Oх, богами сабајлево СЕ НАЈАДОВ!!! краишник црн леб со ајвар и сиренце вчера си легнав во 5 сабајле, и цревата кр кр кр кр, ништо не јадев од 18 часот, и нели ролав, и уште толку ми се јадеше, ама не бре, не јадев, и гладна прегладента легнав. сега цел ден ќе јадам само овошје, а се знае дека попладне ајварот лебот и сирењето ќе бидат согорени со 2 саата ролање Oд кога почнав да ролам, приметувам дека имам малце повеќе апетит од вообичаено
И јас си го чувствувам Цаци како позатегнат. Очигледно и од едноставно дремење се затегнувал. КАРАМБА, знаев дека нешто вон прописи ми функционира. Со среќа диеталки, се надевам ќе успееме. Ако не летово, барем на Божик ќе бидеме добро трпезно парче.
4ти ден диета со јаворов сируп, still going stronger!!!! малце имам полагање деновиве, ама не се давам бре, нема да барам причини за контакт со храна
Поголем мотив од една женска шо ја знам неколку години(а беше тро мрсничка и целулитна),избацување женскава со слики на фб од одмор,што да ти кажам...па си велам,кога може сестрава,можам и јас. Нели се учленив на она спарк и три дена се обележував и следев учество на протеини,јагле и масти во исхраната и едно забележав...диета ил не,калории под 900 бев секој ден,ама...процентуалната застапеност на јагле и масти беа над дозволените,а протеини помалку.Па јас коа не сум на диета повеќе протеини внесувам право да ви кажам и ја сфатив цаката,другаров си имал право,протеини за слабеење и шок на телото.Па си се наљокав вода,го јавнав орбитрекот у најжешконо прееска кога стигнав дома и си направив салата,домат,краставичка со многу малку двопек низ неа,татко ми на скара пилешки гради без маснотија и охо хо мешенце пуно,јас задоволна и ова спаркометаров презадоволен.До утре нема јадење. Ај сеа да те видам братко. А татко ми колку ми е внимателен,дури претерал,купил свеж зеленчук една армија да нараниме! И сеа ќе си правам комбинации од салати секој ден,не јадам овошје,евентуално наутро,протокалче,праскиче.Утре ќе си правам салата рендано цвекло,морков и зелка со природен јаболков и малку маслиново и ќе му лупнам некоја кубетка,може и едно варено јајце или мисиркини гради на скара.
Јас од утре менувам режим, пошто зашто лилит ме заинтригира со шоковите, ќе ја послушам неа. Јх-те-штетници, ќе ги минимизирам, само наутро ќе кснам житарки или евентуално геврек, а после тоа салати и месишта. И така сум нулта крвна група месото ми прија. Ак је бал неј је маскембал. Туку вагава покажува 8 кила доле, не знам дали да и верувам пошто сега прв пат од кога почнав диета и се качив, не можев да додржам веќе, ама ме направи пресреќна па и да лаже никој нема да открие
Татко ми денес да ме израдувал - некое вариво од зелка со свински ребренца ми стокми. Мевцето секако им го препуштив на моиве, ама манџичево што да ви кажам - ниту запршка, ни бутур, само вода, зелка и домат со по некоја зачинка. И една чинија од тоа со свежа салата од домат, краставица и пиперче. И зеленчукот ми срасна во желудник. Не јадам сирење, јогурт слабо, леб и тестенини јок, ама ич, јас не знам од што живеам... Ама пре сум за месо и зеленчук, него ли за тесто, лиснато и компанија. Уствари, би јадела некое рипче на скара, или туна ако ништо друго. Ќе размислам, слабо вечерам, а и лоша супа ми се погоди, на сол многу мава. Апла вештачка.
Мене дечко ми каква манџичка од грашок ми направи прсти излижав и патлиџанче уз тоа и се чувствувам ко едно прасе да сум изела
Решив! Дигнав револуција, за почеток им откажав љубов (со тешко срце) на лебот и благото, за подоцна да видат дека се аут оф мај лајф форевер, демек дека сум јака коска и не се давам лесно ги заменив исклучиво со салати, посни манџички, овошје...се откажав и од млечни производи Ако се слабее, нека се слабее. Ако се умира, нека се умира Почнав да пешачам повеќе, да вежбам и посреќна да одам под туш после кревањето узбуна на моите масни наслаги. А од туш преко Вардара директно у земја Циганија, епа мала пажња де Како и да е жени, еве после точно 23 дена, вагава кажува 3 кг мање...ја јест да и се заканив со фрлање низ прозор, ама мислам дека не лаже. Ко за почеток на биткава, јас сум задоволна Идемо даље
Леле леле, узбуна Доаѓа татко ми дома со брат ми од тренинг, и ми земале еден шушкавец поголем од мене 3 броја. И татко ми, ќерко ти што Сумбаш Сумбај кога џабе ти купував точак(орбитрејк ) ама пред да сумбаш обавезно облечи го ова а под него ТРИ маици, најдоле памучна за пот да впива. и поти се ми вика како нива да си изорала па да видиш шок Да ме поддржи во новата идеа со месо што му ја образложив, се фрлија со брат ми сите праски да ги изедат што ги има дома Море море, срцки. А дечко ми почна да се крие и да јаде дека он слабиот знаете. Ќе ме пореметат од олкава поддршка Ама ако, јас си барав. Срцки се. Туку и ми рекоа ослабена си. Море бре!!! Мама и тато никогаш не лажат !!! ОСвен кога мораат Бтв, мама лазањи прави, фатив џаде од кујна по брза постапка.
Jас не знам што да јадам сабајле станав во 10 се замезив и во 12 KOMA по брза постапка до 17 часот и сега 2 и пол саати се думам што да јадам, а фрижидерот крца од овошје зеленчук јогурти кисели млекца само тоа ми купува татко ми, ај да ја скокнеме Aргетата паштета што ми ја купил Mу викам на диета сум знаеш, што ми купуваш Aргети! Aко ако диетална е да бре, ептен е диетална :geek: и со цел памет и диетален маргарин земал, да де, божем само маргарин се јаде без леб нели за ролање ќе возам накај 9 зашто многу е топло денес! нека се подзалади навечер е најубаво! денес саат и пол планирам
Денес со јадењето сум никако. Две праски кога станав, ручек немав, немам ни вечера. Цел ден гладувам, и кога ќе почуствувам дека припаѓам, еден бисквит и се враќам во живот . Бев кај другарка ми на гости и гладна, цревата револуција ми креваат и морав една тортичка од винчини да си каснам. Значи морав! Дома каснав еден домат и пак неколку бисквити. Желудникот ми е празен ама неможам да јадам. Мразам кога ми е вака. Инаку се мерев кај другарка ми. Машала сум поослабнала. До првата цел остануваат 6 кг. За потоа полабаво ќе биде. Туку за оваа со месото да знаете дека одличен ви е изборот. Јас кога ја држев протеинската диета за најкратко време ослабев. Се топеш. И доктор ми има кажувано дека од месото не се дебелееш како што се дебелееш од тестенините. Ама јас кога сум дома невозможно е вака да се хранам. Голема фамилија сме, за ручек јадам тоа што мајка ми зготвила. Ако убаво ми е вака, се слабее и така .
Денес би требало да е продуктивен ден во однос на намалување на грамчињава Утрово се почастив со благо кафенце, два поп кејка и сок од тропско овошје. Попладнето излегов до Центар, па потоа пешки се враќав до Чаир. Па чисти 50 минути изодев на најжешкото, и сега ме болат залистоците. Пред пола саат јадев малку пржени компирчиња, 3-4 мали парчиња риба, еден домат и една краставица + сокче од тоа истото што го иам и толку ми е за денес. Може само вода да пијам ништо повеќе. Ајде веќе 3 дена сум на некој благ режим + со пешачење или вежбање и вагата не покажува резултати, како и да се не се откажувам, мора да си стигнам летово до таму кај што си сакам
ајде совет .. сакам до 9ти јули да симнам 4-5кг. од утре да го јадам само ручеток од диетата на ж.митрев и да одам во теретана 1час и трчање 10км .. ке успеам ?
Арно си бев цел ден со компир манџичка и еден домат за салата. Што ми требаше Доритосов Знаете колку калории има средното пакување од зелениот Доритос?
до 200 калории, ама чипс е и штетен е, друг пат земи пуканки, језда се покалорични ама попрепорачливи се. Едит, извини сега видов дека средно паковање, тоа ваљда има дупло, 12 парчиња од чипсот имаат 150 калории. Ваљда 250 не си ги прекорачила. Итекако ќе успееш, можеби не во кг зашто и мускул во теретана ќе набиеш ама обемот што го посакуваш ќе го добиеш, и доручкувај, нешто лесно ама немој без доручек и сама треба да знаеш доручекот е најважен, а избегнувај вечера.
Официјално ви се придружувам во големово семејство на феминки, со една заедничка цел, да ослабиме заедно . Од денес, без диети, на пост, едно три недели, во меѓувреме пред оброк по едно чајче од Виталија, Slim & fit, едно 40 - 50мин. (во зависност од расположение) на орбитрек (секој ден), што велите ќе има некои резултати за брзо време ? Од нечие искуство колку време ми е потребно за ова ? Spoiler Почетна тежина 67 кг, целта е 58 кг.
Oх добро е, саат време ролање Hе е многу ама се трпи! Oд утре нема веќе црно лепче, нема веќе крем сирче утре само боранија- хау лавли а
денес ми е четврти ден... цел ден јадев само 4 праски... една цедевита.. и 200 грама сливи... и 1 салата од домат и половина краставица сега ме фати криза незнам како да не мислам на јадење.. незнам што да јадам барем малку да се заситам... што мислите да сварам 1 јајце и само белката да ја изедам.. колку калории има??? инаку денес на плажа толку многу огладнав што отидов да купам сладолед.. ама кога јас излегував од продавницата влегуваше една типка имаше совршено тело .. вистинска бомбаааааааа.. и кога излезе имаше купено само вода.. и си се удрив самата по глава и си реков кога може таа можам и јас и се вратив го заменав сладоледот со вода
ке сака некој да ми даде линк од диетата за седум дена седум кг пошто неможзам да ја најдам фала однапред
Jас сношти претерав,бевме на вечера-не јадев многу,скоро воопшто само си мезев,ама пиев бело вино и се подув,како пренајадена се чуствував,после не можев да спијам-ми тежеше Oд сабајле направив сендвич од оние лепчина сечени што се,и сатвив марула,патлиџани,салама-тенка и рендано со малку кашкалвал-нискокалоричен,и турско на страна,после си исеков целер и си грицнував за ужинка,потоа 2 крекери со туна,и за 2-3 саати се спремам тако да направам,ама планирам повеке со салата да го наполнам,ама имам чуство како прејадена да сум,а не јадев многу ни денес,ни сношти,а денес направив сендвич зашто ми се смачи од мусли,и каши,па промена за 2-3 дена. Aаа какпо ми тежи чашата бело вино -таа е крива за се