Јас сум овде, ве следам. Мене ми фали многу малку до посакуваната килажа, скоро ја постигнав целта, но ќе си продолжам исто да се одржувам. Продолжувам со физичка активност пешачење, трчање, благо на минимум, тестенини, јаглехидрати исто така. Повеќе зеленчук, протеини и гледам да бидам во калориски дефицит.
тука сум незнам кој ден ама сум -6кг некаде и намален обем се гледа веке и визуелно денес варена киноа со кисело кравјо млеко углавном се држам до тоа протеини нема леб благо и газирано нема грицки нема скроб и нема јх
Тука сум и јас, Терам и задоволна сум. Имав идеа да ја почајам диетата и да терам преку ден овошен, ама одлучив дека не сум толку кадарна за тоа а и малку ризично ми стои па се предомислив. И изгуглав и видов дека дури имало и турбо од диетава, па не е таква ригорозна како што си замислив јас . Kakо и да е, значи сум околу 5 недели на диетава и сум 7-8 кг во минус. Oбем исто намален, ама обемот ќе го мерам откако ќе ми заврши циклусот кој го очекувам деновиве. Визуелно е приметливо моето слабеење, а богами ме собира и во панталони кои ми беа . Денес на мени ЈХ. Планирано смути за појадок, посна баница за ручек (може со малку пинџур) и нешто блачко за вечера. Утре витаминоза. Поздрав женски. Продолжуваме понатаму.
Денес овошен ден. Од сабајле смути, па една банана, па една шака лешници. Турско кафе, вода. Планирам и едно јаболко да изедам а за дома салата да јадам , а иако има дилеми околу тоа, може ќе си издинстам зеленчук со печурки. (модар патлиџан, тиквичка, и печурки). Имајте убав ден.
Ден број незнам кој битно п турско р-5јајца +парче сирење и1 патлиџан в-или салата или ништо помина циклусот и спремна сум за овошен ден ама тоа утре на вага да -6 половинче се стори и тераме даљњ за исте паре
Само да елаборирам. Претходниот витамински ден исто потпечев зеленчук и со го направив многу вкусно. Ептен. Ама прво го потпржив. Е сега пошто некоја као совест ме јадеше, да не не е многу нездраво така, решив директ да го испечам, да не е пржено, особено дека е нели витамински ден. Ич не ми беше убаво. Изедов на сила некоја смешна порција, за да не ми биде узалуд трудот, печењето и чекањето. Може и не беше до пропржувањето, можеби едноставно сум го утнала, ама битно, си се вратив сепак на овошје и зеленчук. И така, денес протеински ден. За појадок денес ќе прескокнам смути, некоја овошка носам. За до крај на денот ќе видам , предвидено месо или риба. Убав ден
ајде не си турај грижа на совест па и да е потпржено сигурно нема да внесиш многу калории јас за денес планирам да изтерам зеленчуков ден јадев сеа една краставица + 2 патлиџани салата ги направив и вечер исто ке изтерам време е да се вратам у игра со овошните денови ако ен преку еден барем преку 2-3 дена битно се осекам спремна психички
Супер Алиса, али мислам имаше спомнато дека таквите денови тешко ти идат.. ипак психата е најјака. Со лесно
Се додека не ти прерасне во навика не е ништо страшно. Некогаш мора и да кикснеш. Си пробала на вода да го динсташ? Ги гледам видеата на јутуб се така спремаат зеленчук, на вода и со капак да крчка. Ако не си претерала со маслото немаш грижа на совест, две лажици дневно се дозволени само.
Муабетот е дека беше витамински ден. Генерално пржено и онака избегавам , особено сега. Ама секако не е кој знае каков грев. Повеќе ми беше дека е во витамиснки ден. Небитно Помина.
коа ми одеа тешко ги баталив и некои си 20тина дена немав ни еден овошен едноставно неможев да ги издржам сеа се осекам спремна па денес сум у план да изтерам зеленчук ден
Ден 42 Вчера успешно поминат ден со две шопски салати без сирење разбира се Денес ке биде некое протеинче дали мевце или таратор салата нез битно протеински
Јас сѐ уште само ве читам. Сум ставила едно кило, ама на толку јадење благо, можеше и полошо да биде. Ќе гледам од утре да почнам.