Веќе еден месец не сум на кето. Ослабев 14кг, од 71 на 57 за отприлика 5 месеци. Јас сум многу задоволна од диетата, дури и ми е криво што ја прекинав. Меѓутоа, корона и диета не одат заедно. Постепено се враќав на јх и скроб, сега веќе јадам "нормално". На килажа сѐ уште немам качено, али дефинитивно тесто не ми одговара, а благо па ич. Стомак подуен, гасови и сл., тоа со кето немав. Сега да се оправам, ќе продолжам со физичка актвивност, затоа што многу ми фали. Исто, енергијата што ја имав претходно, веќе не е со ист интензитет. Јх се цицачи на енергија
Имаш проблем со глутен? Јас последниов период многу имам проблеми со подуеност и гасови. Не мислам дека е врзано со глутен, стварно не знам што е. Ама не е проблем со благо, тоа многу ми одговара
Колку што знам немам проблем со глутен. Ама со киселини имам. Сега некако како да ми е полошо од претходно. Ама не само од тесто, туку и од овошје, пр. бананата многу ми прави киселини. Сите забранети овошја што беа во кето, сега пак ме уништуваат
Сум забележала дека ако некоја храна не ја јадеш подолго време, после едвај ти ја вари организмот. Па и од вкусот се одвикнуваш при подолго нејадење.
Точно е и тоа. Ама со банана, мандарини, портокали и претходно имав проблеми со киселини. А еве на морков, цвекло, не ми реагира стомакот. Викам јас златни чварки
Имам многу обврски, немам многу слободно време да пишувам, ама, тука сум. Се запишувам со уште -2 кг, вкупно -4 Првите кг 'магично исчезнува' , т.е повеќе е вишок на вода, но, задоволна сум. Зрно по зрно баница. Се лутам на себеси што после 4 год од порпдување не успеав да се вратам во нормала, конечно пресеков. Јас не сум слаб карактер, ќе успеам. За 5 месеца, комплетно нова личност. Времето одминува, најважно е да бодеме решителни .
За спирулината, не знам дали ти е препишана од лекар или нутриционист, јас кога пијав имав преееголем апетит. И со други што сум зборувала исто, дека додека пиеле спирулина имале зголемен апетит.
Јас бев околу 76кг +/- последно мерење нели пред да сменам исхрана. Поќе од еднаш се имам жалено дека имам мака со желудник и киселини, така да сменав исхрана од корен и пошто ко сајд ефект губам кила, ќе пишам тука. Исклучив леб. Ептен ретко некогаш месено, ретко некогаш тестенини ама гледам да земам од наут/ леќа. Сок обично не пијам, сега почнав о.О знам обично ова во промени во исхрана е обратно ама сакам домашен сок од дунка и домашен сок од портокал, и си купвам од морков. И последно нешто шо сменав е колкави оброци јадам и колку. Јадам еднаш на ден ама во размак од два сати е тој комплетиран оброк. Ако јадам поќе - ми се повраќа ради желудникот пошто е стресен период и едноставно само полошо ми е. И велам дека си го пратам телото. Ако покасно ми се пријади, јадам нешто ситно како снек. Некни јадов втор оброк и ми беше лошо. Второ кинам млечни производи максимално пошто покрај скроб, проблем имам со млеко, а месо не јадам од почеток на годинава така да исхраната ми е plant based. И некни се мерев бев 74.0, денес неколку дена покасно 72.5кг. Најискрено, прв пат не ми се повраќа од храната. Прв пат не ми иди да се отепам јер сум бинџала на благо ради лична слабост. Пак јадам благо ама обично како ужинка ако огладнам оти знам дека ако скроз го скинам ќе се фрустрирам ама исто момент ко ќе се заситам, а брзо се заситвам - преќинвам. Тешко ми е да преќинам ама одам го давам на брат ми да скрие или подобро спремам одредена количина десерт шо не е голема и од која нема поќе за да продолжам како денес со една палачинка. Гледам оброците да имаат протеин, зеленчук колку шо можи поќе и нешто овошесто. ------ ВЧЕРА И ДЕНЕС: Spoiler Пример вчера напрајв овес за денес и вчера. Во вода изблендирав зачини ( канела, мускантно оревче) и урми. И во вода од урми праев овес и додадов јаболко и круша и сецкани ореви. Ако немате пробано - превкусно е на овој начин. Кога сервирам сакам од околу да турам растително млеко и да сркам независно од овесот. Како главно јадење напрајв лиснато со спанаќ, леќа, морков, кромид, целер и сончоглед. Мислам дека не заборавам ништо. Сервирав две парчиња, изедов 1. И како сајд диш, пошто немав салата со шо да прам свежо, испеков еден сладок компир насечен и спржнав па испечив печурки со зачин. Од компирите ми останаа 4/6 сервирани, печурките шо беа настрана и другото парче лиснато уствари влегоа во порцијата за денес шо си ја викам leftover plate. Двата дена многу вода и сок од морков помалку од чаша. Денес покрај leftover plate, напрајв свежа салата со домат и кромид, пак овес остатокот од вчера шо не го сервирав и решив да се частам палачинка премачкана со путер од кикири и мармалад. Поентата ми е, многу протеин, здрави масти, зеленчук и течности. Се држам на то шо имам кажано и претходно, само кажва телото шо сака. Засега ми кажва и се думам кога ќе престани. Idk. Ако некој се храни вака "интуитивно" цитирајте ме да ви пишам ЛП ме интересира како се снаоѓате и дали преминва во навика зошто сега свесно мислам на то шо јадам. Свесно си нагласвам дека почнувам да се заситвам. Свесно станвам и оставам да продолжам за после. Ако малку сум задумана пак претервам. И искрено, мачно ми е свесно да мислам на то како ми функционира телото место едноставно да почни да функционира. Целта не ми е толку да ослабам колку шо ми е да сум здрава и да не ми се лоши ама како позитивен сајд ефект земам губењето кила.
Здраво феминки имам 69кг а висока сум 170цм,дали знаете некој брз и ефикасен начин за симнување 5-6кг?
Здраво, со бременоста ставив +20кг. Не сум на диета, исфрлив само се бело, леб, шекер... Барам совет за напиток кој помага да се топат мастите, да пијам да забрзам метаболизам ама да нема прекумерно мокрење.
Mislev na kombinacija nekoja so gumbir, leneno, limon, samo sakav recept, ok, neka se izraziv gresno, ja osloboduva visokot voda
Можиш такви сокови да си правиш и иди како детох али ќе мораш да имаш и диета и да си дадеш време во намалувањето на килажа.
Мислам дека ми е 4 ден што држам диета и правам вежби за слабеење... Никако да ја постигнам формата на своите нозе и задник како што сакам