Денес како и секој ден појадокот е овошје. Еден портокал. За ручек селско ама со пилешко месо, далеку е од диетално јадењево, ама да ги замрсам цревата . Вечерата или домат со сирење или некоја салата. Вода 2 литри. Денес ќе продолжам со пешачање, не е трчањето за мене. Не сум мрзлива ами имам проблем. Можеби побавно ќе оди слабеењето, ама здравјето се сепак побитно.
Pеинбоу зависи од 170-250 калории, зависи каква е и како е готвена инаку јас јадев накај 2 една полнета пиперка со салата и сега ми се пријаде уште и мавнав една кришка црн леб(тостарка) намачкана со крем сир и патлиџанче! ! накај 6 планирам зумба да мавнам, и вечер од 8 и пол до 10 и пол ролерки, зашто најубаво ми е вечер, ладничко, а не вака преку ден жешко не се трпи! инаку денес ми е 5ти ден на ролерки, за 5 дена ќе се мерам
23 дена на диета и само 5 кг, нејсе, првите 4 се лизнаа за една недела, ова едново отиде после недела и пол, и последнава еве си чмаам, вагата не мрднува, ја лупнав еднаш мислев расипана е, јок, тачна си е... Нема да се мерам некоја недела, ќе се мерам накај први јули. Вака само психата ќе ме утепа, не сакам ентузијазмот да ми спласне заради некаква си стрелка. Него во 10 часот насабајле на кеј само пензионери. На точаци, сите без горни маици, кој се оптегнал на некоја клупа, све разголишани, кога поминувам од кејот, шибам 100 на саат, само побрзо да изодам, очиве ме печат од глетката...
Видиш ли бре трендафилке колку се они фини, мислат на тебе па ти даваат инспирација побрзо да возиш, калории да согоруваш
леле и јас не сакам да се качам на вага заради тоа цел месец на диета, и што, само 4 кила се на се сум ослабена! епа не е фер, нема правда! Aма ајде да видиме сега, кога сум физички активна, дали побрзо ќе се слабее! Aко не слабеам, има да си се вратам на пиците, и сладоледите, и ќе си јадам по 4 пати на ден, барем не се дебелеам јас така лесно ! ич не ми е гајле, да се измачувам јас за 1 кило овде 10 дена е ќе се прашаме за тоа барем сум на 50 ката, али не и на 53 како што јас сакам
Абре мене вагата ми ја купи дедо, поклон од пазарче, 250 ден. Мајка ми вика - не будали се, абер ти нема вагата, имаш симнато повеќе од 5 кг, зашто имаше повеќе од ... танананананана СТРАШНАТА БРОЈКА. Повеќе од страшната бројка? Зарем е можно? Можно, вагичево од 250 ден. ќе ме однесе близу раб на лудило. Она инаку е експерт за здраво слабеење. Многу трпение има, ич не губи живци. Пред неколку години си беше добри 9 месеци константно на диета, без некоја особена физичка активност. Симна 18 кг и што е најважно - со години остана на истата килажа. Ама јас... и трпение... сме ти два различни поими. (смајли што си мава еден шамар)
Ај сеа ептен да ве мотивирам! Си кснав сладолед 50 грама(мож и помалце да беше) и ич не ми чуе.Не можев да му одолеам и ме поткрепи право да ви кажам(имам гнојна ангина,викаат пријало ).Турив у ова спаркометаров,108 калории,па си велам добро,ама масти се најмногу! Имам фора денес на уште 500 калории.
мене овие два дена ми се слободни ... утре се мерам и продолжувам со втората недела од диетата тешко ми е да му одолеам на сладоледот но се трудам !
Трендафилке, а да пробаш да се мереш на друга вага? Или земи мери се во обем. Побитно е во обем да намалеш отколку на вага. Јас така си се мерам. Кај вагата битна улога играат и течностите. Најубаво е да се мереш наутро. Навечер може и во плус да покажеш. А земи во предвид дека и физички си активна. Јас лани кога почнав да вежбам, во обем слабеев ама во килограми зголемив. Затоа не се разочарувај, вагата секогаш не е најдобрата мерка. А ти вежбаш многу, а јадеш многу малку, па затоа или стагнираш или слабееш во обем. На ваков режим нема шанси да не ослабнеш. Јас затоа не се мерам, знам дека ќе се демотивирам. Ќе сметам дека сум ја постигнала целта тогаш кога сама ќе се видам во огледало слаба. п.с Оваа за со вагава чисто онака дај смени ја, јас кога се мерам кај дечко ми, не знаеш колку ми покажува. Може и намерно е така наместено . Се шалам, ама може да е до вагата, може се расипала.
Епа јас од тие причини се мерам на 4 различни ваги и вадам аритметичка средина! Не,сериозно,се мерам дома,а кога одам по гости(е не одам со намера де да се мерам,сигурно,ама не пропуштам.Е така јас еднаш,не дека ви е гајле,ама морам да споделам како се џигеросав.Одам кај дечко ми у тоалетот му и ја гледам вагава ми се смешка и викам сеа,литар течности аут и јас ќе ти се качам.Ја местам на плочки,ко што е редот и...качување едната нога,вагава лизгање,јас у машината за перење и тоа пластчните полици...кога почнаа шишенца да паѓаат,дали ме слушнаа или не,нема везе,си излегов,утредента кога станав...раката десна горе,џигер,гзот набиен,пожутен,слабината набиена и пак не ми дојде ум! ) кај братучед ми,па кај дечко ми и кај другарка ми! Вие немате поим колку само варира дури и дигитална вага од друга марка,освен по пат ако не сум качила или изгубила некое кг,а па тек оние мануелните ваги бетер. Еј сакате да одиме во чаршија кај чичето со најточна вага у свет за 10 денари сите да се мериме?!
Вагичов до мене на секој саат ми варира од кило до две, треба да се посети чичето Иначе и ја така, кај и да идам не пропуштам а да не се измерам, некогаш и така скришно да не ме опитаат што како
Aма без чевли да се мерите, зашто шок ќе ве мавне сосе чевли повеќе кила имате! а мојава вага сигурно е стара 20 години Aма не лаже де, и да покачува 1 кило што е тоа! мене најубава вага ми се фармерките
Абе златно метро Инаку што фармерките, после перење се тесни, одма мислам сум се збуцкала, а кога ќе ги поносиш малце, одма радости сум се одбуцкала Пре би вага ипак
Јас пак немам вага. Одам кај пријател на секои 8 до 10 дена да се каже и се мерам. Но секако дека не одам само поради вагата, си одиме секој ден иди ми-дојди ми
Кога сме кај вагите, јас имам од оние најстарите розеви ваги и немам појма колку е точна Пред некоја година купивме дигитална, ама батеријата издржа две недели...барав нова, не најдов и се откажав...Така да, старава вага, точна или неточна, барем работи
Мене дечко ми ми купил хулахоп, црвен и ќе ми го донесе вечер. Само има мал проблем: Јас не знам да вртам хулахоп! т.е. не знам, можеби и знам, никогаш не сум пробала.
Еј супер, баш е забавно вртењето хулахоп. Ќе научиш веднаш не е проблем тоа(па за тебе воопшто не ни сумњам )Јас порано вртев, сега немам можност за тоа.