1 и пол саат ролав Jао, не можев повеќе, скапав доста беше за денес, па не е малце саат и пол инаку хулахопот е лесен и интересен, само што моментално нема да вртам немам сила инаку денес што јадев hock: hock: -полнета пиперка накај 2 -кришка црн леб со крем сир и домат накај 3 и пол 4 -још една кришка црн леб и домат накај 5 -пола чинија макарони со сирење пред да излезам да ролам.....
Здраво девојки. Јас сум на диета веке 3-4 недели ( значи не некоја ригорозна диета, туку само ја намалив количината на храна која ја внесувам и ги исфрлив сите калорични производи), но тешко ми иде со симнувањето на кг. За 1-2 недели успеав да симнам 2 ипол кг. и толку,повеке вагата не мрда еве веке 2 недела. Не знам зошто така...
Денес,едно тврдо варено јајце,портокал,малце сладолед,туна,4 кркери и тро кромид за да замириса.Малце ја модифицирав диетава,ич не љубам туна,ама ме мрзеше да си варам панга.
денеска е ден на јадењето јас испив 2 јогурта цел ден и во 8часот јадев лиснати погачки малецки но не знам колку изедов со ајвар и сиренце плус истрчав 7км ... и малце скокав на јаже
Јас денес втор ден на јаворова диета.Вчера помина топ,ама денес возев 35км со точак(со сила се правам будала) и затоа ми се пријаде и јадев 1 патлиџан и 3 бадеми и сега ми е мака заради тоа...како и да е од утре се стремам да се одржам како што треба,ама затоа нема ништо да вежбам
Јас во Грција стално се мерам во аптеки на едни големи ваги кои се одлични и многу точни, сте ги виделе кај нас во некоја аптека? ептен се добри А јас се нервирам дома ќе ми покаже и до 67 килиграми на обична вага, ќе отидам кај татко ми на дигитална и ќе ми покаже 6632-. А татко ми и дома и на работа исто му покажува. А заедно се мериме и дома и таму. 2 пати вака направивме и 2 пати исто покажа. Е ај како е можно ова? Со среќа девојки во слабеењето и ќе има кршење годинава на машки вратови на плажи. Посакувам сите да сте згоднички и мило ми е што вежбате не гладувате, па и мускулче ќе покажете И Трендафилче супер поклонче од дечко ти. Хулахопот е одличен, а скокањето на јаже е најтоп. Мене лани ми текна играње ластик. Вајда е одлично за газот и бутовите, ама појма немам кај ми е ластикот од детството, али така имам мерак да се изнаскокам
Женски мене целта ми беше да стигнам до 50 кг, денес кога се измерив видов 49и пол кг имам Мн сум среќна Сакав да ве прашам, во 100 грама кикиритки колку калории има?!
Еј ула, улаОП! Закон ствар! Лесно е, само треба да се затегне г’зот и стомакот инаку со опуштени мускули ич не се врти. Трендафилке пушти си ја Бијонсе Work It - и полесно се врти Само не знам кај мене да не не паѓа ради г’зов или?! Сакам, нејќам, нема шанси да падне надоле, заглавува Него јас нешто се зезнав девојки. Вежбам, трчам, и последно јадење ми е деновиве во 12 и пол на пладне, и сега стомачево трпи а денес почна нешто и да ми се врти Така да денес лапнав една кришка интегрално лепче со нискокалоричен путер, домати и пиперки. Колку нешто да ставам во уста, не е на арно без ич јадење толку долго време. Не знам што си правам Бајрам на паметот и јас Скршнав од моите правила на правилно внесување на храна но во помали количества.
Бирај, хамбургер или кикирики мада си има огромна разлика, не се само калории во прашање јас и сончогледот си имаме мака, а и тој бил нешто висок набој ама тешко ни раздеља иде
^ мене така со кикириките... не можам да заспијам навечер ако не вечерам кикирики конечно ги изедов и од сега забрането им е на моите да ги купуваат!
леле уште 1 саат ролав ! денес пак 2 и пол саата се на се! и не јадам сега ништо чао пиперко, чао макарони, чао лебу, чао крем сиру ве согорев
Ау тие од македоснка фирма нешто со сина опаковка кикирики ама се вкусни <3 Ама одамна ги забрајв дека јадев по 200-300 гр, такозвани 1200 калории
Јас денес така малку се подопуштив морам да признаам. Јадев сабајле рано рано макарони, ручав пире со гулаш како вчера и кришка црн леб, а сега дојдов бев на вечера и цела порција пилешки прсти сосе салата и кока кола лајт отиде во мојот стомак и едно залче од благото на другарка ми. Ама денес испив и три литри вода. Не знам зошто олку голем апетит имав, ама утре ќе се обидам овошен или воден ден, или па житарици цел ден. Сега и без тоа ми се гади, и ми се лоши ... дали дека организмот го навикнав ... било како било, идемо даље сигурно не сум качила 3 кила со денешново јадење, ама не сум ни изгубила, па денешниов ден отиде во вода. Небитно, сабајле ќе зумбам две партии
Јас за вечера јадев пуканки. Паузирав од доматот и дирењето. И пешачев. Толку за денес, утре исто, продолжуваме . Добра ноќ диеталки .
Диеталки, како е? - Јако е! Да ви се пофалам јас сум подослабена . Не знам колку кила, не се мерам на вага одамна, ама во обем си осеќам дека сум послаба. Некако кога ќе се фатам за половинава се чувствувам послабо и кога ќе се видам на огледало стомаков ми е порамен и рацеве и нозеве ми се подобри и успеав да влезам во 3 пара фармерки што ми беа тесни - во едните не ни имав влезено, до колена ми влегуваа, а во другите 2 влегував, но стомаков и спојлериве ми висеа и одвај дишев и долго време не ги носев. Пред некој ги видов и си викам ај да ги пробам и ги пробувам и тап - точни ми се, само уште малку сакам да се потсредам за уште подобро да ми стојат. Некни малку забушавав . Ми се отвори апетит. Не јадев многу количински, но јадев поначесто - повеќе пати во денот, па затоа вчера прегорев од возење точак, не знам колку км извозев, плус вежбав и денес исто само помалку возев и пак почнав да внимавам на јадењето, па да видиме наредно што ќе биде. Поздрав!
Еве Hopeful и јас да се пофалам денес Според мерките кои ги имам од 06ти Јуни, денес се премерував пак и машала се слизнале сантиметриве 5 cm сум во струкот ослабена, во долниот дел на стомакот само 1,5 cm под градите 4 cm a во обемот на горниот дел на нозете 3 cm. Сета среќа, газот ми е ослабен само пола cm Кај немам гради, уште тој да ми ослаби и ќе треба да се убијам Инаку, пред да ја почнам таа гнасната диета со супа од зелка, престанав само да јадам на вечер и баш се зачудив денес (а се мерев иначе за овие 3 дена, ама немав други мерки освен тие од 6ти) пошто изминатиов период и в кафана си бев и си јадев се и сешто, освен за вечера за ништо друго не пазев :/ можда така ми се погодил периодот... Од пред 2 дена сум на „строг“ режим, јагленихидрати доручкувам само на сабајле, за ручек пазам колку што можам да не мешам протеини и ј.х и за вечера јадам или таратур, или марула со јајца, или зелка и краставици салата, зависи колку ми се јади. Всушност, ова е диетата постирана тука, од ирена: dieti/dieta-za-onie-koi-nemaat-fizicka-aktivnost-t1292/ па планирам да се држам до ова, пошто воопшто не чувствувам глад, а слабеам и се чувствувам прекрасно, па сега килажа ич не ме интересира, кога во обем намалувам (ваљда). Уште малку физичка активност ми фали, јас правам некои вежби за затегнување низ дома, ама од утре ќе почнам нешто плус се надевам. Штета што немам ролерки, баш ми се вози.. Поздрав и многу сантиметри во минус на сите!
Де бе Хова, па што јадеш ти ??? Не треба и така да му правиш на организмот ... ЈАс едино се каам прстите дека касно ги јадев а за друго нешто не. Плус си кажав дека не сакам магично да ослабам за една недела 7 кила, ама сакам перманентно. Не ме демотивирај вака