Зависи каква диета тераш Ако тераш УН, тогаш во скробен (зрнест ден) кога е еден за леќа, грав, компир, ориз, грашок и сл.. можеш да мешаш 80% со 20%. Така имам сретнато во групите, секако не знам дали е најточно. Пример ориз и грашок печен 80% ориз и 20% грашок. Па ваљда може и со леќа и компир. Викендов истерав ЈХ и витаминоза. Имав и убава физичка активност. При крај сум со месечниот циклус па би се измерила во недела. Килограми почесто мерам ама сакам и во цм. Денес протеини. Утрово смути + банана, за ручек предвидено динстано месо со салата и подлукчени пиперки, а за вечера или само салата или ништо, зависно од ГЛАДОТ и секако психата
Почнувам денес, се надевам дека ќе издржам. Мој начин на исхрана си терам, исфрлам само благо. Тоа значи пола од работите што ги јадам . Цел ми е 7 кг да ослабам за 3 месеци. Леле, леле, колку ќе бидам згодна со -7 кг, нема да се трпам
Денес ми е јх и би сакала мала помош. Планирав овесна каша, али јас ја правам без млеко, без протеин, мед и слично. Само со вода и додавам смрзнато шумско овошје и путер од кикирики (чист путер без додатоци). Е сеа бидејќи не планирам да се откажам од неа бидејќи обожавам овесна, наместо торти и сладолед дали да ја јадам за вечера или ручек? Затоа што сакам да си правам и проја мафини со ајвар во кои иде јајце. Па бидејќи има јајце, (место нели јајца и млеко од сладоледи и торти), да ја јадам пројата за вечера? Знам како оди правилото за ручек ама не можам постојано тоа бидејќи макарони/шпагети со кечап или доматно пире ми се гадни
Прв ден и одма грешка. Вечерта гледавме филм, извадија децата смоки и изедов еден куп. На крај памет не ми падна дека сум на диета Продолжуваме понатаму...
Луѓеее како залади некако по дома стуткани и почна апетитот да ми расне, ми се јаде се нешто.. пробувам да терам по старо, али вчера и благо јадев хмм.. како ќе биде зимава не знам вие како ви оди
Девојки хелппослесниов период(1-2години) си набив килажа која што никако неможам да се решам да ја симнам а узашно ми смета не секој можен начин.ми треба некоја мотивација нешто нешто за да си речам девојко стопврати се на тоа што беше поздрав и -ки
Денес витаминоза Појадок смути, ужина 1 банана, една шака семки од тиква За понатаму до крај на денот не знам. Забушавам со физичката активност. Додуше, не можам да престастам па и денес најверојатно нема да имам. Месец и пол диета, кг во минус и см во минус. Задоволна. Но не смеам тука да застанам, морам да продолжам уште. На моменти се чувствувам како ми здосадува диетава, се почесто правам грешки... НО планирам секако да не се откажам, па да видам до каде ќе стигнам.
Хаха се извинувам, моја грешка 16/8.Има повеќе начини, меѓутоа најчесто е со овој начин на пост. Не знам како ја преведуваат кај нас. Не е диета, туку како начин на исхрана. Дали некој имал искуство
Имам читано, имам слушано. Но лично за себе сосем малку применувано, во тек на диетава која сум сега, а може да се каже и дека случаен фастинг терав. 16/8 е најчеста, најмногу заради најиздржливоста. Ефекти лично имам гледано, како се менуваат телата на луѓето. Докторот кој ја има измислено оваа диета има добиено и нобелова награда за медицина. Јас лично, не сум баш присталица на ова, да биде стил на живеење, ни доживотно , ни подолг период. Ама тоа јас така мислам. Сметам дека јадење 1 дневно, во поригорозните (пр. 20 /4) не е баш добра идеја. Но ете некој правел истражувања, докази, итн... Изгуглај на нет има доста информации, штета малку се на македонски. Има и на јутуб ентузијасти од Србија, имаат споделено по некој клип.И на фб исто така има група фастинг. Толку знам
Топ опција ти е, но оброците кои ќе ги внесуваш во тие 8 часа ќе гледаш да бидат богато нутритивни и доволно калорични. Односно, можеш на пример во 11 наутро да појадуваш, во 14 да ручаш и до 19 да завршиш со вечерата. Или пак, да појадуваш околу 11, да завршиш со вечерата до 19, а помеѓу да имаш неколку ужинки.
Ајде женски QUE PASA? @ALISA0000 @Ariel ?? Ајмо цурици ... Ептен сакам уште 3 во минус да одам, односно уште 5, ама тоа ќе ми е ептен тешко. Ја терам, и понекогаш свесно си правам по некоја грешка....ДУплирам ден , па започнувам од ново. Ама не се откажувам де... Вчера ЈХ ден. Смути за појадок, и иако е грешка една шака лешници. За ручек посна баничка со спанаќ и малку ајвар (комбинација лудило ) за вечера 1 парчиња домашни сникерс Ова вчера сум го пишала и останало недопишано и неиспратено Па, да продолжам Вчера одличен витамински ден. Смути, бадеми, краставица и домат и за вечера повторно салата. Освен вчера, претходните денови имав и физичка активност Денес на ред протеини Убав ден И продолжуваме
Се утепав од криење, ама @Espadrila ме фати Што да кажам, освен дека првата недела од диетата качив 1кг...
Се мерам секој ден последниве 3 дена и гледам како накачувам грамови, а не јадам многу по 2 оброка на ден ама и пијам многу вода. Дали е ради водата што не опаѓа?
За реален резултат, мери се на недела дена.. тежинатаа многу може да варира од ден на ден(пр денес минус 2 кг, утре плус 2.. голема улога игра водата)..