Целозрнестите житарици, овес, пченица, интегрален ориз, скробниот зеленчук, мешунките, се што има јаглехидрати, а е природно.
@ALISA0000 и останати како е редот овде, се принесува нешто блашко, некое печење, гибаници, алкохолче Еден месец како стартувам со некои рестрикции, ама ме утепаа родендени, имендени, викенди, карактеров мој никаков Полека, ама сигурно ја шишнав стотката. Немам друго што да кажам, пукам, кипам на сите страни Од утре и официјално ве дружам За почеток планирам да дигнам рачна на тесто/леб, благо и газирано
напрај си некој план и почни воведи си однапред смислени оброци и гледај да изфрлиш благо и леб и не мешај протеин со скроб или со јх и ке имаш резултати со лесно почни си и мери се секоја сабота со нас
@PUPICA немој само благо да принесуваш И јас почнав после нова година, ама ја утнав работата, па сега „втора мајка” терам . Тука сме секој во сопствена режија, секој ден на рапорт што сме јаделе, а во сабота колективно мерење. Кој греши, го караме
Идам и јас со стапот Фала на @Ariel што ме предомисли Пмс на најјако. Јадев пица, две кафиња со шеќер, телешки стек и чоколадо Од утре, ќе пробам без шеќер
Добредојде на старо -новите другарки Ја како најклета ке тепам @malerozna дај го стапот Почнувајте и бидите дисциплинирани ене ја сабота кај е ке ве казне вагата Ден бр 25 Денес ке пробам да изтушкам овошен ден За почеток ке одам п-1,банана 2 мандарини ке ручам салата некоја а после некоја јатка ке морам да земам со суво овошје за да не лаам вечер Ај да видам денес кој како ке изтера ден да се пријават овие новите
Баш убаво друштво се собрало тука. Примате нови? Има некој на УН да се дружиме? Од она што прочитав секоја сабота се мерите. Ја мислам на крај на месец да се мерам, неколку пати кога ја почнував стасував до 15 ден и некако се демотивирав ко се мерев. Сега вака планирам да терам. Уплав имам од вагата. Втор ден, скробен. Од сабајле 2 јаболки. Сега ќе пијам еден шол чај. Ручек: грашок+салата (домати). Вечера малку од ручекот или само салата.
ја терам слично на ун појадок овошје ручек вечера исто не мешам протеин со јх усрвари јх не внесувам ич само протеини и скроб и овошен
Е па ај јас у сабота ќе се мерам за старт и у понеделник да почнам Ах туго...али мора да почнам. Значи ако се направам на удрена, повикајте ме на рапорт у понеделник !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! да ми делувате ем супортативно ем како учителки
Ден 6 Појадок: цеден лимон, ѓумбир и цитрон Ручек :интегрални шпагети со хопла и сланина плус салата Вечера : само салата Ден 7 Појадок : цеден лимон и цитрон Грчки јогурт со шумско овошје и мед Ручек: овошје Вечера : овошје ( и имав многу нервозен ден плус ПМС. Каснав една коцка колку нокт сирење.И баунти вегански што ги правев(со кокос, кокос крема, прелиени со чоколадо со стевија) Не знам киксот колку се рачуна, ама во друго време ќе си апнев пица ...може и добро пројдов. Ден 8 Појадок: грчки јогурт со банана Ручек :шопска салата Вечера: шопска со урда
Ден 20ти мислам П: јаболка со чиа и макијато Р: пола бурито во план беше цело но немав апетит Ужинка се планира детокс смути а вечера салата најверојатно Утре ја завршувам 3тата недела се мерам па планирам една недела да бидам детокс главно на сирови работи ако издржам секако.
Ден 13, обид број два. П: суви сливи и чиа Р: пченка, 2 јаболка В: затворена пица Баксуз ден ова 13-ти затоа вака се разјадов Шала на страна, синко ќе прави затворена пица, не би ја скокнала. И што ќе се залажувам дека ќе изедам пола, кога знам дека нема да биде така
Ден 16: Д: 2 оризови галети со путер од кикири и малку мед; Р: стек со пире; У: круша; За вечера планирам мал тост од интегрален леб со путер и фета. Се спремам за пешачење, па и зумба ќе извежбам вечер ако имам сила.
Ја денес демек овошен терам уствари терам само многу јаткасти изедив над 150 гр другото е 2 банани 1 јаболка и 2 мандарини