неможам да ви објаснам или не ме разбирате ако јадам повеке турам килажа ми се смачи да објаснувам веке има некој друг проблем кај мене сумњам на скриен шекер па првом приликом ке го изпутам и него ај вагата шо не пикажува ок добро е што обем паѓа се гледа и визуелно
Остајте веќе. Ќе и одмили темава на Алиса. Дадовме предлози. Ако сака ќе испроба, ако не..никому ништо. Нека си ја тера за сега диетата што ја тера
И у глобала се хранам протеини а скроб и јх многу многу редко леб со години не јадам газирано исто благо еднаш у месецот првите 15дена симнав 5 кг сеа завршувам месец и сум -4 кг од почетокот ме радува шо обем намалувам ама вагата не мрда ништо ја ке си терам и понатаки па кад тад мора да паѓа и вагата еве денес ден 30 појадок банана и турско горко кафе ручек-кофтинки од мелено месо тиквица и кромид печени у рерна +салата патлиџан вечера или исто или ништо жабо најсрекна сум што отоци немам и половинче ми се направи беее хахаха мора мора да попуште и вагата
тоа е супер јас откако ја сменив исхранава и ептем намалив овошје и јаглехидрати, исто, немам отоци. Порано, се' на овошје удирав..цел ден тоа. Цел ден варен компир, варен ориз со зеленчуци, а за мене тоа било смрт )) ајде, држ се.
Јас симнав 9 кг... Можам да речам не се забележува и тоа е нормално со оглед на тоа колку кг имам. Сега веројатно некој период на стагнација е... Ама ќе продолжам... Имаку ептен многу вишок имам и се плашам од вишок кожа. Има начин да се спречи тоа? Или сепак неизбежно е при симнување голема тежина?
Супер штом има разлика у обем и половина.. вагата крај крајева тргај настрана, битно е кога ќе се погледаш у огледало, а вагата не е толку битна
со вежбање пробај..на цело тело. Друг природен начин не знам. Па ќе видиш на крај каков ќе е резултатот.
Најбитно е квалитетно да се исхрануваш. Можеш да бидеш слаб, а редовно да јадеш seven days, bake rolls и други глупости.
Е и мене тоа ме интересира.. јас вежбам редовно, но не сум баш сигурна колку вежбањето ќе помогне во решавањето на проблемот вишок кожа
УН диетата не е диета, туку начин на исхрана. Моментално јас се водам по неа, освен делот со јаглехидратите, од оправдани причини. Внесуваш се, а истовремено добиваш здрава тежина. Шеќерот што го содржат овошките е незначителен и целосно различен од рафинираниот шеќер кој го има во слатките. Овошјето е богато со витамини, минерали и секакви нутритивни единици. Кето диетата е веќе диета, како и хроно. Ограничување целосно на одредени намирници. А тука ограничување немаш. За здрав организам се јаде се, овошје и зеленчук во големи количини, останатото во умерени. Од кога сум на ваков начин на исхрана, јас се чувствувам здраво, среќно, полесно и секако има благотворни ефекти. Редовно правам крвна слика и истата е задоволителна.
Уште една во низата глупости, кои ги слушам секојдневно. Главни италијански специјалитети се тестенините и лебот, а во Италија само 9% од младата популација се соочува со вишок килограми. Една од најниските стапки во Европа. Значи, не е проблем што јадеш, туку колку јадеш. Направете разлика.
За вежбање и јас вежбам редовно... Ама млада сум и допрва треба да раѓам... Почнав да се дебелеам мислам прва средно , ама сепак малку накачив тогаш.. Наеднаш многу се здебелив во трета и еве веќе неколку години си ја имам таа килажа, последниве месец ипол симнав 9... Како и да е морам да се доведам во ред со килажава..
Шеќерот во овошјето ите како е значител! Бидејќи е прост шеќер, веднаш го дига инсулинот, а воедно дека е фруктозен шеќер се складира исклучиво во црниот дроб. Во една праска со средна големина има 15гр фруктозен шеќе. Во портокал 20гр, во јаболко со средна големина 23гр фруктоизен шеќер, банана 17гр. Една-две овошки е океј, ама ти да земеш да јадеш 2-3 јаболчиња, 2 праски 2 банана, па лубеница за една ужина, не е океј. Ако сакаш да слабееш секако. А во однос на витамини и минерали и други нутритивни единици, подеднакво, ама буквално подеднакво ќе се внесат преку зеленчук. И јас правам крвна слика на секои 6 месеци, и во периоди кога слабеам, исфрлам овошје и сум само на зеленчук, и немам проблем со витамини. А и како што 2 години јадам по 3-4 цели јајца за појадок, дури немам ни за пола единица повишен холестерол. Најбитна е количината на внес и соодносот. Според тебе и според ова што го кажа, во италија само јадат тестенини и се слаби, така? А заборави да напоменеш дека морските специјалитети им се исто така познати. Ако си дебел, пробај да јадеш секој ден тестенини и леб, и ќе видиме кога ќе ослабнеш Тоа со слабеењето не го имам измилено јас нити е bro science, туку докажано од наука и физиологија на телото на човекот.
Денеска апнав малце бурек, си признавам моја грешка. Од утре пак јово на ново, ама досега немам направено прекршок освен денеска.
Иако си кажав дека нема да се мерам, сепак и викендов се измерив и во - сум уште 1 кг, но никако да ја преминам таа една граница што си ја замислив. Тука некаде сум stuck. Сигурно е мала стагнација, но секако ќе продолжам. Денес витамински. Со чувство дека овошјата ми се премногу благи, си ја замислувам салатата што ќе лапнам за ручек после работа . Имајте убав ден. Јадете умерено, здраво и движете се. Се подобро од 0 движење
Во УН диетата, не знам ни зошто викам диета, се јаде по две исти овошја за појадок, освен банана по една. Има посебен овошен ден каде можеш колку сакаш да внесеш. Јас на тој ден се прочистувам целосно и утредента некогаш сум полесна за неколку грама, некогаш кило. Ако така гледаме, природен шеќер има и во млечни производи, во форма на лактоза. Скоро па и невозможно е да ги избегнеш шеќерите. Јас првиот пат кога ја држев, ослабев нецели 20 кг. Лицето ми беше кристално чисто, имав витко тело и имав зајакнат имунитет. Целта е да се одбегнуваат рафинирани шеќери и брашно. Тие се тие што всушност прават проблеми на долг рок.