Периодов си го надминав максимумот со килажата (70 кила на 170цм височина), сакам за 2 месеца да намалам барем до кај 60 кила па потоа постепено да намалувам до кај 54 и тука да застанам. Недела дена веќе избегнувам да јадам после 19 часот, или ако сум излезена некогаш навечер тоа би било салата па вечерта и пешачам. Јадам леб ама само една кришка а порано можев по 3 сендвича да изедам ама сега веќе немам таква потреба нити па благо нешто претерано ми се јаде (а инаку обожавам благо). Газирано исто така отфрлив, ептен ретко би пиела во кафич ако сум само. Е сега уште да стекнам навика за вежбање ама некако ич немам мотивација нити па кондиција, ама морам да успеам да се наканам, За 2 месеца сакам да си ја остварам целта.
Калорискиот дефицит може да биде и со благо и со леб , јас сепак јадам месо , помфрит , овошје(само смокви и урми) и зеленчук(салата шопска)и тоа Мене ме иритира митот дека само ако се исфрлат овие нанирници се слабее , а јас не сум ниту грам Јас секој ден имам главоболки заради режимов , али еве ќе ја држам до октоомври , али сепак очекував бар -1кг ,
Точно, но помфрит и (пржено) месо плус суфицит не се баш вистинскиот начин за слабеење. Затоа немаш резултати. Пробај со варен/печен компир, варено/печено месо, без зачини, салати без масло или со маслиново, секакво овошје, варено јајце, риба, туна, гледај да си дефицит со калории, пешачи и ќе имаш резултат.
Не си поставувај строго така за два месеца, оти може и повеќе да потрае па само да се разочараш и откажеш а всушност да си на прав пат. Јас од март се фатив сериозно, па ми тргна од одма по што стагнирав два месеца, и еве сега пак ми тргна Инаку ако обожаваш благо и ако моеш да си дозволиш има во дм на фитнес хаус протеински кремови со малку шеќер. Барем за кога ќе те фати криза за благо спасуваат, а и вкусни се. За мотивација, не знам како да ти ја дадам, ама ако ти треба предлог на инстаграм има еден профил homebodysculpt со една жена што покажува одлични бројни вежби за дома. А ако сакаш во теретана, друг нека те советува. Исто...си пишала точна бројка на кг. Немој до толку. Оти така нон стоп ќе стоиш на вага и ќе се секираш за секој грам. Едноставно јади убаво и вежбај редовно и со тек на време како ќе ја гледаш промената ќе бидеш се' позадоволна од себе ако сега не си. Оти може и со 60 кг ќе си задоволна од тоа како изгледаш.
Ова не би требало да е вака, или скроз прекини го режимов или направи измена.Имаш редовни оброци и внесуваш течности?
Искрено онака random се измерив пред некој ден, свесна бев дека сум здебелена и дека треба да внимавам ама кога ја видов и бројката дополнително ме мотивираше. Инаку во последно време од благо јадев само домашно направени торти, колачи итн итн а сега како што е жешко и ме мрзи да се плеткам во кујна можам да преживеам и без благо или евентуално црно чоколадо или путер од кикирики. Секој ден гледам различни фитнес инструкторки што нудат програми за вежби од дома ама исто така бидејќи ми е жешко секој ден одложувам. Периодов не планирам да се мерам, повеќе ми значи да видам промена во телото отколку бројката на вагата, килажава сега само дополнително ме натера сериозно да си ја сфатам работава. Инаку кажав дека сакам да стигнам до кај 54 кила бидејќи пред 2 години бев со таа килажа и ми се допаѓаше како изгледам па затоа го поставив како goal.
Јас те разбирам што сакаш да ми кажеш , но за тоа со калориски дефицит би конзумирала леб и благо , според тоа што читав имаше совети дека некои ги тргнале овие намирници и мн ослабиле , а друго све си јаделе , сигурно и тие си јаделе месо и помфрит, бидејки што друго да се јаде ? Би рекла дека Ун е попрактична отколку ова Вода пијам можеби по 4 литри , никогаш не се прејадував , еве денес јадев манџа без брашно , и морски оревчиња 100 грама Ова ако е многу ....
Јас сум на УН, без благо не можам па затоа ептен ми одговара. И да знајш дека со УН ќе имаш многу побрзи резултати отколку вака, а и те имам читано дека ја почнуваше неколку пати. Ти си знајш најубо, ама сепак битно е дека си почнала со нешто.
Јас повеќе пишував за тоа што викаш дека те боли глава, зашто ако те боли додека си на некаква диета нешто не е во ред и треба да го смениш.Затоа и те прашав дали имаш редовни оброци и внесуваш доволно течности. Ако јадеш многу нередовно, или еднаш на ден, можно е да ти е од тоа, гледај да изрегулираш да внесуваш храна секој ден во исто време и да имаш убави квалитетни 2-3 оброци.
Точно , да , али не ја издржав до крај сепак фала за подршката, сепак ке продолжам до октомври па да видиме дали ќе имам до тогаш резултат Не , јадам редовно и конзумирам јаткасти плодови за ужина и овошје , мислам заради што целосно го откажав лебот и благото предходно мн ги конзумирав Се надевам ќе престанат главоболките со тек на време Благодарам на подршката и за советите
Се слабее ако се придржуваш кон препораките за користење, ама мислам дека е преценет за парите. Ако замениш оброк со каков било протеински шејк, ќе има ефект. Или со друго нешто помалку калорично, а сепак разноврсно да биде. Здосадува вкусот, секој ден исто. Јас после некое време не можев да го поднесам.
мислев да земам кутија за првично ми го намале апетитот за да можам полесно да издржам ама коа ке размислам поарно одновошје дома да си правам сама
Мојата сторија ја знаете, 3 ипол месеци се трудам да сум на поздрава исхрана, вежбам и супер резултати имам, но.. сега не се чувствувам добро, без енергија сум, не фукционирам. Не бев на гладување само внимавав поздраво да се хранам, не знам зошто сега одпосле вака ми реагира организмот кога веќе се навикнав на режимот, секое мислење ми е добредојдено, како до повеќе енергија??
3 и пол месеци, -13кг. Почнав со 7-ца напред, сега сум со 5-ка, не се сеќавам последно кога имав 50 и кусур кг. Да не спомнувам колку ми е широка цела гардероба, од гаќи и прслуци, до фустани, маици и панталони. Ќе почекам уште малку, да спуштам уште некој кг, па во комплетен шопинг. Иако, од мерак си купив неколку маички М и S големина, да имам што да облечам во меѓувреме, а и за уште поголема мотивација. Фармерките што ми беа тесни пред втора бременост, сега ми паѓаат, али ќе си ги поносам уште малку @KiT си проверила хемоглобин, серумско железо? Притисок исто така да измериш.