Да скршам мраз, може ќе се пресрамиш и ти Денес: Д. Кето лепчиња со зденка, пршут, домати, краставици и мајонез; У. Лубеница и боровинки; Р. Печено пилешко со зеленчук-модар патлиџан, тиквичка, кромид, лук и брокула и салата; У. Кето сладолед В. обично не вечерам, али ако ми се јаде, каснувам малку лубеница или, исто малку мезе даска
Ај да пишам и јас Појадок - ѓеврек со јогурт Ручек - ѓеврек со јогурт. Толку е за сега. Не е тоа истиот ѓеврек, два ѓеврека и два јогурта се Следно јадење вечер, дали само салата или нешто за озбилно - ќе видиме.
Ова ми е доручекот, стандардно, само место обичен леб, кето јадам. И пошто често ме прашуваат како тоа мајонез во диета, да, мајонезот е дозволен, затоа што има многу масти. У. Лубеница; Р. Печен лосос со путер и чорба од модар патлиџан, тиквичка, брокула и лук; У. Сладолед. Вечера нема.
Леле @NarCis@ менито денес ти е сон. Секој ден би го јадела ова! Јас денес пак јаглехидрати Појадок мусли со овошје, ручек - пита со месо. Хаос сме деновиве, што стигнеме јадеме и најчесто во ниедно време. Ајде, од недела одмор, ќе биде подобро.
Чекај, ништо не е ова. Да ми го видиш печениот модар патлиџан со топено сирење и кашкавал Ај за некој ден ќе ми биде на мени.
М М М....Нарциске, вкусно изгледа ова... Еве и јас да продолжам, гледам не сум реферирала некој ден Вчера кафе, мусли со јогурт, макарони со кашкавал, вода, т.кафе и тоа беше се. Немаше вечера, немаше благо, немаше газирано. Продолжувам понатаму.
Долго време стагнирав со здрава исхрана и вежбање ради обврскиве на факултет, но сега конечно сум слободна. Пак започнав пред недела дена со режимот на кој бев порано. Гледам да јадам поздраво, исфрлив леб, благо, сокови. Истовремено јагленохидратите ги сведов на минимум. Гледам да јадам повеќе протеини, конзумирање на повеќе вода и секако вежби или пешачење.(над 10 000 чекори) И да, практикувам fasting 16:8, тешко е дур се навикнеш, но има мн ефекти. Би ви ја препорача апликацијата YAZIO која би ви пресметала препорачан внес на калории(дневно), колку вода да пиете, колку чекори да правите и за колку недели на тој начин би ја достигнале тежината која ја посакувате. Истовремено доколку храната што ја јадете ја нема на нивната листа за внес, може да го скенирате бар кодот.
Пак јас Д. Чорбата од вчера и мали сендвичиња. Толку ми годеше чорбата, што се мислам да си ја воведам за доручек понатаму. У. Лубеница; Р. Пица со кето кора, кашкавал, панцета, шампињони, пиперка, домати, маслинки, малку павлака, и грчка салата; У. Сладолед В. Ќе ја дојадам пицата, ми истана едно парче.
Ви се придружувам од денес Незнам шо ке терам ама за старт денес ке биде овошен ден Морам да се изчистам од глупостите шо ги јадев
За доручек си сварив пак чорба, само додадов шампињони. И пак мали сендвичиња, иако после чорбата ми беа ту мач. У. Лубеница и малку индиски ореви: Р. Зелка манџа со свинско и сланина, и салата; У. Сладолед; За вечера не знам, зависи дали ќе бидам гладна. Кафето не го пишувам во мени, ама може треба Турско без шеќер еднаш со доручекот и попладне нес со едно лажиче creamer, не знам како да го преведам.
Ден 1 Прв и успешно завршен овошен ден 1праска лубеница и салата шопска без сирење Се мислам кето или режимот од нутриоцинистот да го терам битно ке терам нешто
Ден бр 2 појадок 2-4 сливи и кафе горко турско р-киноа варена со к млеко в-салата патлиџан +краставица
Нели е ова некако малку? Дали се едвај 1000 калории. Калориски дефицит е супер за слабеење, но во граница од 200-400 калории, не 1000. Ова може да функционира на краток период, но никако на долг. Најпријателски ти препорачувам да си преместаш калориски внес и калориски дефицит и да се водиш по тоа. И секако, редовна физичка активност.
изпробано ми е и делува едино овој режим делува од нутриоцинист ми е пишан за мене моите потреби и моите болести