Ден бр 12 п-нема заворавив да си земам и немам од кај да купам а глупости( банички ) не ми се јадат р-јајца ке бидат на око пржени со салата в- јајца или само салата Се гледам сабајлево у огледало стомакот пола ми го нема а каква бев подуена аууу за толку кратко време ептен разлика има Сето тоа ми дава мотивација да продолжам напред уште појако Вие како се држите?
Браво браво Алиске @ALISA0000 . Колку е мотивирачки кога сама ќе си приметиш дека има ефект. И јас некако стомакот не ми предничи нанапред, а и вагата покажува веќе -2 кг. АМа не се мерам сега. Ќе истерам барем уште 1- 2 круга, па ќе се измерам и во обем. Вчера протеински ама си мислам дека направив една грешка. П смути и банана Грешката мислам ми беше во кафето со млеко. Отпосле ми текна, млечен и месен протеин, ама бидна. А и не е кој знае што....нај на крај Р Месо си спремив со печурки, тоа за ручек заедно со салатка, В - ништо Ручекот ми беше во 17 часот. Можам да кажам и дека фастинг имав на несакајќи, па ќе се обидам да го продолжам уште некој ден вака. (18 часа +- , денес првиот вкус освен кафеми беше во 11 часот- смути, се важи вака фастингот???)
колку е убаво коа ке си легниш гладен а? и тие фастингот колку е убавп чуството забегав изгледа се важи до првиот оброк
А бе, кога како. Сега оти на диета, па ќе викам убаво...Пред 1 месец, не баш Ама се е ментален склоп. Се е до главата. Секако се може со мноооогу помалку храна.
Не, мене навистина ми е екстра коа ке си легнам гладна пр последно јадам и 15 ичи 17 часот и вечерта ми е многу убаво да си легнам кучка гладна се најадам ли и одма ми е тежина ке се подујам и сл
Мене ме немаше изминативе денови. Колку помалку кг имам за губење толку потешко ми оди. Исто како и Вас, и мене вагата не ми е најдобар пријател. После една недела се мерам денеска и имам исто толку кг како и минатата недела (се тешам дека имав многу вода пиено). Сепак многу намалив на исхрана, внимавам и пешачам комбинирано со трчање секојден. Овој пат си ветив дека ќе успеам во целта и ќе продолжам со здрава исхрана. Ве поздравувам и ќе пишам пак за распоредот на оброците. Сепак нема три недели а јас имам намалено 3 кг.
Ич да не се разочаруваш 3кг за 3 недели е екстра топ, толку е препорачливо 4-5кг месечно тоа е здраво слабеење, немој да мислиш дека ако ослабеш 3кг во една недела е успех, ке ти се вратат ко бумеранг и тоа 6 не 3. Браво за успехот, ти посакувам да стигнеш до целта, со здраво слабеење
Ден бр 13 п-1банана 1турско горко кафе р-2патлицани +1краставица+маслинки салата в- или салата краставица или ништо Конечно добив циклус па се надевам да симнам повеке оваа недела и да изфрлам течностите мерење тек после 15ден
Денес ден 10 јх Вчера супер, истерав појадок смути и ручек леќа со салата, вечера ништо. Ручекот беше 17ч.а денес прв вкус во уста преку смути во 10ч......значи и фастинг троа. Порано го изедов ручекот, ѓеврек со маслинка и за вечера крофна со крем и ред црно чоколадо. Идемо даље...
ден бр 14 каков фастинг сум изтерала 22 часа денес протеини 4 варени јајца +таратора со1 канче кисело кравјо млеко и 1 краставица
1 јајце има околу 80 до 100 калории, зависи од величината. Ете ако е L, 100че, значи околу 400 калории од јајцата. Колку грама е 1 канче кисело млеко? Ѕирни ја табелата и пиши што вели колку калории на 100 гр. Колку грама е краставицата? Ако е поголема, еве нека е 250-300 грама, тоа би било одприлика 50ина калории.
значи се на се 450 +250 од к млеко 700 калории има место и за една плескавичка вечер(колку има калории у 250 гр плескавица)
Па да, 4те јајца, канчето (ако е околу 400 гр.) кисело млеко и краставицата горе-доле би биле околу 700 калории. Зависи од плескавицата, но отприлика 250 грама плескавица би била околу 550/600 (можеби и 700) калории.
Ден 15 п-ништо пак заборавив да си зеам овошка р-ке биде некоа салата в-исто салата И утре ден за мерење мислам оти ке се разочарам ,мотивацијата ке ја изгубам и ке зафркнам се затоа дури мислам и да не се мерам оти и на сред циклус сум да ми заврше па да се мерам ако не
Вчера направив грешки. Требаше да биде витамински, имав повод, го прерипнав и направив протеински. Но, не се чувствував воопшто добро, да не кажам крш. Низок притисок а изгледа и шеќерот ми беше низок... И направив некоја глупост со благо и газирани, кои пак што е вистина, веднаш ме кренаа и после пола ден, конечно се оправив. Знам дека е грешка, но можда и немаше да дојде до ова ако се хидратирав доволно со вода и изедов повеќе овошје за појадок. Ете, памет за друг пат. Денес продолжувам како од старт. Протеински. П круша, диња Р месо и модар патлиџан В ќе видиме