како за прв овошен ден супер си поминала со тек на време се полесно ке го минеш и со се помалце храна ја еве изгубив апетит скроз знаеш дека јас сум мутант се шро за васце нормална храна за мене е многу и ме поправа Ке симнам ,се заинатив и ке успеам преку еден ден сум на овошен па еден протеин спласнав одма се приметувам ке се мерам после 15 дена за да не се разочарам имам и многи за симнување 15 кг за старт со 8 ке сум задоволна има време до крај на година
Јас се измерив денес, утрово - сабајлечки, после витамински ден. Резултат има ама е минимален, но секако е сатифакција. Сепак, здравје, сакам уште 2-3 круга да истерам па да се измерам комплет и обем и кг. А веќе денес видливо стомакот ми е малку спласнат.
Не се откажувај колку е толку е битно вагата иде надоле тоа е најбитно да оде надоле грам по грам ке стане кило Ден бр 7 п,- 1 банана р-салата +плескавица в-ако ми се јаде салата Нешто се издешава и апетит имам 0 едвај тушкам стомакот рамен како да 10 кг имам симнато Шекер секако не конзумирам сеа ке пробам и сол скроз да тргнам Вишокот задржани течности мора да ги изфрлам
Здраво девојки. Решив и јас да ве дружам, инаку ве следам и читам понекогаш од страна за мотивација. Јас немам многу вишок но ниска сум и тоа ми се познава и ми смета. Со години сум на диети и пред и после бременоста. Пред две недели почнав да пешачам брзо пешачење секое утро. Диета посебна немам, сама си правам распоред на оброци. за тие две недели одма намалив два килограми. Ми остануват уште 4-5. Ќе ви пишувам за моите оброци, моментално сум мотивирана да продолжам до крај и потоа да си го одржувам тоа. Во март бев 53 кг блиску до целта (50-51), сега почнав со 57кг.
Вчера доручек после пешачење - една чаша 200 гр јогурт, три мали лаж. варен овес, две лаж. чиа семе, една лаж. ленено, 7 бадеми. ужина една четвртина праска и една четвртина круша. Ручек риба туна со кромид и црвен домат салата. Вечера после малку пешачење 10 сурими стапчиња, ги спремам со малку маслиново, лук, сол и лимон.
Ден бр 8 овошен до сега 1 банана паѓам у изкушение да се мерам ама знам нереално е и рано затоа ке чекам до 15 ден па на 16тиот ке се мерам јас се осекам издишано некако отоците на рацете ми се намалени стомакот спласнат
Поздрав. Сакав тука да пишам кога ќе ми беше годишница како почнав да се занимавам со поздрав живот и исхрана, тоа беше 18ти јули, ама очигледно заборавив. Време е за една ретроспекција. Воглавно, резултатот за година дена е овој: 19 килограми, физички видливо ослабната секаде, секако. За некои од вас ќе е малку за година дена, за мене и за тоа низ што минав е сосема доволно, со тоа што во ниеден момент не накачив килажа - стангирав, ама како некој што во минатото секогаш си ги враќаше изгубените килограми, ова е огромен успех, сум направила нешто правилно. Ќе кажам дека клучот за менување на начинот на исхрана е прво едукацијата, дури и ќе болдирам колку е битно ова, но исто така и психата. Многу сум горда на тоа што за овие година дена знам многу повеќе за исхраната и слабеењето и што му треба на моето тело. Додека не седнете и прочитате барем малку повеќе за исхраната, зошто ни треба балансирани оброци, за што се потребни јх, протеини и масти, како телото слабее итн., ништо не сте направиле. Ако се уште држите диети, ништо нема ни да направите, точка. Што се однесува за психата, ќе мора да си расчистите со себе си дека ослабнување само по себе не е цел, ослабнувањето е само side-effect (страничен ефект??) на менувањето на стилот на живеење. Ослабнувањето само по себе доаѓа кога ќе си направите долгорочна рутина што има бенефит врз вашото физичко здравје. Трпението е доблест. Не бев доволно едуцирана од самиот почеток, се случија работи што од толку голема и долга рестрикција на храна, почнав да се разболувам секоја трета недела, ноктите ми беа толку меки и кршливи и косата ми опаѓаше. Сега имам цврсти нокти пак после долго време, амин, успеав со нутритивна исхрана и доволно јадење да си ги вратам. Уште сум во процес на поправање на мојот однос со исхраната - што инаку, нарушениот однос со исхраната 90% од времето е причина за преголемата тежина кај сите нас што сме дебели, ама го имам многу подобрено. Мој совет е да не правите рестрикции, јадете благо, јадете грицки кога ви се јаде и не се чуствувајте виновно, зашто ако така размислувате утре ќе седнете и ќе изедете се што има пред вас. Кога ќе си дадете слобода да јадете се што сакате умерено, ќе приметите дека нема да се прејадувате, нема да сакате да јадете цела пица туку онолку колку што ви е доволно и нема да сакатате чоколада цело време. Не е возможно ниту пак реалистично да очекувате од себе да јадете зеленчуци цел ден. Ниту пак е тоа дефиниција за здрава исхрана. Сакам уште да кажам ама доста е, особено бидејќи одамна не сум пишала. Останете ми со здравје.
Денес 1 банана и два пати јадам лубеница Апетитот ми е не на пола на третина од тоа што ми беше стомакот исто пола ми го нема реков не се мерам и нема до 15 ден за да не се разочарам само жени не ми е јасно зарем за една недела може да изгубиш апетит до толку пред циклус сум таман да добијам да заврше и ке се измерам
@ALISA0000 ако се чувствуваш добро, што е најбитно, ваљда е во ред... Вчера протеински ден П смути и банана Р риба и салата В салата Денес П банана Р ориз, печурки и бамји во прилог В 1/3 од ручекот +домат + Физичка активност
Ден бр 9 п-ништо р-пиперки +патлиџан +модар патлиџан пинџурче в-0 врти сучи и овој овошен ке изпадне утре имам повод па затоа утре ке биде протеински
Ден бр 10 Кога поминаа 10 беее п-1банана ,сок од цеден лимон и 2 турски горки кафиња р- се крчка свинско месо в-на роденден сум па ке биде или салата или и некое протеинче ако има Почнав и да вежбам навечер добро ако се смета вежбањето стомачни и грбни за старт е добро постепено ке додавам и пешачење
Вчера ЈХ, некоја утка направив, но не е страшно. Денес витамински. За сега добро терам,ама не знам до после како ќе се чувствувам, денес е денот со женските проблеми ..и со тоа само по себе не сум во топ форма. Не ќе се потрудам до крај да истерам витамински денес. За сега смути малини, јагоди, праска, ѓумбир во прав и банана. цедено лимон портокал 2 банани 1 шака лешници (20-30 гр) Физичика активност терав викендот, денес ќе видам дали ќе можам. Со денес ќе го завршам вториот круг.
Вчера денот витамински успешен пропратен со физичка активност. Денес протеински. Ден бр. 9.Го започнувам третиот круг. Во план ми е пилешко, печурки и салата, но ќе видам до после. Утрово кафе и некое овошје...
браво убаво си затерана само не застанувај ако сакаш побрзи резултати мавни скробен ден тури овошен ден мене сабајле ми рекоја сум била ослабната јес да имам намалено по алиштата приметувам ама на вага не сум мерена ме страв од тоа дека ке се разочарам и прекинам 11 ден денес п-1банана р-салата в -или салатА или ништо у превод овошен ден секојден пешачам 3 км и правам вежби
Те читам често дека се разочауваш кога ке ја видиш бројката на вагата. Најдобронамерен совет: тргни ја вагата во некој шкаф, мери се со метро, килограмите немаат врска со тоа како изгледаш. Јас имам 60кг. кога ке се подујам во стомаков, мислиш 75ка не ми бега, а кога сум во нормална состојба ми велат ти 60 кг нема шанси да имаш. Не е битна бројката на вагата, битно е тоа што го гледаш во огледало да ти се допаѓа.
ништо од ручек салата ручав лубеница 3-4сливи и малце грозје сеа надополнувам со 100 гр јаткасти микс