Вчера витамински ден. Не знам зошто и како ама денот не ми беше нешто добар. Да препишам на нестабилното време надвор. Не се чувствував нити прегледнета, нити пак растресена за јадење. Ама едноставно како неодморена, малку можеби и летаргична и без елан. П смути Р салата рукола марула морков и маслинки 3-4 В домат краставица со сушен босилек и маслиново и малку лук, и 2-3 маслинки У морков жив грицкав.... Kaфиња х 2 турски Внес на вода, не толку колку што сакам, Некако чувствувам како да ми паѓа интересот, ми се здосадува диетава. Морам дополнително да се мотивирам, особено кога веќе имам ефекти. Секако ќе терам уште, ама се приметувам дека не сум со таков елан.
Да си ми жива и здрава, исто и мене како да ми здосади да кажам диетава, а резултати има баш сега не треба да попуштаме.Заедно сме посилни
Откако некои диети почнаа ептен лошо да влијаат врз мене, а јас будала се придржував до секое правило и јадев нешто од што ми се повраќаше (добро за некој е ок таа храна ама за мене дефинитивно не) .. Така почнав да применувам "моја диета"... Ручекот и вечерата по принцип на УН (протеин, скроб, јаглехидрати, овошје), само нема да јадам супа, леб и бујон. Појадок прескокнувам јер не можам да јадам сабајле со сила па не знам колку да е правилно јадењето а неправилно не јадењето. Наместо тоа јсс сабајле си пијам какво сакам кафе (и со млеко), какао (со млеко) или пак чај. Што ми е ќејф дента тоа пијам и од тоа не сакам и не можам да се откажам. И не мислам дека ќе ми го спречи слабеењето кафе со 2 капки млеко. Мерење по 30 дена.. И со - 2, - 3 кг ќе е ок... Не очекувам премногу за да не се разочарам..
Моето мени за вчера. После физичка активност една чаша ќефир со ленено семе и чиа семе, со пола банана. Ужина по пола јаболко и круша. Ручек шопска салата. Вечерта грицкав малку семки. Обично на сабајле после трчање јадам протеини, ќефир, семиња, пченка, овес, ужина имам овошје и ручек или салата и комбинирам зеленчук со риба, месо.. Не следам никакви диети, си пијам кафе без шеќер, кога ми се јаде благо јадам урма. Сокови никако. Досега сум многу задоволна. Ослабена сум и многу ми се познава, имам уште малку и продолжувам на одржување. Не се откажувајте и кога вагата не оди надоле, комбинирајте здрава исхрана со физичка активност и нема да промашите.
Не знам до кого ти е прашањево. Еве јас ќе одговорам за мене Мешунки конзумирам во скробен ден, или шо би рекла јас зрнест. И баш ми е фино и гравче и леќа- ги обожавам. Исто така конзумирам и бамји, кои ги динстам со сосем малку зејтин и вода, а пошто во мојата диета се неутрални ми идат и на месо ден и на скробен ден. Исто така и печен модар патлиџан ми е сосем ок и вкусно.
Денес ручек и вечера е зелка манџа кај мене со месо не се мерам повеке оти така се разочарувам и прекинувам сеа си терам и не се мерам може понатаки ке се изненадам позитивно
Баш денеска манџа грашок имав за ручек, и гравче и леќа јадам. Браво Алиса, ти посакувам пријатно да се изненадиш, оти заслужуваш дефинитивно Другото што наброја и јас јадам, али модар патлиџан
Дојдов до идеална тежина според мои потреби и замисла, во моментот кога сфатив дека калории се калории, небитно дали е овошје, путер од кикирики или авокадо. Некако храна делиме на здраво и нездраво, па она здравото си мислиме може да јадеме колку сакаме. Си јадев куп урми, јатки, авокадо, путери од лешници, мислејќи си јадам здраво и ќе намалам. А тоа нагоре одев, не надоле. Се може да се јаде ако се вклопи во дневниот внес на калории, само треба баланс. За слабеење само калориски дефицит, а со која исхрана е лична преференција. Не значи нешто ако е здраво, не е калорично, па ајде едно кило може. И најбитно, пробајте омилените оброци да ги претворите во ваш рецепт како поздрава и помалку калорична варијанта. Не јадете карфиол ако пример мразите карфиол, тоа е измачување на себе и нема да трае долго. Јадете она што ви одговара како оброк, а се вклопува во вашите цели. Со среќа, секој може
Луѓе денеска ако не умрев, мислам дека ќе живеем уште 50-60 години. Толку да ми биде лошо, ми се вртеше, нон стоп сум со дијареа, катастрофа. Денеска на мени грашок, кашкавал и малце студентска храна.
Решив да сменам малку динамиката. Но за да не правам дезинформации а и сама на себе илузии, сега така после и утре поинаки, започнувам па за епилогот ќе ве известам за една недела, секкао ако воопшто истерам така. Вчера протеински ден. Појадокот смути, ручек скара со многу зелена салата со рукола и морков и за вечера ништо. Ептен се најадов на ручекот и не бев воопшто гладна.
Мени за вчера. Доручек после физичка активност две варени јајца, една чаша јогурт со ленено семе и чиа спремено од вечер. Ужина пола јаболко и пола круша. Ручек зеленчук на грил тава. Вечера две мали парчиња пита со тиквичка, моркови малку сирење и маслинки.
Moram prisilno da ja prekinam dietata, od nekoe Ovosje ili Zelencuk sto sum jadela, dobiv infekcija na crevata. Mislam deka naredna nedela ke se vratam vo temata
Денеска ден за палачинки мммм да ставам нешто благо во уста и јас Вие до кај сте женски, ве снема нешто
Здраво!! Имам мал проблем висока сум 160 и имав 51 kg,пиев хормонски апчиња и ми се зголеми апетитот прееемногу, помина една недела имам 56,40... помагајте како да ослабнам што побрзо то поубо!!!!
Најпрво среди си ги хормоните. Види што е повишено што смалено. Не е нормално да се здебелиш 5 кг за една недела. Значи прво тоа види и припази на исхрана. Не би те советувала да бидеш на оваа диета додека не решиш тоа прво. Инаку денес протеински, имав бело грозје за појадок. За ручек и вечера планирам шопска, кајгана и парче, две пилешки гради. Знам дека повеќето не мешате протеини, но кога сум на почеток полесно ми е овака додека се навикнам, а и сум ја држела веќе на овој начин и имало ефект, барем кај мене.