Задржуваш вода. Се пија вода колку што има потреба организмот. Нема потреба да се полниш со 4 литри вода бадијала.
Дали некој пробал да намали некое кило да јаде само овоШје и зеленчук , за колку време би имало реззултат:/
Тој начин на исхрана не се препорачува пошто за многу брзо време ќе ти опадни имунитетот, слабее крвта, птисокот паѓа и ред други работи. Иначе се симнуват кг само со овошје и зеленчук али зависно од генетиката, процентот на масните наслаги, хормони, физичка активност. Не ти препорачувам таков начин ма исхрана каде што нема масти, протеини, ензими.
Препишана ми е диета од нутриционист. Немам многуу за симнување 4-5кг. За доручек се јаде овошје без ограничувања, но да не биде претерано нели, за ручек имам месо, риба, грав, леќа, јајца... Пијам и спирулина и вежбам. Е сега, ме интересира дали е доволен од прилика внесот на протеини, бидејки за доручек се јаде само овошје бидејки сум читала дека со мало количество на протеини слабеат мускулите. Би сакала да слушнам и ваше мислење.
Во овошје речиси и да нема протеин, тие се полни со јаглехидрати (шеќер, влакна). Јас би ти предложила парче овошје да ти биде ужинка, наместо цел оброк. И да си ги распоредиш останатите набројани видови на храна (месо, риба, грав, леќа, јајца) низ појадок, ручек и вечера.
Ручекот ти е протеински, а немаш пишано ништо за вечера, ако внесеш и тогаш проетеини, треба да се доволно. Ама не сум нутриционист, така што ова го кажувам со резерва. Јас би се препуштила на советите на нутриционистот, па ќе видиш како ќе оди. Ако имаш дилеми, внесувај си во некоја апликација како My Fitness Pall сѐ што јадеш, ќе ти пресмета и внес на макронутриенти.
Луѓе здраво. Пак се враќам во темава со уште повеќе килограми. Секоја година одам се повеќе и повеќе нагоре и ми е смачено какво си го направив телото. Мислам дека третиот спонтан ми ја е*а мајката ми ја заеба и психата па утеха добра си најдов во храната. Значи јас или држам диета или се прејадувам и тоа само со нездрава и брза храна. И така без мотивација, сакам да се доведам во ред, а ми оди многу тешко. Имав и 60 кг во гимназија, ослабев без јадење на леб и благо и си одржував килажа. Ама многу се опседнав, па многу малку јадев и се си мислев дека сум дебела. Па се здебелив и од тогаш само во круг се вртам. Де ке ослабам, па дупло ке вратам. Држев секакви диети и Ун и Хроно и пред 2 години дојдов до 75кг и бев супер, инаку висока сум 1.75. За брзо се вратив и еве сум сега со цели 100 кг срам ми е. Некако се мислев што да правам, како да почнам, што да јадам. Гледам да си го слушам телото. Сакам да научам колку можам повеќе здраво да се исхранувам, да биде на долг период. Сега сум мотивирана. Значи почнав предходниот понеделник, а за викенд веќе направив лом со јадење глупости. Па следуваа плачки и од овој понеделник прпдолжив како тоа да не се случило. Ќе пишам од прилика како се исхранувам. Може јадам малку повеќе, ама гледам да не осеќам глад. Од секогаш сакам одма резултати и со тоа се демотивирам и прекршувам. Доручек најчесто: *2 јајца со к.млеко, салата и 2 кришки црн леб. *2-3 парчиња димен лосос, со едно јајце, салата и леб црн. * Томато со топена моцарела или направено како пица од р'жано интегрално брашно. * јајца со сланинки најчесто 2 или само јајц, леб и салата. Значи од прилик вака ми оде за појадок, не се прејадувам. Сега си замесив и сама лебче од р'жано брашно. Ужина некоја овошка. Ручек секакво месо, некогаш протеини и скроб. Ама секогаш гледам да доминира протеинот. Зготвено со колку може помалце масло и салата. Вечера Гледам најмалку да јадам. *Таратот *Варено јајце или 2 * К.млеко со Ленено семе. Сакам поискусните да ми кажат дали сум на добар пат, дали ми е добра исхраната??? Гледам да уживам и да експериментирам во кујна. За да не ми досади. Имав 103 кг, сабајле се мерев 100 сум рамно, ама тоа е вода знам. Вежбам околу пола час дневно 15 мин на статичен точок и остатокот со тегчиња колку можам. Долг ми испадна постот се извинувам,ама сакав се да опфатам. Се надевам на поддршка
Дали има некој искуство со исклучиво здрава и ниско калорична исхрана, притоа секојдневна едночасовна активност со трчење. Сакам околу 10 килограми да симнам, па планот ми е на тој принцип да почнам. Совети ми се добредојдени.
Скоро се, освен благо, леб и газирано. Односно, истото што е забрането во стандардните режими на исхрана. Без грицкање меѓу оброци. Значи ако јадеш само во текот на осум часа во денот, а другите 16 постиш, тоа не значи дека може буквално се да јадеш во неограничени количини. Умерено, три оброци, два главни и една ужинка, твое е да ги распоредиш. И многу течности!!!
Хелллоооо девојки. Вртам, вртам, нема никој. Си одам, повторно се враќам и решив ќе пишам, успат може некој ќе соберам. Јас сум веќе 5 дена на режим и успешни -2 кг. Цел ми е уште 20кг, онака, баш Манекенка да бидам.
@zeka јас без тебе режим не почнувам. Само ти знаеш да ме мотивираш. Јас се здрбелив 2кг., па сега наместо 8, имам 10 за слабеење. Па и ја маникенка да будем
Јас имам 10 кила да симнам сега сум -4кг, значи уште 6 ми остана. Иначе јас пресметав на специјален калкулатор колку калории треба да внесувам за да ослабнам. Ако сте заинтередирани еве ви водич.
Епа јас сум висока 165цм правилно од висината минус 110, за мене идеална тежина е 55 според книги. Ама јас со 55 сум страшна за гледање така да 57-58 ми е идеална килажа според мене, ама таква ми е конструкцијата што 2кг вишок прават да изгледам ко 80кила да имам. И се ми оди во нозе и газ салцево. Стомакот 3 недели избалансирана исхрана и мислиш сум вежбала со години.
Епа затоа, таа точна бројка не е секогаш точна Јас по тоа правило би требало да имам 50 а сега имам 55 и изгледам подобро од некогаш кога имав 50. Не се оптоварувај толку со бројки, туку визуелната разлика. Оти може и со 60 кг да изгледаш фит За многу поголеми бројки е веќе друго.
Врз основа на претходна тежина. Сум имала -9кг од сега, и најубава сум си била така. Не дека мора да се точно -9кг, ова е само цел. Ама се гледа разлика во огледало. Секој килограм се забележува.
Не е правилно од висината минус 110. Има калкулатор за body mass index и се пресметува и резултатот кој го опфаќа нормалата се движи од 18 до 25. Значи нормална тежина е секој резултат што ќе ти излезе меѓу 18 и 25, а тука има варирање на килажа, не може нормална тежина да е точно минус 110 и толку.