За некое чудо лесно го поминав овој овошен ден добро е имам кондиција У сабота вагата на сите ке ни ебе мамата Како ке ни даде црвен картон
До ѕвездите ќе да е.. Макар ја убоо денеска се држам.Иако знам навечер да е зезнам. Д: 1 јаболко и кафе У:маало прче пита со тиква олку да издржам до ручек Р:1 парче тонус печурки и свинско В: планирам салата само
Ден 9 Појадок, вода и јаболко. Ручек, од вчерашниот компир што не успеав ни една цела порција да изедам на двапати. Вечера, пак ќе ја дадам на комшиите, валда јас јаболко ќе јадам. Се полесно и полесно се осеќам. Сабајле на -8 бев, значи околу четири килца од ко почнав да пазам повеќе. Пуцам на двоцифрена бројка до понеделник сабајле Наредната недела ќе пробам турбо, месо и салати само, плус јогурт за ужина. И конечно ќе се стопли малку да почнам да се движам П.с уште ни појадок немам јадено, јас цел ден го испланирав што ќе јадам
Ајде жени, да не попуштаме. Јас имав криза неколку дена, ама мислам дека ја надминав. Имам една кожна јакна, многу ја сакам, ама треба уште барем 5 кг да ослабам за да ме собере. Вчера ја облеков и кога видов како пука на мене и дека не можам да ја закопчам, се мотивирав да продолжам со слабеењето. Доаѓа пролет, сакам да ја носам во април. Сакам да ослабам за да можам без никаков проблем да си наоѓам гардероба што ми се допаѓа и да ја носам без да морам да кријам некој дел од телото. Сакам да се движам повеќе за да немам болки во грбот и да не се задишувам кога ќе се качам до втор спрат. И сакам да јадам поздрава храна, затоа што навистина е важно за здравјето. Последново мислам дека веќе ми премина во навика. И кога ми се јаде благо, не ми се јаде чоколадо како порано, туку мед со ореви. Голема промена е ова.
Ден бр 31 мислам п-1банана р-гравче тавче в-или исто од ручекот или ништо Исто помина кризата се вратив у колосек уште посилна сега со 3 овошни во една недела Таман ке почнат постите нареден месец додека ги изтерам и нив ке дојде април на крај Сега планирам вториот месец да дојдам до -10 Тоа е 3.5кг да изгубам во цел месец мислам ке успеам
Ден 23: П: 2 протеински палачинки (јајце, банана и мелени овесни) со 2 лашички домашна нутела (лешници, урми и какао); Р:ќофте со салата; У:некое овошје, јаболко или кива; В: марула салата.
Во процесор/сецко се блендираат лешниците, јас имам овде ставено 100 грама печени несолени, дури да се направи како паста, па се додаваат неколку урми, 4-5 ставам јас, и една лажичка какао. Може и повеќе какао за потемно да е ама мене ми горчи, а не сакам плус засладувач. Се додава малку вода во блендирањето ако е многу сува смесата ама сепак да е густо. Мене ми е многу вкусно повеќе на лешник е вкусот, само по малку ставам и останатото 2-3 дена во фриждер нема гајле. Гледам го прават и со кокосов шеќер, и тој бил здрав ама немам пробано.
Денес мене криза ме фаќа. Доручек: 1 банана Ручек домашно гиро(само месо и краставичка ама сепак лепињата В ќе се обидам само салата Прв пат ме фати и криза за благо.Ама прв ден од циклус и ваљда организмот си бара. Лапнав 1 лажиче еурокрем.
Да ве прашам нешто, околу 7 месеци бев на рестрикции во исхраната, благо, шеќери ич, леб на минимум скроз и строго интегрален. Секој ден бројам калории и во тој период секогаш бев во дефицит и ослабнав, сега имам едвај 50. Но, веќе ми се враќа апетитот и желбата за благо, и почнав да бидам во суфицит околу 200 калории повеќе од потребното, дали тоа стриктно значи дека килограмите ќе се вратат
Ако си во суфицит, ќе качуваш, ама прашање е колку се прецизни тие пресметки. Како и да е, не се враќаат одеднаш, туку постепено. Не се замарај веќе со броење, опушти се, ти веќе битката си ја добила. АМА, ако видиш дека качуваш, најдобро е веднаш да реагираш со кратка рестрикција. Јас така згрешив, ослабев и после постепено качував по 1-2 кг годишно, ама за 5-6 години се собраа +10 кг. А да водев сметка редовно штом качам 1-2 кг, веднаш да ги спуштам, немаше сега да се замарам. @mareane држи се, види што убаво ти тргна. И батали еурокрем, иако едно лажиче ништо не е. Банана или мед со некоја јатка се подобар избор (последново има и други придобивки )
Хихи и ја помислив да се опуштам, да баталам ова со калорииве, ама се ќе отиде у офсајд страв ми е да се опуштам
Ден 20, обид број два. П: суви сливи, чиа, ленено, бадеми Р: Јаболко В: спанаќ со ориз, кисело млеко, месо. Вечер да повежбам барем малку, нешто почна мрза да ме фаќа. Среќа барем 15 минути морам да се истегнам, за да не ме боли грбот.
Hello girls❤ Здравје боже утре старт 1 ден Пола лимон вода банана кафе П.овесна каша малку мед и ореви У.јаболко Р.леќа салата 1 тонус В.сок цвекло морков лимон
Хај Вчера и мене ме фати криза за јадење, ама тоа е повеќе дека нема што да правиме. Од досада. Ама издржав. Па се на почеток ли ќе се враќам,како не. Доручек завршен. Омлет од 2 јајца со печурки, 2 листа димен лосос, парче 'ржан леб и домат. Ужина. Овошје Ручек се мислам да правам ориз со спанаќ и да го јадам со јајце варено или јогурт што знам Или пак пилешко да направам, ама пилешкото некако ич не ми се јаде. Гледам ручекот секогаш повеќе да доминира протеин, денес може отстапка да има. Ќе се размислам до после. Убав ден.
Ден 10 Појадок, јаболко. Ручек, динстано месо. Вечера, ќе го дојадам месото, ако ми остане де. Како сум се зезнуела со компирот. Абе за мене само протеини. Сабајле 1 кило плус. Се изнервирав. Утре ќе си сварам јајца и кромид со вегета. Нека ме пратат дома ако сакаат Колегата донесе куп колачиња. Лиги ми течат, ама не попуштам Ќе пијам вода
Ден 29.. П: овесна каша со јагоди и путер од кикиритки У: бадеми Р: рижото од басмати ориз со златна мешавина В: стандард салата ќе биде Туку нешто вагата ме зафркава у последно време. За повеќе од недела време немам ни кило симнато, ама ајде си се тешам барем оди надолу по некое грамче.