Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Ај и јас да репортирам - држев УН диета и за 14 дена изгубив 2 недели :lol:
    Ми беше тешко да се контролирам, плус имав два родендени и една свадба морав да ја прекршам диетата и ... отиде по ѓаволите ...
    Почнав да стегам само домати, краставици, праски, цреши и јаготки, многу супа или ако има манџа - незапржена, многу течности (леден чај и вода - поеднипати и џус), малку леб, сладолед кога ќе ми се присака и житни десерти и вежбам на орбитрек секој ден по 30 минути, пред да се качам на орби пробувам да зумбувам малку (ама тешко ми оди) и пешачам по еден час со кучето. За 5 дена скинав 2 килца. :rock:
     
    На Extraordinary.girl и gaga.rocks им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Воден ден. :hai:

    Јас сум си вечер на роденден каде што ќе има само пиење, колку економично ќе го фати домаќинот, зашто ќе ме мавне само од чашка или две.

    Башка, баба секогаш вика - Ехеееее, зајде ли сонцето - нов ден е веќе.
    Indeed. :D
     
    На Doozy и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Кме кме, јас сакам да почнам од денес со Аткинс. Т.е не баш така туку некако би му дошло Тедимече-Аткинс најнова верзија. :D
    После ќе си купам мултивитамински шумечи таблети и ќе ги пијам.
    Човек сум на не тврдам дека јх скроз ќе ги изоставам. Наутро можно е да доручкувам пример геврек или перек а после цел ден месо и салата. Млеко, павлака, јогурт, сладолед, овошје, благо, тестенини ( ;( ) , ќе одбегнувам. Од се жал ми е само за тестенините. Ама шта чеш кад се мора. Сепак сигурна сум дека пак ќе слабеам, доволно е јх да се минимизирани.
    Нулта крвна група сум, ми одговара да јадам месо(освен свинско), не поднесувам туна, ама ќе морам да стискам заби.
    Едино воа поховано видов не смее, па и пилешките прсти пржени нели се поховани?? :?: Нејсе јас ќе си ги конзумирам понекогаш.
    Ќе видиме како ќе биде, малку ми е страв ради несаканите ефекти, ама кај мене има доволно вишок од каде да црпи организмот при помал внес на јх па нема за брзо време да припаднам.

    Едит, прв оброк, две варени јајца и некој вид виршли колбаси.

    Е сега да питам уште нешто ште ме подмачува, јас си конзумирам цедевита ама обавезно секој ден, проблемот е што мајка ми ја купува и во кутија ја става, па ниту знам колку е калорична, ниту знам дали е здрава ниту што содржи. Ај некој нека ме просветли.

    И моиве решиле да ме почастат 50 евра да си купам гардероба, а јас морав да одбијам ... барем да симнам уште 15 кила па мерачки ќе одам да купувам. Жалостие. Кај ти беше мечко на време паметот?? Ех, младост лудост :D

    http://www.demotivacija.mk/newest/all/ufff-7679.html :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Tеди да не те разочарувам,ама не е убава цедевитата,вујна ми и малиот пиееја секој ден цедевита,посебно малиот ептен се здебели,му излегоја мозоличина нешто црвенило,и отишле на лекар за црвенилото го прашале дали е здрава цедевитата дека малиот нон стоп пие,и тој им кажал дека доста дебелее,и кога вујна ми престана да ја пие ослабна од 5-10кг :^)

    A и други кажуваат дека не е убава,ако грешам-простете ми :$ :^)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421

    Same here :D ни торта нема да фатам, ама ако!

    За да не се искушам и да не паднам под влијание на другарка ми која е против моето слабеење, зошто сум била слаба/таман (не), и реков дека шеќерот ми е покачен, и постои можност да е скриен. Колку сум си ја умноболна.

    Све за мојата диета бе, све! :D
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Теди, пахованите работи не смее, не бидејќи се паховани, јајце и месо се иста „крвна група“ :) него не смее ради зејтинот што го пие месото во себе дур се пржат :) прави си ги, ама печи се. Јади и прстени-кромидчиња и што сакаш, какво сакаш месо или слични паховани работи, но испечи ги :)
    Пилешкото пробај малку само обари го, сосема малку, затоа што печено паховано доаѓа, како жилаво.
    Домаќинките тоа повеќе се разбираат од мене. Јас сум само аматер готвач кај мене в куќи :P
    А шумечи таблети и се тоа, озбилно намали, не за друго таквите не се добри за желудникот. Пиј си овошје исцедено поздраво е.. не е толку за шеќерите, колку хемикалиите во нив.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Абе јас не пиев којзнае колку, туку брат ми е спортист и пие цедевита како улав а саде мускули е на него, па викам сигурно не е штетна ќе си пијам и јас.

    Инаку ќе пијам шумечи витамини ради Аткинс, ако ја почнам некои две недели да видам како е. :)

    Знам дека не заменуваат цеден сок, ама овошје нема конзумирање. Барем одреден период, како што реков некои две недели. :)

    Секако одлукава не ми е конечна, ќе си се консултирам после и со мајка ми па може нема ни да ја почнам аткинс.

    Цедевита веќе не пијам, ама па греота е што немаме ништо да пиеме освен вода, дем ит !!! :devil: :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Цедевитата е највеча глупост шо постои, најискрено. :D Поарно водени боици земи и жолта у вода раствори, поздраво е него прашакот. :D
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Добро де, човечки си прашав, нц нц нц уште малку ќе ме потепате :bandit: :wasntme:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Тедимече, немој да се малтретираш со Аткинс, многу брзо се слабее ама многу брзо се враќаат килограмите. :x А за мачна, е прилично мачна, треба да мавнеш повеќе на јаглехидрати, не е здраво за срцето тоа. :worried:

    Мој совет ти е диетата што ја држи лолита, т.е. таа на иренна, диета за безфизичка активност. Јас пробав насабајле да јадам јаглехидрати, за ручек тоа што има и не вечерам. Ако сум ептен гладна си правам салатиче некое. Порано, за појадок јадев овошје и стално ми се јадеше, вака сум најадена и не мислам на тоа, а се согорува тоа до вечер. :D

    Еве сега си мснав едно парче од брдеј кејкот, моја си е бе, ќе си ја изедам и цела ако сакам. :rofl: Здрав појадок. |(

    Инаку, најдов едни панталони од полуматура, и за 2цм не ме закопчаа копчињата, патентот си се качи нагоре, се лизгаше едноставно. :lol: Во план сум малку да ги модифицирам во ногавиците и да се мотивирам дополнително за да можам да си ги носам.

    Се токмам да почнам да вежбам ама ногава ме загрижува, уште ми стои топче на неа. А почнаа колковите да ми шкрипат, сироти, закржлавени се. ;(
     
    На JuLleE и teddybear им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Девојки од денес и јас ви се приклучувам со оваа диета :
    1. ден ЗЕЛЕНЧУК
    2. ден ВАРЕНО МЕСО ( ВИРШЛИ ИЛИ ЈУНЕШКО)
    3. ден ВАРЕН КОМПИР
    4. ден ЈОГУРТ
    5. ден ЈАЈЦА
    6. ден ОВОШЈЕ (ЕДЕН ВИД)
    7. ден СУПА
    8. ден ВАРЕНО МЕСО
    9. ден ВАРЕН ОРИЗ
    10. ден МЕШАНО ОВОШЈЕ
    11. ден КОМПИР И ЈОГУРД

    ПОЖЕЛНО Е ДА СЕ ДРЖЕ ДИЕТАТА 3 ПО РЕД
    СЕ ПИЕ ВОДА И ЧАЈ НЕОГРАНИЧЕНО
    Доколку се придржувате кон диетава има многу ефект само јас сакам да го пресккнам денот со јајцата неможам цел ден јајца да јадам мене две ми се премногу :^) и во кмбинација со аеробик вежби

    http://www.youtube.com/watch?v=ryuGJhAIZNo
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Од денес имате нов член. :bow: . Додека сите се здебелуваат зиме јас сум обратно, пржените тиквички и пиперки си го направија своето. :lol: . Немам многу за губење ама сакам да си се контролирам со некој пишан ред на тоа што јадам во текот на денот. Денеска доручекот ми беше мусли од виталија, чаша мултивитамини и едно ѓеврече.( патем кажано станав во 10 30). Ручав пица и тоа средна капричоза со гратис топче павлака , и сега пак јадев лубеница и сирење со една кришка леб. А тек е 6 сато. :lol: . Калории-малории незнам да бројам, ама знам дека денес од физичка активност имам 0 и сето ова некако ми тежи во стомакот. До вечер се надевам нема да смелам уште нешто од стилот на пицата. :tmi:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.229
    Допаѓања:
    157.170
    Дечки,за да има попрегледност на подфорумов,во иднина на темава пишувајте како напредувате,што правите,како се чувствувате денес во врска со диетата,колку вежбате и слично,а во зависност од диетата која ја држите,консултациите околу неа правете ги на соодветната тема.Зошто горе доле како шо гледам,имаме теми сите пополуарни диети.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    леле јас се оставив со боранијава денес :lol: Cамо тоа јадев, и да ви кажам не е толку грда ко што си мислев 8) ! добра е бе, бучкуруш, а јас сакам бучкуруши!
    инаку после накај 9 и пол до 11 ќе ролам, и веќе така ќе правам, зашто сега не се поднесува од што е жешко ]:) доста ми е по 1 и пол саат, мислам дека 600 калории сигурно се согороуваат со тоа, а јас сум на 1000 калории на ден, а денес мнооогу помалку со оглед што изедов 3 чинии боранија, така да на коњ сум и со саат и пол! струкот веќе ми се врати, не сум ѓуле-ѓуленце :lol: Aјде ајде, уште 14 дена ќе издржам 8) E богами, кај дечко ми малце ќе попуштам, зашто има некои јадења што сакам да си ги пробам пак 8) Aма тука е моренцето на 15 мин од нас, оп оп ќе пливам цел ден, и ќе согорам се :rofl:
    Tака да, веќе не планирам да се гојам и да се товам, зашто не сакам после пак со борании да се замарам :D
    Yтре ќе ми биде вочни ден, скапаа веќе срешките оддамна ме чекаат заедно со праските! а задутре само јогурт и крастајца ]:)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Денеска гадно се сјебав.
    :(
    Требаше да е воден ден, т.е. беше до 14 часот.
    После почна да ми се врти, да ми се лоши, менување прозори не е лесна работа. :(
    Па една супа, половина шолја сладолед од ванила и две пилешки прстиња.
    И добро, сега може некој да ми објасни зошто се чувствувам како го*но, иако не сум изела Бог знае што...

    Размислувам сериозно на ваква жештина да ги укинам водните денови.
    Не се издржува.
    Овошните ајде некако, ама цел ден на вода + куп обврски на 40+ степени... јок.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Трендафилче, ти ептен на строго ја затера работата, ептен му мавна шок на организмот, и ептен премалку почна да јадеш. На вакво време логично е дека ќе припаднеш. Под воден ден треба најмалку 2 и пол литри вода, ама и не премногу активност во денот.

    Тоа што си внесла во тебе е тотално ништо, ни со нула не се множи, прстите на 100 грама немаат ни 200 калории, а ти 2 прстиња си изела.

    Знам дека сакаш да ослабеш, навистина сакам и јас, па да се фрцкаме после, ама уште поискрено мислам дека треба малкуцка да се олабавиш, и психички и во гледна точка на јадењето.

    Зашто може и здравје да расипеш, а целта на диетата не е тоа знаеш и сама.

    Инаку јас изедов 300 грама пилешки филети денеска. Мама ми ги подготви, не знам од кај ги купила. А за утре татко ми ми купил пушена риба. Знае човекот дека само таква риба мирисам. Го обожавам. :)
     
    На JuLleE, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.229
    Допаѓања:
    157.170
    Ова делува на нас многу психолошки.Јадење на нешто вишак или над планираното го доживуваме ко убиство на човек! :D
    Трендафилке,де уживај.До вечер некој зеленчук и добра си.

    Јас денес ко вчера исто,ма да вчера вечерта имав мал испад,ама имам добар другар кој не можев да го одбијам покрај таа лудорија што ми ја приреди и патот кој го истеравме само за да си го направи ќејфот,а неинформиран дека сум на режим и за атер негов,каснав малце.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    И јас истото чувство го имам :worried: како да почнувам озбилно да се дебелеам и почнува од мевов.. издуен е веќе неколку дена до немај-каде, дури и ми се шири од страна. Половината ми расте веќе од што нема на каде да оди :worried:
    Нешто што јадам изгледа само ме дуе ко меур ;( а јадам малку ептем малку.
    И јас ќе морам некој режим и повеќе ќе вежбам, пошто нешто ко да не ми оди ова.. вежбам како демек да се стегнам, ама место да се стегнам јас се дујам како балон. Ќе се стркалам некој ден ако продолжи вака :worried:
    Денеска сабајле ништо не јадев. Испив само кафе без шеќер.
    За ручек изедов една кришка интегрален леб со домашен сос од домати намачкан врз неа и се осеќам ко да имам јадено брејјјј, а и така изгледам бре подуено :wasntme:
    Зумбав 40 минути. Попосле и Тае Бо ќе повежбам и не знам што да правам ама ова ме загрижува ситуацијава што почна овие неколку дена. Ко камила собирам вода изгледа уште во сало да се претвори и крај се откажувам од себе си во весник!
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.229
    Допаѓања:
    157.170
    Жабо дан си пред добивање ти?!
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ^ Мене за подуен стомак и задржување на течности ми го имаат многу пофалено Физиодур.
    [​IMG]
    Во секоја подобро снабдена аптека, околу 600 ден, а трае десетина дена.
    Се раствора во вода, различна количина и се пие цел ден.
    Самото капаче е мерниче колку и како се раствара количината.
    Служи за исфрлување вишок на течности и целосна детоксификација.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.