot.com/
    Се надевам дека модераторите нама да ме избришат, целта воопшто не ми е д се рекламирам ниту било како да заработам.
     
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Еве сум, после 2 и пол месеци на кето, јас сум -10 кг. Од страна ми кажуваат дека има драстична разлика во изглед. Пишав и претходно, со диетава многу ми се допаѓа што слабеам баш на оние места каде се најмногу наталожени мастите, во мојот случај стомак и спојлери. Со претходните диети, слабеев прво на нозе, а таму најмалку имав потреба. Како и да е, јас се осеќам одлично, имам енергија, апетитот е ставен под контрола, а можам да кажам дека скоро и да немам cravings за друга храна. Добро е што имам голем внес на зеленчук, и свеж, и термички обработен за ручек, а притоа запазувам и процентот на мастите да е висок. Сѐ уште експериментирам со рецепти и дефинитивно е многу различно од она на што ни е научен вкусот, но од друга страна се радувам што пробувам нешто ново. Не сум лишена ни од џанк фуд, ни од благо, сето тоа јадам, само е на кето начин приготвено. И исто така, паралелно со диетата од сам почеток вежбам дома. Верувам дека и тоа дава дополнителни резултати. Познавајќи си го организмот, само со диета или само со вежбање, немаше да стигнам дотука. Продолжувам понатаму. Вели, за најдобри резултати, треба минимум 3 месеци да се држи диетата.
     
    На Chanell*, ennaz, Ariel и 9 други им се допаѓа ова.
  16. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Супер. Јас еве се стремам најак кето. Некако страв ме фаќа дека нема да издржам. Се одвикнав од лебот, од шеќер во кафе и еве со тешки маки од десертот во 2 попладне :) Јас инаку сум на intermitten fasting 18/6 и задоволна сум од напредокот. Ама имам чувство дека комбинирано со кето ќе биде многу поефикасно и побрзо. И сосема си во право, треба време за се.
    https://25za25.blogspot.com/2020/07/004-956.html

    Аутофагијата е супер, но неопходни се минимум 16 часа за да се активира а ти по тоа веднаш почнуваш да јадеш и го поничтуваш ефектот. Пробај 1-2 пати неделно на 18/6 да се префрлиш.
    https://25za25.blogspot.com/2020/07/003.html
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2020
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Незнма каде да го поставам прашањево ама ме интересира дали некој има искуство со слим комплекс или слим кат од бионатурал
     
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со многу диети , почни -прекрши , почни-прекрши ,и веќе 1 недела сум на овој режим :lol: но јас не јадам никаков леб , никакво брашно , и никакво чоколадо , ни ронка шеќер во уста , сок никаков , само вода и кафе без шеќер,друго све јадам ....си се помирив со себе дека морам да се откажам од овие работи до крајот на мојот живот бидејки заради нив се здебелив и му наштетив на срцето ... и тоа е тоа ..
    Резултати првично не знам кога да очекувам , но битно ќе терам вака до крај :)
    Не е тешка , само што е на подолги стази ....
    Аутофагија ??? Што е ова ? Баш ме заентересира
     
  19. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Аутофагија е состојба на организмот во која по подолг период од нејадење (мин18 часа) телото почнува да ги рециклира старите нефункционални клетки или делови од клетките. Буквално значи јадење сам себе. Како диета станува популарна во последно време со повеќе имиња - аутофагија, 8 часовна диета, интервално постење, еден оброк на ден и сл
    Во секој случај многу корисна работа. Види го линкот долу...
     
    На Regina.Phalange и Justicija им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Може линкот ?
    Дали стварно се слабее ?